300 (филм)
300 — американски воен-филм од 2007 година, адаптација на романот 300, кој го напишал Френк Милер, инспириран по името 300 Спартанци. Го режираше Зак Снајдер со Френк Милер, како извршен продуцент и консулант, а ја прикажува историската Термопилска битка. Двете се познати по тоа што ја прикажуваат битката на фантастичен начин. Филмот се работи за кралот Леонидас кој води триста Спартанци во битка против Персискиот "Бог-Крал" Херхес и неговата инвазиона армија која се состоела од триста илјади војници. Спартанскиот војник Дилиос ја раскажува приказната на филмот. Кога филмот беше објавен, се здоби со мешани критики.
„300“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Зак Снајдер |
Продуцент | Џани Нунари Марк Кантон Берни Голдмен Џефри Силвер |
Сценарист | Зак Снајдер Керт Џонстед Мајкл Б. Гордон |
Главни улоги | Џерард Батлер Лена Хедеј Давид Венам Доминик Вест Родриго Санторо Ендру Тиернан |
Жанр | драма, акција |
Музика | Тајлер Бејтс |
Дистрибутер | Warner Bros |
Премиера | 9 март, 2007 |
Времетраење | 117 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски< |
Буџет | $60 million[1] |
Бруто заработка | $456,068,181 [1] |
Содржина
уредиВо 481 п.н.е., една година пред Битката кај Термопилите, Дилиос, Спартански војник, ја раскажува приказна за животот на Леонид I. Во неговата приказна е прикажано пристигнувањето на персиските гласници до портите на Спарта барајќи "земја и вода", а Спартанците наместо да им дадаат вода и земја, ги убиваат и фрлаат гласниците во бунарот, поради нивната навреда. Леонидас се спрема за битка против Персијците и за таа цел ги посетува Ефорите, но тие ја имате заземено страната на Персијците и Леонидас бесно ги напушта. Иако Ефорите му негираа дозвола да ја мобилизира армијата на Спарта, Леонидас собира три стотини од неговите најдобри војници и тие се преправаат како негови лични телохранители. Се здружуваат со нив и Аркадијаните. На Термопилите, тие го градат ѕидот составен од камења и убиени персиски извидници како малтер, налутувајќи го персискиот емисар. Стелиос, елитен Спартански војник, му наредува да се врати на персиските линии и да го предупреди Херхес откако му ја пресекува раката. Во меѓувреме, Леонидас се сретнува со Ефиалтес, деформиран Спартанец, чии родители избегале од Спарта за да го поштедат. Ефиалтес бара да го поврати името на својот татко со тоа што ќе се приклучи на армијата на Леонидас, предупредувајќи го за таен пат што Персијанците би можеле да го искористат за да ги заобиколат и опкружат Спартанците. Иако симпатичен, Леонидас го негира бидејќи неговиот деформитет физички го спречува да го држи својот штит доволно висок, потенцијално компромитирајќи ја фалангиската формација и Ефиалтес се збеснува.
Битката кај Термопилите започнува веднаш по одбивањето на Спартанците да го положат своето оружје. Користејќи ги портите во своја полза, како и нивните супериорни борбени вештини, ја одбиваат сперсиската војска што напредува. За време на затишјето во битката, Херхес лично му се приближува на Леонидас за да го убеди да се предаде, нудејќи му богатство и моќ во замена за неговата верност. Леонидас одбива и му се потсмева на Херхес. Како одговор, Херхес ја испраќа својата елитна стража, т.н Бесмртници, подоцна таа ноќ. И покрај тоа што некои од Спартанците се убиени, тие херојски ги победуваат Бесмртниците, со мала помош од Аркадијаните.
На вториот ден, Херхес испраќа нови бранови на армии од Азија и други персиски град-држави, вклучувајќи и воени слонови, за да ги скрши Спартанците еднаш засекогаш, но без успех. Во меѓувреме, Ефиалтес дефектира на Херхес на кој тој му ја открива тајната патека во замена за богатство, луксуз и униформа. Аркадијаните се повлекуваат од кога дознаваат за предавството на Ефиалтес, но Спартанците остануваат. Леонидас му наредува на повреден, но двоумечки Дилиос да се врати во Спарта и да им каже на тоа што се случило, „приказна за победата".
Во Спарта, кралицата Горго се обидува да го убеди Спартанскиот совет да испрати засилување за да им помогне на 300-тите. Терон, корумпиран политичар, тврди дека "го поседува" Советот и му се заканува на кралицата, која двоумечки има секс со него во замена за неговата помош . Кога Терон ја навредува и омаловажува пред Советот, Горго го убива од бес, откривајќи дека во неговата облека имало торба со злато од Херхес. Означувајќи го неговото предавство, Советот едногласно се согласува да испрати засилување. На третиот ден, Персијците, предводени од Ефиалтес, ја пробиваат тајната патека, опкружувајќи ги Спартанците. Генералот на Xerxes повторно го бара нивно предавање. Леонидас навидум клекнува на колена, дозволувајќи му на Стелиос да скокне над него и да го убие Генералот. А Херхес бесно им наредува на своите војници да нападнат. Леонидас станува и го фрла копјето кон Херхес и само малку го промашува, копјето му го пресекува малку лицето, докажувајќи ја смртноста на овој Бог-Крал. Леонидас и останатите Спартанци се борат до последниот човек и до последниот здив сè додека конечно не подлегнат на рој од стрели.
