Чешма (Расино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чешма

Карта

Местоположба 41°11′45″N 20°51′32″E / 41.19583° СГШ; 20.85889° ИГД / 41.19583; 20.85889
Основни податоци
Место Расино
Општина Охрид
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Чешмаархеолошко наоѓалиште во охридското село Расино. Претставува населба од средниот век.

На околу 1 км јужно од селото, на десната страна од Расинска Река, во нивата на Мице Стојанов со земјоделските работи биле откриени темели од ѕидови градени од камен, тули и варов малтер. Денес по површината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди. Во непосредната близина на овој простор, во нивата на Стојан Јакимоски биле откопани питоси.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 275. ISBN 9989-649-28-6.