Разговор со корисник:Виолетова/Архива8

Здраво, дали можеш да jа видиш оваа листа дали немам некаква грешка во правописот. Поздрави! --Стан (разговор) 09:13, 29 јуни 2009 (UTC)

Нешто поправив, ама неколку зборови не ми се јасни, помогни за превод:
  1. химикотехнологија - дали се мисли на хемиско-технолошки?
  2. хранителни технологии - во македонскиот јазик немаме ваков израз... нешто за храна?
  3. художествена академија - уметничка ли е?
  4. застраховане - не го знам зборот за да можам да го преведам...
  5. бројот 32 - Варненски - се мисли од Варна? ако е така, поарно е да стои Слободен универзитет „Черноризец Храбар“ - Варна
  6. број 5 - Шуменски универзитет - дали е земјоделски, или зборот означува дека универзитетот се наоѓа во некое место со такво име?

Поздрав -- Виолетова (разговор) 12:12, 29 јуни 2009 (UTC)

Благодарам да помошта. Еве ги одговорите на прашањата:

  1. химикотехнологија - да, но требе да со сочетае и со металургија. Може би: Универзитет за хемиски технологии и металургија — Софија?
  2. хранителни технологии - да, на англиски е University of Food Technology.
  3. художествена академија - да (художествена = art)
  4. застраховане - Insurance на англиски, мислам е "осигурување" на македонски
  5. бројот 32 - името му е точно од Варна => Варненски (исто како Софиски универзитет и Оклендски универзитет), мислам е подобро да е Варненски, така е пишуван и во "Бугарскиот културен клуб" [1]
  6. број 5 - да, од Шумен => Шуменски, исто како погоре.

Поздрав! --Стан (разговор) 19:58, 29 јуни 2009 (UTC)

Според мене, хранителни технологии би требало да биде Технологија на храната; Художествена академија треба да биде Уметничка, застраховка на македонски е осигурување... Тивериополник

Прекршуване на авторско право уреди

Здраво Виолетова. Во оваа слика [2] се прекршува аврорското право, согласно ЗАП на Република Бугариja.

  • Имаме прекршуване на авторско право согласно Законот за авротското право и сродните права на Република Бугариja
  • Има шаблон, согласно коj согласно ЗАП на САД "се верува дека" ова е дозволено, но со неколку ограничуванjа, требе да се со ниска резолуциjа, да се посочи "името на изданието" и таку натаму, но ова е согласно ЗАП на САД, не на Бугариja
  • Адмнинистраторот MacedonianBoy смета дека шаблонот за САД важи и за Бугариjа и откажува да содеjства за решаването на проблемот. Дали от неквалификуваност или од нешто друго не знам.

Молам делото со заштитени авторски права да биде избришано. --Стан (разговор) 11:40, 1 јули 2009 (UTC)

Здраво Стан, под авторско право не спаѓа дел од фотографирана статија со која се илустрира текст, што е употребено во случајов. Такви се и европските закони за авторски права, не само американските. Не знам по која основа тоа се смета за прекршок во Бугарија? --Виолетова (разговор) 11:45, 1 јули 2009 (UTC)
По основа "Закон за авторското право и сродните права". Не може просто да се преслика статија, да се скенира и да се разпространува без да се спазуват критериумите да ова. Има си точни критериуми и во овоj случаj тие не се спазени. --Стан (разговор) 11:53, 1 јули 2009 (UTC)
За тој закон и јас зборувам - дека дозволува употреба на скениран/фотографиран текст заради илустрација на нешто. Затоа ме збунува Бугарија, која треба да има европски закони не го дозволува тоа... морам да излезам во моментов, а подоцна ќе проверам точно каде е грешката... Поздрав --Виолетова (разговор) 11:58, 1 јули 2009 (UTC)
Проблемот не е во никакво прекршување, туку самата илустрација. Весникот да велеше дека бугарите се основачи на светот сликата ке седеше врамена секаде. Ама оваа ги боде во очите им. Сори Стан, ама илустрацијата е валидна.--Р ашо  12:02, 1 јули 2009 (UTC)

