Цапарско Поле (во минатото познато како Ѓаваткол) — мал висорамнински предел во Македонија, западно од Битола, во горниот тек на реката Шемница. Од југ е заградено со Баба Планина со врвот Пелистер (2601 м), а од североисток со Бел Камен (1431 м) од запад со планината Бигла, со превојот Ѓавато (1167 м) од каде западно се префрла на соседната Преспанска Котлина со Преспанското Езеро и градот Ресен. Интересно е да се наведе дека преку превојот Ѓавато и Цапарско поле поминувал римскиот пат Вија Егнација.

Села

уреди

Во Цапарско Поле има 13 села, меѓу кои најголеми се Цапари и Ѓавато.[1]

Другите села се: Ротино, Српци, Рамна, Лера, Свиниште, Стрежево, Метимир, Гопеш, Доленци, Кажани и Маловиште.

Од етнички аспект во областа живеат Македонци, Албанци и Власи.

Демографија на Цапарско Поле

уреди

На табелата е прикажан бројот на население во селата во Цапарско Поле низ сите пописни години:[2]

населено место 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
1. Гопеш 243 214 97 98 / 3 /
2. Доленци 428 433 434 482 466 281 265
3. Ѓавато 1 554 1 502 1 116 829 523 162 122
4. Кажани 138 178 134 180 165 104 75
5. Лера 442 485 395 378 444 153 122
6. Маловиште 504 446 334 309 257 121 98
7. Метимир 184 194 143 128 87 14 10
8. Рамна 310 325 299 285 256 86 61
9. Ротино 575 598 573 566 513 193 113
10. Свиниште 235 235 218 164 139 / /
11. Стрежево 366 361 356 263 366 / /
12. Српци 634 650 548 497 547 111 65
13. Цапари 1 807 1 809 1 618 1 468 1 871 565 493
ВКУПНО 7.420 7.430 6.275 5.647 5.634 1.793 1.424

Највисоката бројка на население областа го имала во 1953 година, по што следуваат масовни миграции во Битола, но и во прекуокеанските земји, а најмногу во Австралија, за во 2002 година да брои само 1.424 жители или 80,8 % помалку во споредба со 1953 година.

Наводи

уреди
  1. Годишен зборник на Земјоделско-шумарскиот факултет на Университетот-Скопје: Земјоделство; Земјоделско-шумарски факултет - 1954
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..