Роже Кајоа
Роже Каjоа (француски: Roger Caillois, роден на 3 март 1913 во Ремс - починал на 21 декември 1978 во Париз) — француски писател, социолог и литературен критичар.
Роже Каjоа | |
---|---|
Роден/а | 3 март 1913 Ремс, Франција |
Починат/а | 21 декември 1978 Париз, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Биографија
уредиРоже Каjоа е роден на 3 март 1913 во Ремс, Франција. Завршил средно образование во Ремс, каде што живеел на ул. „Енкмар“ бр. 75 - токму спроти куќата на Роже Жилберто Локонт, поет-авангардист и писател. Тој се поврзал со авторите на списанието „Големата игра“ и ги дал за печатење своите први литературни текстови на Роже Жилберто и Рене Домал.
Во периодот помеѓу 1929 и 1933 година студирал во Париз. Во Париз учествувал во активностите на надреалистите и се зближил со Андре Бретон, Салвадор Дали, Пол Елијар, Макс Ернст итн.
Во 1935 година испратил отворено писмо до Андре Бретон и раскинал со кругот на надреалистите, за да се поврзе со поранешни надреалистите како Луј Арагон. Во тоа време започнало да се издава списанието „Инквизиција“. Списанието имало за цел да ги истражува научно и сериозно човечките феномени под знакот на нов рационализам, инспириран од Гастон Башлар.
Во 1938 година заедно со Жорж Батај и Мишел Лејрис ја создале литературната група „Колеџ по социологија“. Во истата година се запознал со Викторија Окампо - писателка, издателка и меценат која го поканила во својот дом во Аргентина. Таму живеел за време на Втората светска војна, раководејќи со Францускиот културен институт во Буенос Аирес. Освен тоа, во Аргентина започнал да го издава списанието „Les Lettres françaises“.
По крајот на војната, Кајоа се вратил во Франција, каде станал раководител на колекцијата „Јужен крст“ во издавачката куќа „Галимар“, посветен на литературата од Јужна Америка. Освен тоа, тој ги преведувал расказите на Хорхе Луис Борхес. Во истата колекција биле објавени и делата на Пабло Неруда и Мигел Анхел Астуријас.
Од 1948 година Роже Каjоа бил избран за висок функционер на УНЕСКО, каде раководел со одделот за литература, а подоцна со одделот за културен развој. Во 1952 година го организирал издавањето на меѓународното филозофско списание „Диоген“. Клод Леви-Строс исто така работел за УНЕСКО и кога во 1955 година ја издал својата монографија „Трка и историја“, Кајоа се изразил критично кон делото, а Леви-Строс му реплицирал. Во 1971 година Кајоа бил избран во Француската академија и кога две години подоцна во академијата бил избран и Леви-Строс, двајцата повторно ги потенцирале своите разлики.
Роже Каjоа починал на 21 декември 1978 во Париз) и бил погребан на гробиштата на Монпарнас, Париз. Во 1991 година на негово име е воспоставена награда за литература[1].
Дела
уреди- 1938: Le Mythe et l'Homme
- 1939: L'Homme et le Sacré
- 1942: Puissances du roman
- 1948: Babel, orgueil, confusion et ruine de la littérature
- 1950: Description du marxisme
- 1951: Quatre Essais de sociologie contemporaine
- 1956: L'Incertitude qui vient des rêves
- 1957: Les Jeux et les Hommes
- 1960: Méduse et Cie
- 1961: Ponce Pilate, (récit)
- 1962: Esthétique généralisée
- 1966: Pierres
- 1970: L'Écriture des pierres
- 1973: La Dissymétrie
- 1973: La Pieuvre : essai sur la logique de l'imaginaire
- 1979: Approches de l'imaginaire
- 1991: Les Démons de midi
- 2007: Images du labyrinthe
- 2009: Jorge Luis Borges
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- „Roger Caillois (1913-1978)“ (француски). Académie française. 2009. Посетено на 2009-01-08.