Недостасува - име на списанието, број, датум... од каде е ова пресликано. Инаку според Законот (кој и во Македонија е оној европскиот) слободно е јавно ставање на располагање на јавноста на авторско дело (во случајов не цел весник) заради истражување, појаснување, илустрација, полемика во обем што одговара на намената на користењето. п.с. Инаку, илустрацијата со селата ништо не докажува, бидејќи ние Македонците имаме исти топоними дури и со држави како Италија, Германија, Англија... --Виолетова (разговор) 12:47, 1 јули 2009 (UTC)

1. Законот не дозволува употреба на скениран/фотографиран текст "заради илустрација на нешто". Има си точни и jасни критериуми и во овоj случаj критериумите не се спазуват. Дали Бугариjа има "европски закони" не е битно.
2. Законот s:bg:Закон за авторското право и сродните му права - (reproduction of work) 3. (изм. - ДВ, бр. 28 от 2000 г., в сила от 05.05.2000 г., изм. - ДВ, бр. 77 от 2002 г., в сила от 01.01.2003 г.) "възпроизвеждане на произведение" е прякото или непрякото размножаване в един или повече екземпляри на произведението или на част от него, по какъвто и да е начин и под каквато и да е форма, постоянна или временна, включително запаметяването му под цифрова форма в електронен носител;
3. Во овоj случаj не се спазуват дури критериумот на САД:
3.1. Сканот не е со "мала резолуциjа": Еве што е мала резолуциjа "Дали материјалот е со пониска резолуција, со што не би се оштетиле шансите на сопственикот на авторските права да го препродава или на друг начин да профитира од делото?" Еве и пример за скан со "мала резолуциjа" [3] (This image is a reduced resolution not suitable for printing. The copyrighted text is also not readable.) и овде се однесува до насловна страна на весник, со коj скан да се илустрира самиот весник. --Стан (разговор) 12:49, 1 јули 2009 (UTC)
3.1.1. "името на изданието" (задебелено) - нема го името на изданието
3.1.2. "да се илустрира изданието или статијата или односната тема" - темата на статиjата е "Бугари"
4. Оваа слика не ги исполнува ни критериумите на САД (кое не е битно), ни на Бугариjа и требе да се избрише. --Стан (разговор) 12:49, 1 јули 2009 (UTC)

Е, да заборавив да додадам - дека е слободно за користење ако не е за комерцијални цели. Инаку Стан, убаво што го стави линкот до Законот што важи во Бугарија - отвори го делот: Глава пета. СВОБОДНО ИЗПОЛЗВАНЕ НА ПРОИЗВЕДЕНИЯ, и види ги точките 2, 3, 4, 5... - истиот закон го имаме и ние, па не ми беше тешко да го најдам делот. ;) Што се однесува до резолуцијата - споредбата со насловната страница од која ништо не се чита, а која е ставена на увид да се види како изгледа насловница, и страница од која треба да се прочита нешто - не е исто. Поздрав --Виолетова (разговор) 13:01, 1 јули 2009 (UTC)

  • не (2.) използването на цитати + при посочване на източника - използването на цитати от вече разгласени произведения на други лица при критика или обзор при посочване на източника и името на автора, освен ако това е невъзможно; цитирането трябва да съответства на обичайната практика и да е в обем, оправдан от целта;
  • не (3.) - използването на делови + при посочване на източника - използването на части от публикувани произведения или на неголям брой произведения в други произведения в обем, необходим за анализ, коментар или друг вид научно изследване; такова използване е допустимо само за научни и образователни цели при посочване на източника и името на автора, освен ако това е невъзможно;
  • не (4.) - в периодичния печат и другите средства за масово осведомяване + речи, отчети, проповеди и други + произнесени на публични събрания, както и на пледоарии, произнесени в съдебни процеси + при посочване на източника, - използването като текуща информация в периодичния печат и другите средства за масово осведомяване на речи, отчети, проповеди и други или на части от тях, произнесени на публични събрания, както и на пледоарии, произнесени в съдебни процеси, при посочване на източника и името на автора, освен ако това е невъзможно;
  • не (5.) - средствата за масово осведомяване + актуални икономически, политически или религиозни теми + при посочване на източника - (изм. - ДВ, бр. 99 от 2005 г., в сила от 10.01.2006 г.) възпроизвеждането от средствата за масово осведомяване на вече разгласени статии по актуални икономически, политически или религиозни теми, в случай че такова използване не е било изрично забранено, при посочване на източника и името на автора, освен ако това е невъзможно;

