Википедија:Почетен курс (Форматирање)
(Пренасочено од Википедија:Почетен курс (Обликување на статиите))
Почетен курс | Уредување | Форматирање | Викиврски | Википроекти | Надворешни врски | Разговорни страници | Не заборавајте | Зачленување | Заклучок |
Задебелени и закосени букви
уреди- Задебелeни букви - задебелениот фонт (болд) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу шест симбола за апостроф (три од едната и три од другата страна на текстот),
'''еве вака'''
.
- Закосени букви - закосениот фонт (италик) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу четири симбола за апостроф (два од едната и два од другата страна на текстот),
''еве вака''
.
Што внесувате | Што добивате |
''закосено'' | закосено |
'''задебелено''' |
задебелено |
'''''закосено и задебелено''''' |
закосено и задебелено |
Преку алатникот
уредиПолесна варијанта е да го обележите (селектирате) текстот којшто сакате да го задебелите/закосите и да стиснете на за задебелување или на за закосување.
Каде да користите задебелен и закосен текст
уреди- Статиите секогаш почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:
- Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масено-енергетска еквиваленција, E = mc2...
- Со закосени букви се обележуваат зборови кои не се напишани на македонски јазик. Исто така се користи кога некој збор или фраза треба јасно да се истакне за да се разликува:
- ...во истата година филмот „Однесено со виорот“ (англиски: Gone With The Wind) бил номиниран за Оскар...
- ...автоматската работа на срцето е способноста тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам.
Разделување на текстот во пасуси (како на пример, овој пасус!)
уредиПосебните пасуси се добар начин да се подобри организацијата на една статија. Ако здогледате содржина на две различни теми во една статија (на пример, текст кој ја опишува географијата и текст кој ја опишува историјата на некое место), можете да ги разделите преку пасуси.
- Насловите на пасусите се добиваат со вметнување на
==саканиот наслов==
меѓу два симбола за еднаквост (два од едната и два од другата страна), но симболите мора да бидат на почетокот на редот. - Соодветните поднаслови се добиваат со
===три===
или====четири====
симбола за еднаквост.
Што внесувате | Што добивате |
== Наслов == |
Насловуреди |
=== Поднаслов === |
Поднасловуреди |
==== Поднаслов на поднасловот ==== |
Поднаслов на поднасловотуреди |
Испробајте го форматирањето во песокот!
Следнo: Додавање на врски до други страници →