Роландо Мандрагора

Роландо Мандрагора (р. на 29 јуни 1997 година) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Удинезе и на италијанската репрезентација.

Роландо Мандрагора
Лични податоци
Роден на 29 јуни 1997(1997-06-29)(27 г.)
Роден во Неапол, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 38
Младинска кариера
Џенова Џенова
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2015 Џенова Џенова 5 (0)
2015-2016Пескара Пескара 26 (0)
2016-2018 Јувентус Јувентус 1 (0)
2017-2018Кротоне Кротоне 36 (2)
2018– Удинезе Удинезе 22 (1)
Репрезентација
2013-2014 Италија Италија 17 4 (0)
2014 Италија Италија 18 1 (0)
2014-2015 Италија Италија 19 10 (1)
2017 Италија Италија 20 7 (0)
2015- Италија Италија 21 21 (0)
2018- Италија Италија 1 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Флексибилен играч од средниот ред кому природна му е левата нога, физички цврст и има добра техника, игра главно пред одбраната.

Клупска кариера

уреди

Мандрагора израснал играјќи за младинскиот тим на Џенова, а своето деби за првиот тим во Серија А го направил на 29 октомври 2014 година, на возраст од 17 години и 4 месеци, во натпреварот Џенова-Јувентус (1-0) во кои добил шанса од тренерот Гасперини да започне како стартер.[1] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со пет настапи во лигата.

На 24 јули 2015 година официјално се преселил во Пескара во Серија Б, на позајмица со право на откуп и можен контра свој во корист на грифоните. Дебитирал во Серија Б, на 11 септември 2015, во натпреварот Пескара - Перуџа (2-1) на Стадионот Адриатико. На 19 јануари 2016 година, официјално Јувентус го купил Мандрагора за 6 милиони €, но играчот останал во Пескара до крајот на сезоната.[2] На 30 април се здобил со фрактура на метатарзална коска во десната нога во првенствениот натпревар против Виртус Ентела,[3] поради што морал предвреме да ја заврши сезоната со 26 настапи во лигата и еден во купот.

На почетокот на следната сезона Мандрагора му се приклучил на Јувентус, но поради повредата од претходната сезона бил опериран во август а прогнозите најавувале 3 до 4 месеци пауза. Тој се вратил на тренинзите во јануари, а своето деби за Јувентус го направил на 23 април 2017 влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клаудио Маркизио во победата со 4-0 над Џенова.

На 5 август 2017, Мандрагора бил позајмен на Кротоне до крајот на сезоната 2017-2018.

Репрезентативна кариера

уреди

Дебитирал за италијанската репрезентација под 21 година на 12 август 2015 година, на возраст од 18 години, во пријателскиот натпревар Унгарија-Италија (0-0), одигран во Телки.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 13 јули 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015   Џенова А 5 0 КИ 0 0 - - - - - - 5 0
2015-2016   Пескара Б 26 0 КИ 1 0 - - - - - - 27 0
Вкупно во кариерата 31 0 1 0 - - - - 32 0

Титули

уреди

  Јувентус

уреди

Наводи

уреди
  1. „Genoa-Juventus 1-0: decide Antonini al 94', palo di Ogbonna“. gazzetta.it. 29 октомври 2014. Посетено на 19 јануари 2016.
  2. „Mandragora è bianconero“. juventus.com. 19 јануари 2016. Посетено на 19 јануари 2016.
  3. „Juventus: stagione finita per Mandragora“. Tuttosport.com. 19 јануари 2016. Посетено на 2 мај 2016.

Надворешни врски

уреди