Друго? --Стан (разговор) 13:23, 1 јули 2009 (UTC)

Е тоа де, ама тргни го зборот не, бидејќи ставките што се наредени се однесуваат на горната реченица која вели: Без съгласието на носителя на авторското право и без заплащане на възнаграждение е допустимо - значи истите тие 2, 3, 4, 5 ама со да ;) --Виолетова (разговор) 13:31, 1 јули 2009 (UTC)
Задебелените се критериумите на кои не одговара, односно сканот не одговорува на критериумите за слободно користене. --Стан (разговор) 13:38, 1 јули 2009 (UTC)

Стан, грешка си, нека ти го протолкува некој Законот. Сите тие ставки се однесуваат на слободна употреба: Без согласност на носителот на авторското право и без плаќање надомест се дозволува: ... п.с. грешката на сканот е што нема посочено од кое списание е преземено... --Виолетова (разговор) 14:15, 1 јули 2009 (UTC)

Виолетова, те молам читаj добро критериумите:
(2) ова е само за "употреба на цитати" + извор - Рашо е сканирал целата творба за слободно разпространуване
(3) ова е за "използването на части от публикувани произведения" + извор истото како горе + како дел од други произведениjа и то зебелжуваj в обем, необходим за анализ - овде е целосно публикуван.
(4) "в периодичния печат и другите средства за масово осведомяване" - Википедиа не е "периодичен печат" нито е "средство за масово осведомяване" + извори + "речи"
(5) а за ова немам зборови произнесени на публични събрания, както и на пледоарии, произнесени в съдебни процеси - аjде кажи, дека оваа статиjа е читана на публични собраниjа, пледоарии или на судски процес. Целата точка е за "речи" (односно speaches) и нема врска со "статии"
Ако оваа слика се подигне на Commons одма ке биде избришана, ама во Македонската Википедиjа таа се брани, вопреки дека jавно го прекршува законот за авторското право и сродните права. Видувам дека оваа дискусиjа води на никаде, од една страна цитирам законот, од друга вие си правите слободни сочинениjа на тема "авторско право", зато предлагам, оваа слика да се подигне на Commons и администраторите на Ризницата да кажат дали требе да се брише или не. Инаку станува сложен процесот и само губиме време со очигладни нешта. --Стан (разговор) 14:42, 1 јули 2009 (UTC)

Е, добро, де Стан, кога виде дека не се разбираме, можеше само да посочиш дека скенираната статија не е само цитат, дел, туку е цела ставена... --Виолетова (разговор) 10:53, 2 јули 2009 (UTC)

Ами jас незнам кое точно не сте разбрали, затоа додадов врска кон законот, за да се види дека по ни една точка од овоj закон, сканот не може да биде слободен за користене. Се надевам дека сега неслободната слика ке се избрише. --Стан (разговор) 13:08, 3 јули 2009 (UTC)

Здраво ако може мала помош :) уреди

Здраво Виолетова, знам дека не е твое поле, но навистина ми треба помош од администратор во моментов а ти си единствена која е уклучена. :) Дали ќе можеш да ги направиш параметрите на англиски во овој шаблон Шаблон:Фудбалски дрес од англискиот еквивалент на шаблонот. Бидејќи забележав дека постои шаблон со името Фудбалски дресови видов дека имаат иста функција, но различна шаблонска структура и затоа само ставив преносачување од едниот во другиот. Но, излезе проблем! Во инфокутијата Фудбалска репрезенатција се корител шаблонот Дрес, но сега поради промената дошло до мала промена и грешка и сега ако параметрите се на англиски се ќе биде во ред! Благодарам однапред ако можеш ова да го направиш. И инаку во истов момент работам и на средување на истата инфокутија бидејќи нашава е навистина „стара“ во споредба со англиската, така што и таму сега ќе направам некои промени кои ќе влијаат на сегашните статии (ќе влијаат лошо ако тоа што те замолувам не се промени). Ако не можеш сега тогаш ќе ја оставам инфокутијата за подоцна, за да не дојде до некои не сакани промени. Така што ако навистина можеш навистина би ценел! Благодарам. --Макс(разговор) 14:39, 4 јули 2009 (UTC)

