Добре дојде!

Здраво, Johan1298, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

guitardemon666 муабет guitardemon666

Здраво

уреди

Би Ве замолил нешто: Користете ИСКЛУЧИВО кирилична поддршка за страниците кои ги пишувате, во спротивно не може да се индексираат зборовите во статијата при кирилично пребарување. И уште една работа, дали сте Македонец? (доколку не ви пречи прашањето) Прашувам бидејќи по пишувањето ми наликувате на човек од странство.   guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Пак јас :)

уреди

Вака: не знам дали имате уредувано на друга Википедија, веројатно имате искуство штом се разбирате од вики-синтакса... меѓутоа секогаш практикувајте да ги категоризирате статиите кои што ги создавате, да ги додавате меѓујазичните врски (од англиската википедија можете да ги копирате), и да додавате тагови за никулец... доста е за денес :)

no no, not нуклиец... but НИКУЛЕЦ... that means STUB :) mark it as a stub so that it can be seen that the article is incomplete.
остана само уште да додавате категории на статиите :) пример Јуничиро Коизуми треба да има категорија Јапонски политичари... доколку не ви е јасно како се додаваат категории, слободно прашајте ме.

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

никулец

уреди

well, if itprovides only some basic info, then it's a stub... otherwise, it shouldn't be a stub, but that's pretty much to you, if u want to name it a stub... so if it's kinda shortish, then add the {{никулец}}

Интервики (меѓујазични врски)

уреди

Не заборавај да поставуваш интервики врски на англиската Википедија за статиите кои постојат на македонската. Исто така, на македонската поставувај интервики врски за соодветната статија на англиското Вики. Boyan

Голема буква

уреди

Месеците и присвојните придавки не се пишуваат со голема буква... на пример: 8 јануари, не 8 Јануар (првиот линк постои, вториот не) и исто така јапонска сопруга, не Јапонска сопруга... тие се пишуваат со мала буква... и уште нешто, пример Џуничироо Коизуми спаѓа во категорија јапонски политичари, која што спаѓа во категорија Јапонци, така што нема потреба статијата Коизуми да се става во категорија Јапонци, кога јапонски политичари е поткатегорија на Јапонци... ок? :) супер статии иначе

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Празни статии

уреди

Имаме некое правило дека празните статии се бришат... Видов имавте направено статија за Пекинг, која беше само две слики и без текст... таква е статијата за цунами... супер е сликата што сте ја направиле, но не е целта да имаме празна статија. затоа, ве молам потрудете се да внесете некаков текст за да не биде избришана таа статија.

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Туку што внесив текст...извинете ако ве вознемирив--Johan1298 13:15, 29 декември 2006 (UTC)

Таман работа ако е за вознемирвање или извинвање :) нема проблем, мило ми е да работам со благодарни корисници (за промена... )

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Приод кон уредувањето

уреди

Тоа, се разбира, сосема зависи од тебе, но за навистина да ти помогнам, ќе го кажам следново. Кај администрацијата постои тенденција кон ставот дека сепак треба да се држиме што повеќе до квалитет, а да не се распуштаме со кванитет. Ова има добри причини и јас се согласувам. Лично како уредник можам истото да го препорачам, бидејќи јас речиси никогаш не пишувам нецелосни статии (никулците означуваат дека англиската е исто никулец).

Спак, изборот е твој, бидејќи важно е да направедуваме и на бројчен план - така што мора да има и некој што ќе го турка тој аспект од енциклопедијава. Но не би бил презадоволен доколку видам премногу такви корисници. Значи, одговорот е: предлагам да се концентрираш на квалитет :) Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 06:58, 16 јануари 2007 (UTC)

За статиите поврзани со планетите и друго

уреди

Ej, здраво... видов дека си ми одговорил за Венера, ама мислам дека не ме разбра добро. Не смееме да превземаме текстови од други сајтови без нивна дозвола. Тоа што ќе се стави надворешен линк со копирајт знакче, не ги менува премногу работите - од нивен аспект, ние им ја крадеме содржината: наместо луѓето да одат на нивниот сајт да ги прочитаат тие текстови за планетите, одат на мк.вики и ги читаат истите текстови. Во ред, се сложувам дека знаењето треба да се споделува (всушност затоа и сум на Википедија), но не можеме да го наметнеме тоа на други, освен ако тие самите не ни дозволат. Затоа, се надевам дека за текстовите за планетите имаш писмена дозвола за користење од тој сајт, во спротивно, за жал, ќе морам да ги избришам. --FlavrSavr 08:27, 17 јануари 2007 (UTC)