Дилиос, сега вратен во Спарта, ја завршува својата приказна пред Советот. Инспирирана од Леонидас, Грција се мобилизира. Една година подоцна, Персијците се соочуваат со армија од 30.000 слободни Грци предводени од 10.000 Спартанци. По еден последен говор во кој се споменуваат 300-тите, Дилиос, сега главен на Спартанската армија, ги води во војна против Персијците низ полињата на Платеја.
Улоги
уреди- Џерард Батлер како Крал Леонидас
- Давид Венхам како Дилиос (раскажувач)
- Лена Хиди како Кралица Горго
- Џовани Цимино како Плајстарчус,
- Доминик Вест како Терон
- Винцент Реган како Капитан Артемис
- Том Виздом како Астинос
- Андре Плиавин како Даксос
- Андре Тирнан како Ефиалтес
- Родриго Санторо како Крал Херхес
- Стивен МекХети како Лојалист
- Мајкл Фазбендер како Стелиос
- Питер Мензах како еден Персиски гласник
- Кели Крејг како Пинтиа
- Тајлер Најтзел како млад Леонидас
- Роберт Мајлет како Безсмртник (џин)
- Патрик Сабонгуи како Персискиот Генерал
- Леон Ладерах како Егзекутер
- Тајроне Бендкин како Персискиот Емисар
За филмот
уредиПродуцентот Џани Нанари не беше единствената личност која планирала филм за Битката кај Термопила; режисерот Мајкл Ман веќе планирал филм на битката врз основа на книгата Порти од Оган. Нанари ја открил графичката новела на Френк Милер, 300, која го импресионирала доволно за да ги стекне филмските права. 300 беше заеднички продуциран од Нанари и Марк Кантон, а сценариото го напиша Мајкл Б. Гордон. Режисерот Зак Снајдер беше ангажиран во јуни 2004 година, бидејќи се обидол да сними филм врз основа на новелата на Милер, пред да го направи својот дебут со римејкот на Зората на Мртвите. Снајдер тогаш го натерал сценаристот Керт Џонстад да го препише сценариото на Гордон за продукција, а Френк Милер бил земен како консултант и извршен продуцент. Оригиналната графичка новела на Френк Милер 300 беше инспирирана од филмот "300 Спартанци", кој Френк Милер првпат го видел на возраст од 6 години.
Филмот е адаптација на стрипот, слична на филмската адаптација на Син Сити. Снајдер фотокопираше панели од стрипот, од кои тој ги планираше претходните и следните снимки. "Тоа беше забавен процес за мене ... да има рамка како цел за да се стигне до неа", рече тој. Како и стрипот, адаптацијата исто така го користела Дилиос како раскажувач. Снајдер ја искористи оваа наративна техника за да му покаже на публиката дека надреалниот "свет на Френк Милер" од 300 беше кажан од субјективна перспектива. Користејќи ја дарбата на Дилиос за раскажување, тој можеше да ги претстави фантастичните елементи во филмот, објаснувајќи дека "Дилиос е човек кој знае како да не уништи добра приказна со вистината". Снајдер исто така ја додал суб-содржината каде Кралицата Горго се обидува да добие поддршка за нејзиниот сопруг.
Два месеци од пре-продукција беа потребни за да се создадат стотици штитови, копја и мечеви, од кои некои беа рециклирани од Троја и Александар. Суштествата биле дизајнирани од Јорду Шел, и создаден е аниматрониски волк и тринаесет аниматронски коњи. Глумците беа обучени заедно со каскадерите, па дури и Снајдер се приклучи. Направени се над 600 костими за филмот, како и големи протетики за разни ликови и трупови на персиски војници. Шон Смит и Марк Рапапорт работеа заедно со Снајдер во пре-продукцијата за да го дизајнираат изгледот на поединечните ликови и да произведат протетски ефекти за шминка, реквизити, оружја и кукли кои беа потребни за продукција.
300 влезе во активна продукција на 17 октомври 2005 година, во Монтреал, и бил сниман во текот на шедесет дена по хронолошки редослед со буџет од 60 милиони долари. Снимајќи ја техниката на дигитална решетка, Снајдер сними со сега веќе непостоечките Icestorm Studios во Монтреал со помош на сини екрани. Батлер рече дека иако не се чувствувал ограничен од насоката на Снајдер, верноста на стрипот наметнала одредени ограничувања на неговата перформанса. Венхам рече дека имало моменти кога Снајдер сакал прецизно да ги фати иконичните моменти од стрипот, а други пати им давал на глумците слобода "да истражуваат во светот и на границите што биле поставени". Хаеди рече за нејзиното искуство со сини екрани, "Многу е чудно и емоционално, нема што да се поврзе со друг глумец". Само една сцена, во која коњите патувале низ селата, била снимена на отворено. Филмот беше интензивна физичка продукција, и Батлер ја повлече тетива на рака и разви пад на стапалото.
Пост-продукцијата беше спроведена од страна на Монтреалските Метеорски Студиа и Хибрид Технологии пополнија снимка со син екран со повеќе од 1.500 снимки од визуелни ефекти. Надзорниот за взуелни ефекти, претпоставениот Крис Вотс и дизајнерот Џим Бисел, создадоа процес наречен "Здроби", што им овозможи на артистите на Метеор да ги манипулираат боите со зголемување на контрастот на светлината и темнината. За одредени секвенци констратот беше намален, а за други - затемнет за да се воспоставаат различни расположенија. Гислан Сеинт-Пјер, кој го водеше тимот на артисти, го опиша ефектот: "Сè изгледа реалистично, но има еден вид илустративна чувствителност". Различни компјутерски програми, вклучувајќи Маја, RenderMan и RealFlow, беа искористени за создавање на "распрскувачка крв". Пост-продукцијата траеше една година и беше раководена од вкупно десет компании за специјални ефекти.