Здраво, Макс. Жал ми е, но и јас барам помош од другите во врска со шаблоните... --Виолетова (разговор) 14:47, 4 јули 2009 (UTC)
Добро, нема проблем! Уживај! :)--Макс(разговор) 14:51, 4 јули 2009 (UTC)

Древност и антика уреди

Здраво, овде ќе пишувам оти ти ми одговори. Кога ќе ја отворам категоријата од англиската вики излегува Категорија:Антички грасови. Сега, не ме бидува многу за англиски но не гледам на нивната википедија категорија за древни градови...--Астрион (разговор) 08:18, 5 јули 2009 (UTC)

Па добро, дека не те бидува за англискиот можеби затоа си се збунил: Ancient cities = Древни градови. Па така, Category:Ancient cities треба да е Категорија:Древни градови. П.С. Антика и антички се однесува само на периодот од стара Грција и Стар Рим. Поздрав --Виолетова (разговор) 08:36, 5 јули 2009 (UTC)
Гргргрр... :))) Оки, ова можеби сум го знаел но... Поздрав--Астрион (разговор) 09:21, 5 јули 2009 (UTC)

Нè нема на en Wiki! уреди

Дали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? Веќе поставив тема на Селската чешма --Б. Јанкулоски (разговор) 21:58, 7 јули 2009 (UTC)

Мноооооооогу имиња уреди

Здраво. Јас ја уредувам страната на Милан и ми рекоа дека треба сите имиња да ги ставам во кирилица, па имам мноооооогу имиња и мноооогу проблеми со превод, па ми треба помош барем за оние најтешките. Тоа се следниве:

  • Leonardo Araújo - бразилец
  • Arrigo Sacchi - италијанец
  • Luigi Radice - италијанец (Лујџи Радице???)
  • Nereo Rocco - италијанец (Нерео Роко?)
  • Giuseppe Marchioro - италијанец (Џузепе Марчиоро?)
  • Gustavo Giagnoni - италијанец (Густаво Џагнони?)
  • Giovanni Cattozzo - италијанец (Џовани Катозо?)
  • Daniele Angeloni - италијанец (Даниеле Анџелони или Ангелони?)
  • Guido Moda - италијанец (Гуидо Мода???)
  • Herbert Burgess - англичанец

Ај доста нека биде за сега, а за другата колона друг пат ќе ве давам. Поздрав и фала многу. --MrBones (разговор) 15:49, 14 јули 2009 (UTC)

Ах тие имишња, хехехе уреди

Здраво, пак јас. Еве ги имињата:):

  • Gunnar Gren - Шведска
  • Paolo Todeschini - Италија

Фала многу и се надевам дека нема да ви досадувам усте многу, хех. Поздрав --MrBones (разговор) 14:40, 17 јули 2009 (UTC)

Една молба! уреди

Здраво Виолетова се надевам дека не ти пречам. ;) Веќе подолго време се мачам со овие две прашања ама не знаев кого да прашам, но мислам дека ти би знаела како лектор, па затоа еве. Сакав да те прашам дали е можно да во македонскиот јазик немаме билион туку имаме милијарда, 100% сум сигурен дека во трето одделение иако тоа одамна памтам дека учевме билион, ја паметам и сликата едно дете како почнува да бори и веднаш до таа слика стар човек односно дете како остарело но стигнало до билион. Глупав пример но тврдам со живот дека така беше имам фотографска меморија и памтам :)! Добро и сега едно посоодветно прашање за тебе, како ги транскрибираме ваквите имиња: Rose McGowan, Julian McMahon, Minerva McGonagall и слични. Сакам да знам дали се транскрибираат како: МекГоун или Мекгоун или пак Мек Гоун. Знам дека последново изгледа апсурдно, но верувај дека милионпати го имам така сретнато. Благодарам однапред --Макс(разговор) 18:38, 17 јули 2009 (UTC)

