Ретороманци

народност

Ретороманци — романски народ во Швајцарија којшто го населува кантонот Граубинден и етничка заедница којашто се одликува со употребата на ретороманскиот јазик.

Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2021 година.
  германски
(65,6% од населението; 73,3% од Швајцарците)
  француски
(22,8% од населението; 23,4% од Швајцарците)
  италијански
(8,4% од населението; 6,1% од Швајцарците)
  реторомански
(0,6% од населението; 0,7% од Швајцарците)

Подрачјето коешто го населува оваа етничка заедница е познато како Ретороманска Швајцарија (реторомански: Rumantschia).

Распространетост и историја

уреди

Ретороманска Швајцарија ја сочинуваат околу 0,48% од вкупното население на земјата, односно 33.991 лице (сос. 2013).[1] Во 1982 година, бројот на ова население изнесувал 0,8% или околу 51.000 лица.[2] Од кантоните, ретороманскиот заедно со германскиот и италијанскиот јазик е службен единствено во Граубинден. Меѓутоа, јазикот, и покрај мерките за негово зачувување, се заменува со зголемената употреба на германскиот.[3]

Големината и соодносот на ретороманската заедница се утврдени со резултатите од последниот попис во Швајцарија. Кон ретороманската јазична заедница согласно граѓанското право се вклучени сите лица кои на прашањето за јазична припадност најмалку еднаш го навеле ретороманскиот јазик.[4]

Мерки за зачувување

уреди

Со јазичниот закон на кантонот Граубинден од 19 октомври 2006 година е направен обид да се зајакне тријазичноста како суштинско обележје на кантонот и опаѓањето на употребата на ретороманскиот да се спречи. Законот утврдува една општина како еднојазична кога најмалку 40% од населението се поистоветува со традиционалната јазична група. Еднојазичните општини мораат традиционалниот јазик да го користат како единствен јазик во училиштата, на јавните натписи и за општење во установите. Општините со сооднос на јазичната заедница помеѓу 20% и 40% важат за двојазични и мораат исто така традиционалниот јазик да го користат во наставата. Само кога соодносот на населението на јазичната група ќе падне под 10%, општината не е повеќе обврзана да го користи јазикот во наставата и во јавната интеракција.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bundesamt für Statistik der Schweizerischen Eidgenossenschaft (Hrsg.): Wohnbevölkerung nach Hauptsprachen. S. 23; 29.
  2. Werner Catrina: Die Rätoromanen zwischen Resignation und Aufbruch. Orell Füssli-Verlag. Zürich. 1983. S. 11.
  3. Bundesamt für Statistik der Schweizerischen Eidgenossenschaft (Hrsg.): Die aktuelle Lage des Romanischen. PDF.
  4. Der Grosse Rat des Kantons Graubünden (Hrsg.): Sprachengesetz des Kantons Graubünden (SpG; 2006). Art. 16.4 / S. 5 f.
  5. Der Grosse Rat des Kantons Graubünden (Hrsg.): Sprachengesetz des Kantons Graubünden (SpG; 2006), Art. 16–20 / S. 5 f.