Сергеј Прокудин-Горски
Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский; 30 август 1863 – 27 септември 1944, Париз) — руски фотограф и хемичар кој го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е на имотот Фуникова Гора во Владимирската губернија, Русија, а по звање бил хемичар.[1] Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.
Сергеј Прокудин-Горски | |
---|---|
Сергеј Прокудин-Горски во 1912 г. | |
Роден(а) | 30 август 1863 Фуникова Гора, Владимирска губернија, Русија |
Починал(а) | септември 27, 1944 Париз, Франција | (возр. 81)
Националност | Русин |
Познат(а) по | почетоци на фотографијата во боја |
Техника
уредиСвоите првобитни истражувања резултирале со патентирани сликореди и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската Империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.
Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание.
Прокудин-Горски успешно развивал хартиени слики во боја од овој филм, но процедурата била бавна и комплицирана. Дури со доаѓањето на дигиталнитата обработка на слики овие три можеле да се комбинираат во една слика.
Фотографија
уредиПрокудин-Горски имал посебен вагон опремен како темна комора, обезбеден од цар Николај II, како и две дозволи за пристап во ограничени зони и соработка на бирократите. Со ова, тој ја документирал Руската Империја од 1909 до 1915 год. Одржал и многу илустирани предавања за неговите дела. Се иселил од Русија во 1918, по Октовриската револуција и по некое време конечно се преселил во Париз, каде починал во 1944.
Неговите фотографии се живопис на еден изгубен свет - Руската Империја во предвечерјето на Првата светска војна и потоа, Руската револуција. Тие се тематски разновидни - од средновековни цркви и манастири на стара Русија, железнички пруги и фабрики, па сè до секојдневниот живот и работа на шареноликото население во земјата.
Прокудин-Горски ја напуштил Русија во 1918, одејќи најпрвин во Норвешка и Англија пред на крај да се пресели во Франција. Тогаш веќе царството е заменето со комунизам, а царот и неговото семејство убиени. Овие уникатни слики на Русија пред револуцијата зачувани на стаклени негативи биле купен од Библиотеката на Конгресот на САД во 1948 од неговите потомци.[1]
Во 2001, Библиотеката на Конгресот започнала изложба, The Empire that was Russia („Империјата која беше Русија“). За оваа изложба стаклените негативи биле скенирани и од нив дигитално биле направени слики во боја д скенираните црвени, зелени и сини монохромни слики, со помош на т.н. дигихроматографија, изум на Валтер Франкхаусер.
Во 2004 г. библиотеката склучила договор со Blaise Agüera y Arcas за изработка на автоматизирани повеќеделни слики од 1.902 негативи од дигитални слики со висока резолуција на стаклени негативи. Целосен опис на процесот и врски со такви содржини можат да се најдат на Библиотека на Конгресот.[2][3]
Галерија
уреди-
Бухарскиот емир Алим Кан во 1911 г.
-
Внатрешност на Вознесенската катедрала, Смоленск
-
Внатрешност на фабрика со електрогенератор
-
Текстилна фабрика, Ташкент
-
Катедрала Св. Никола, Можајск
-
Бранар на Черниговата брана
-
Ветерници, Сибир
-
Текстилен трговец, Самарканд
-
Поглед на Тобољск од црковна камбана
-
Поглед на Тбилиси
-
Еврејски деца со нивниот учител, Самарканд
-
Поглед на Лугано, Швајцарија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Фотограф на царот: Сергеј Михајлович Прокудин-Горски Библиотека на Конгресот. Пристапено на 13 август 2006
- ↑ Софтверска реконструкција на фотографијата во боја на Прокудин-Горсски Blaise Agüera y Arcas. Пристапено на 13 август 2006.
- ↑ За збирката Прокудин-Горски Пристапено на 13 август 2006.
Надворешни врски
уреди„Сергеј Прокудин-Горски“ на Ризницата ? |
- 100 фотографии со белешки Архивирано на 18 април 2010 г.
- Профил на збирката во Библиотеката на Конгресот
- Изложба на Библиотеката на Конгресот, The Empire that was Russia („Империјата која беше Русија“) (избор)
- Страница за пребарување со пристап кон сите слики на Прокудин-Горски при Библиотеката на Конгресот
- Слики од Прокудин-Горски при Библиотеката на Конгресот, англиско-руски проект Meeting of Frontiers
- Руска страница со многу врски за Прокудин-Горски
- Руска податотека на сите фотографии на Прокудин-Горски, вклучувајќи ги и сѐ уште нереставрираните Архивирано на 14 декември 2005 г.
- Приватен проект Прокудин-Горски од Френк Делерт
- Уште една приватно составена галерија на делата на Прокудин-Горски Архивирано на 11 јануари 2006 г.
- Прокудин-Горскиевите слики на Толстој - на мрежното место на Толстоевите студии при Торонтскиот Универзитет Архивирано на 6 февруари 2005 г.
- Он-лајн изложба на Шечтл-Восечелскиот фотографски музеј
- Прокудин-Горски: 1910 vs 2003. Споредба на некои места Архивирано на 20 февруари 2008 г.