Нема проблем што не ми одговри брзо и така не ми беше ништо толку итно. :) Фала многу за страницата со милион и билион. Сега конечно сфатив, не можам да сфатам само како не ми текнало порано дека можно е тоа што го велиш, дека и кај нас постои билион ама во тој случај кај нас е милијарда. Сега се има соврешна смисла, фала многу. А што се однесува до презимињата ќе продолжам како до сега - ќе импровизриам, само да не е грешно. Поздрав и фала уште еднаш! --Макс(разговор) 13:02, 25 јули 2009 (UTC)

Да си прашам јас... уреди

Правилно би било поткатегорија, со т, а не подкатегорија (едначиме по звучност), нели? Brainmachinewtf? 16:54, 26 јули 2009 (UTC)

Ми треба мала помош уреди

Здраво, ми требаше помош околу две нови и две имиња за кои ви пишав пред некое време, а не ми вративте. Па имињата се:

  • Gunnar Gren - Шведска
  • Paolo Todeschini - Италија
  • Giovanni Bocciardo - Италија
  • Henri Arthur Dapples - Швајцарија

Па пишете кога ќе можете. Поздрав. --MrBones (разговор) 17:04, 6 август 2009 (UTC)

Евтин/ефтин уреди

Дали е правилно евтин или ефтин? Зборот потекнува од грч. „φτηνός“ (фтинос). --Brainmachinewtf? 18:21, 6 август 2009 (UTC)

Евтин е правилно -- Виолетова (разговор) 18:55, 16 август 2009 (UTC)

Здраво Виолетова. Ти како македонист (и јас како неостварена, за жал, желба да сум македонист- а сум англиканист) сигурно знаеш многу македонисти во Македонија и во светот. Јас ја дополнив листата во добар дел, но во секој случај ако знаеш некој познат македонист, а го нема на листата, додади го. Можеби имаш некои книги или списанија каде може да ги најдеш. Поздрав--Никола Стоіаноски 20:06, 16 август 2009 (UTC)

ОК, тие на кои се сетив - веќе ги има :) Ќе надополнам кога ќе имам можност за тоа. Поздрав --Виолетова (разговор) 20:10, 16 август 2009 (UTC)

Вики средба уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:56, 24 август 2009 (UTC)

Презакажана Вики средба уреди

Здраво. Ве известуваме дека Вики средбата е презакажана за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате. Сепак, без оглед на Вашата одлука, Вашето присуство или отсуство може да го потврдите овде, а може да оставите и дополнителен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 31 август 2009 (UTC)

Надреден знак уреди

Дали се става надреден знак над кратката заменска форма ни за разликување од негацијата ни („ни крај ни почеток“)? Или правилно е исклучиво: „ниту крај ниту почеток“? --203.59.18.149 (разговор) 04:19, 12 септември 2009 (UTC)

Не се става надреден знак на „ни“, и не е правилно да се користи исклучиво „ниту крај ниту почеток“... Поздрав -- Виолетова (разговор) 10:56, 20 септември 2009 (UTC)

Incident уреди

Hi, there is an issue at the Wikipedia:Administrators' noticeboard that requires your attention. Regards! --Стан (разговор) 10:06, 19 септември 2009 (UTC)

Печатар или печатач уреди

Кое е правилното? --Brainmachinewtf? 12:20, 22 септември 2009 (UTC)

Печатар е човек кој работи во печатница, а печатач е уред кој печати... не знам кој од нив ти треба? :) --Виолетова (разговор) 17:24, 22 септември 2009 (UTC)
Благодарам :) --Brainmachinewtf? 21:53, 22 септември 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Виолетова/Архива8“.