Оклендски универзитет

Оклендскиот универзитет (англиски: The University of Auckland, маорски: Te Whare Wānanga o Tāmaki Makaurau) е најголемиот и најуспешниот универзитет во Нов Зеланд. Основан е во 1883 како составен колеџ на Универзитетот на Нов Зеланд. Денес има осум факултети на преку 6 кампуси, и повеќе од 39,000 студенти (април 2006). [1]

Оклендски универзитет
The University of Auckland
Te Whare Wānanga o Tāmaki Makaurau
ГеслоIngenio et labore (лат.)
На македонски
Со способност и труд
Виддржавен
Основан1883
КанцеларРоџер Франс
ВицеканделарСтјуарт Мекачен
Студенти38.502 (2007) [1]
Постдипломци9.008
МестоОкленд, Нов Зеланд
Кампусурбан, 16 хектари
ПрипадностUniversitas 21, AMBA, EQUIS, AACSB. APRU
www.auckland.ac.nz
Саат-кулата на градскиот кампус гледана од Албертовиот парк

Универзитетот нуди разни програми за струки како Хуманитарни науки, Бизнис, Образование, Музика, Педагогија и образование за посебни потреби, Архитектура, Планирање, Медицинска нега, Креативни и репродуктивни уметности, Теолофија, Наука, Информациски менаџмент, Инженерство, Медицина, Оптометрија, Домаќинство и винска наука, Недвижнини, Право, Фина и ликовна уметност и Фармација.

Исто така универзитетот нуди двојни струки, со преку 35 комбинации. Овие им овозможуваат на студентите да се стекнат со две струки во пократко време.

Во 2004 на Оклендскиот Универзитет се запишале над 1300 кандидати за докторски студии.

Локации

уреди

Градскиот кампус, во центарот на Окленд, го содржи најдолемиот број на. Зафаќа површина од 160,000 м2.

Кампусот во Тамаки, основан во 1991 зафаќа површина од 320,000 м2 во населбата Глен Инес, 12 км од градскиот кампус. Тука се нудат струки од здравството, спорт, животната околина, енологијата и информатиката, како и комуникации и елестроника, материјали и изработка, храна и биотехнологија и иформациски менаџмент.

Кампусот за медицина и здравство е основан во 1968 и се наоѓа близу градскиот кампус во населбата Графтон, спроти Оклендската болница. Тука се факултетите за Медицински и здравствени науки, Фармацевската школа и Одделот за оптометрија.

Кампусот на Цеверниот Брег, основан во 2001, се наоѓа во населбата Такапуна. Нуди дипломи за Бизнис и Информациски менаџмент.

На 1 септември 2004, Окелднскиот Образовен Колеџ се припоил кон универзитетот формирајќи го најновиот факултет. Тој се наоѓа во населбата Епсом со додатен кампус во градот Фангареи.

Факултети

уреди
  • Хуманитарни науки [2]
  • Бизнис и економика [3]
  • Креативни уметности и индустрии [4]
  • Образование [5]
  • Инженерство [6]
  • Право [7]
  • Медицински и здравствени науки [8] Архивирано на 25 септември 2006 г.
  • Наука [9] Архивирано на 23 септември 2006 г.

Школи вон факултети

уреди

Здружение на студенти на Оклендскиот универзитет

уреди

Здружението на студентите на Оклендскиот универзитет (Auckland University Students' Association или AUSA) ги претставува студентите на универзитетот. Тоа е гласник за прашањата и проблемите на студентите, администратор на студентските места, и организира универзитетски клубови и друштва. Ова здружение исто така го издава студентскиот весинк Кракум и ја држи радио станицата bFM.

Околни градски знаменитости

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди