Сали Мугабе
Сали Франческа Хајфрон Мугабе (на анг. Sally Francesca (Hayfron) Mugabe), исто така позната и како Сали Мугабе, е првата сопруга на Роберт Мугабе (претседателот на Зимбабве) и е прва дама на Зимбабве од 1980, па сè до својата смрт во 1992 година. Во Зимбабве таа е позната како „Амаи“ (мајка).
Ран живот
уредиРодена е во Гана во 1932; Сали и нејзината близначка Естир се одгледани во политичко семејство кое било дел од растечкото националослободително движење во колонијална Гана.
Сали Мугабе станува учителка, која за првпат се изјаснува како независен политички активист во 1962, кога ги поттикнува и организира африканките да се спротивстават на Уставот на Јужна Родезија, составен од страна на Јан Смит, поради што е обвинета и осудена на 5 години затвор.
Семејство
уредиХајфрон се омажува за Роберт Мугабе во април, 1961 година во Хараре (тогаш нарекуван Солзбери). Во 1967, Сали емигрира во Лондон, каде ги поминува останатите 8 години, застапувајќи се за ослободувањето на политичките затвореници во Јужна Родезија (во кои припаѓа и нејзиниот сопруг, кој бил уапсен во 1964 и затворен за 10 години). Нивниот единствен син, Нхамодзеника, роден во 1963 за време на периодот на заточеништво, заболел од маларија и умира во Гана во 1966. Мугабе е спречен да присуствува на погребот на својот син, така што Сали е принудена сама да ги поднесе физичко-емоционалните тегоби од оваа загуба.
По излегувањето на Мугабе од затвор во 1975 и неговото бегство во Мозамбик заедно со Едгар Текере (неговиот соработник-револуционер и најдобар пријател), се засилува граѓанската војна. Сали Мугабе успева да се сретне со својот сопруг во Мапуто (главниот град на Мозамбик), каде ја презема улогата на мајка за илјадници прогонети Зимбабвејци револуционери, кои бегале од родезиското правно потчинеништво. Нејзините напори од овој период и го донесуваат називот Amai (мајка).
Крај на политичката кариера
уредиВо 1978 е избрана на заменик-претседател на Лигата на жените при ZANU-PF. Во 1980 таа морала да се приспособи кон делото на првиот премиер на земјата од африканско потекло. Избрана е за генерален секретар на Лигата на жените при ZANU-PF на партиски конгрес одржан во 1989.
Таа исто така е основач на Зимбабвеанското движење за закрепнување на децата. Сали Мугабе го основа Здружението на зимбабвеанските жени во Британија во 1986 година и ја поддржува организацијата Akina Mama wa Africa со седиште во Лондон, која се занимава со женските прашања во Африка и Обединетото Кралство.
Смрт
уредиСали умира на 27 јануари, 1992 од бубрежно заболување. Погребана е на Државните гробишта на хероите во Хараре. Во 2002, по повод обележувањето на десетгодишнината од нејзината смрт, во Зимбабве се отпечатени 4 поштенски марки со нејзиниот лик.