Што се однесува до другите статии што ги пишуваш, морам да кажам, дека дефинитивно си корисник на месецот.. што и тоа да ти значи, и како и да го сфатиш. :) Ми се допаѓа што пишуваш на повеќе теми, и мислам дека имаш добар осет за тоа како треба да изгледа, и што треба да содржи една енциклопедија. Инаку јас сум поборник на фактот дека и никулците се статии (освен ако не се навистина прекратки) - не мора статијата да биде две страници долга за да биде статија, еден-два пасуса исто така се добар почеток. За определено време, тие еден-два пасуса ќе даваат некаква информација за определен поим, што е подобро од никаква. Понатаму, на тие еден-два пасуса некој ќе допише текст, итн, итн... Секако, секогаш е добро да се има што поголема и содржајна статија, но тоа не е морално... Всушност, мислам дека и Бојан тоа убаво ти го објасни! :-) Поздрав и само продолжи така! --FlavrSavr 08:27, 17 јануари 2007 (UTC)

Не знам дали добро си сфатил, па да се осигурам... :) Текстови од другите Википедии секако дека може да се преведуваат: тие се издадени под лиценцата ГЛСД која осигурува дека ќе останат во јавен домен. Значи тие немаат копирајт во класична смисла на зборот. Ако добро разбрав, ти не би сакал да ги преведуваш тие статии, туку да пишуваш оригинални македонски текстови - во ред, звучи супер! :-) Toa што јас најчесто го правам е некаков колаж од информации собрани од повеќе Википедии (од јазиците што ги разбирам). Што се однесува до планетите, да, добро е да се остават неколку реченици.. ќе го направам тоа деновиве, не ги бришам целосно. Поздрав! --FlavrSavr 19:37, 17 јануари 2007 (UTC)

Златна тегла ајвар!

уреди
 
За исклучителни придонеси на Македонската Википедија

Работата на Википедија, за повеќето од нас, а верувам и за тебе, е награда сама по себе. Сепак, фино е некогаш некој на некаков (па и малку хумористичен) начин, да ти покаже дека твојата работа тука се цени. Јас од одамна измислив една "награда" за мк.вики која се разликува од другите Википедии, а се вика "Златна тегла ајвар". Таа ти ја доделувам заради исклучителните придонеси на мк.вики, и се надевам дека ќе продолжиш со ова темпо. Поздрав! --FlavrSavr 15:04, 3 февруари 2007 (UTC)

Предог за измена на Главната страница

уреди

Те повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед на предлогот за измена на Главната страница--brest 09:43, 16 јуни 2007 (UTC)

Zravo! :)

уреди

Dear Johan, how are you? I am wondering if somebody could help me translate a version of one or two sentences of this article for the Македонски wikipedia? Happy 2008! Falla, -Anna Comnena Alexiad 03:40, 10 јануари 2008 (UTC)

Сликата

уреди

На почетокот на мојата страница за разговор пишува „На пораки што се оставени тука, најверојатно ќе одговорам тука, наместо на вашата страница за разговор“, но сепак ќе ти кажам и тука: ти одговорив кај мене. :) --iNkubusse A? 02:57, 22 јули 2008 (UTC)

Може нешто да те прашам? :) Оди на мојата страница за разговор. --iNkubusse A? 14:50, 22 јули 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата

уреди
Иницијатива
           Здраво, Johan1298!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:30, 23 јануари 2009 (UTC)

Известување

уреди

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:09, 20 февруари 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:21, 24 август 2009 (UTC)

inline referencing

уреди

Обиди се изворите да ги наведуваш во самиот текст, а на крајот од статијата постави нова секција каде само ќе вметнеш ознака <references>. За пример погледни ги последните промени во статијата - Бамја. Исто така би сакал да ти посочам да внимаваш со начинот на користење материјали од Македонската енциклопедија бидејќи копирањето на било кој начин на содржини од таму можеби се коси со законот за заштита на авторските права. Поздрав.--brest (разговор) 22:39, 14 ноември 2009 (UTC)

Унапредување

уреди

Правата на вашата корисничка сметка се унапредени на: уредник и автопрегледани корисници. Поздрав. --brest (разговор) 07:07, 14 декември 2012 (CET)Одговори

Global account

уреди

Hi Johan1298! As a Steward I'm involved in the upcoming unification of all accounts organized by the Wikimedia Foundation (see m:Single User Login finalisation announcement). By looking at your account, I realized that you don't have a global account yet. In order to secure your name, I recommend you to create such account on your own by submitting your password on Special:MergeAccount and unifying your local accounts. If you have any problems with doing that or further questions, please don't hesitate to contact me on my talk page. Cheers, DerHexer (разговор) 22:30, 16 јануари 2015 (CET)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани

уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори