Разговор за категорија:Македонски филмови

Во оваа категорија, голем дел од статиите се празни. Го подржувам нивното бришење, ама претходно да се направи статија под наслов „Листа на македонски филмови“. За сепак она што веќе го има како корисен податок да не биде избришано. (Zdravko 11:37, 24 октомври 2006 (UTC))

Важно уреди

Голем дел од филмовите (ако не и сите) имаат во целост преземено текстови од страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар (за пример, види Пред дождот кај нас и текстот за истиот филм на МИФЦ). Пред било што да се прави со македонските филмови, мора прво да видиме дали ни е дозволено да ги користиме текстовите (во спротивно - прекршуваме авторски права). --Виктор Јованоски 13:06, 12 јули 2008 (UTC)

Прати ли email до МИФЦ? Ако не, јас да пратам? --Brainmachinewtf? 13:27, 12 јули 2008 (UTC)

Кореспонденцијата со МИФЦ уреди

Со цел да се спречи какво и да е прекршување на авторски права, а истовремено и да се овозможи збогатување на Википедија со статии поврзани со македонските филмови (односно, во случајов, да се спречи нивното бришење), беше пратена порака до м-р Игор Старделов, раководител на филмскиот архив на Кинотека на Македонија. Во продолжение следи целосната кореспонденција:

Почитуван г-не Игор Старделов,
Од името на уредувачите на Википедија - чија македонска верзија е (како што верувам веќе сте запознаени) достапна на адресата http://mk.wikipedia.org - се обраќам со цел да посочам на еден проблем кој го затекнавме при разгледувањето на статиите објавени на гореспоменатата енциклопедија, а кој претпоставувам дека директно Ве засега и Вас и сите кои посредно или непосредно се поврзани со уредувањето на страницата на [www.maccinema.com Македонскиот Информациски Филмски Центар] - од каде, впрочем, и ја добивме Вашата адреса.
Самиот проблем, во основа, се состои во тоа што голем дел од статиите за македонските филмови на македонската Википедија имаат во целост преземено текстови од страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар (како еден класичен пример, би можеле споредбено да ги разгледате статијата за Пред дождот кај нас и текстот за истиот филм на МИФЦ). Засега не бевме во можност да откриеме дали се работи за дозволено користење на текстовите објавени на Вашата страница, па претпоставуваме дека се работи за прекршување на авторски права. Бидејќи истово е, без сомнение, нелегален акт - самите статии, по правило, би требало да бидат избришани.
Со цел да се избегне бришењето на овие статии од Википедија - што за повеќето љубители на македонските филмови и македонската култура, воопшто, би било и нејзино осиромашување - би сакале да знаеме дали би ни дале дозвола слободно да ги користиме содржините од Вашиот веб сајт. Бидејќи неодамна беше започнат и ВикиПроектот:Филм - ваквата дозвола би била и повеќе од добредојдена. Пред да ја донесете Вашата одлука, секако, морате да знаете дека материјалите од Википедија подлежат под таканаречената GNU Free Documentation Licenѕe (за повеќе информации видете овде - http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html) и дека самата Викимедија Фондација е непрофитна организација (http://wikimediafoundation.org/wiki/Home). Доколку, пак, не сте во можност сами да ни дадете дозвола, би сакале да ни посочите личност со која би требало да контактираме по истата тема.
Истовремено, би сакале да Ве увериме дека доколку сметате дека какво и да е користење на текстовите од страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар во рамките на која и да е статија на Википедија е недозволиво - статиите кои Ви ги посочивме ќе бидат избришани или потполно преработени во истиот момент кога Вие ќе ни ја соопштите Вашата одлука.
Со почит,
Виктор Јованоски,
администратор на Википедија на македонски јазик.

Здраво
Кинотеката на Македонија, и нејзините соработници кои се директно „виновни“ за креирањето и одржувањето на Македонскиот информациски филмски центар, се согласува, или ако саката, дава дозвола, содржините од нашиот сајт да бидат користени за македонската верзија на Википедија.
Бидејќи не знам каква е праксата, би ве замолил да ми одговорите дали е возможно некаде да се напише или стави некаков знак дека текстовите се користени од нашата страна.
Со почит,
М-р Игор Старделов
Раководител на филмскиот архив
Кинотека на Македонија
Никола Русински бр.1, П.ф.16
1020 Скопје
Тел: + 389 2 3071-814
Факс: + 389 2 3071-813
www.maccinema.com

Почитуван г-не Игор Старделов,
Најпрво, во име на целиот тим на уредувачи на Википедија, да ја изразам благодарноста кон Вас и сите вклучени во оддржувањето на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар за тоа што ни дозволивте да ги користиме содржините од Вашиот сајт.
Секако дека се сложуваме да ставиме назнака дека текстот е преземен од Вашиот сајт - тоа, впрочем, е најмалку што можеме да направиме. Не е сосема соодветен, но доколку сакате да видите пример за тоа како би изгледало, видете, на пример, овде. Имено, еден дел од статиите на Википедија, користат текст од единаесеттото издание на Енциклопедијата Британика (публикација сега во јавниот домен) и кај сите е напоменат токму тој факт. Сепак, во овој случај, назнаката ќе биде многу поочигледна и веројатно ќе ја поставиме на врвот на самата статија. Всушност, во мигот кога истата ќе биде направена и употребена, ќе бидете известени. Истовремено, секоја од статиите ќе содржи и линк до соодветната статија на Вашиот сајт во соодветната секција (надворешни врски) - веќе е изработен шаблон со таква намена ({{МИФЦ}}) и истиот е веќе на неколку места употребен (можете да видите, на пример, на статијата за Јужна патека).
Уште еднаш голема благодарност.
Со почит,
Виктор Јованоски,
администратор на Википедија на македонски јазик.

Значи, сега потребно е да се направи шаблон за напомена дека текстот е од страницата на МИФЦ - веќе започнав да го правам - и да се премине кон средување на статиите во оваа категорија. Па се надевам дека нема да ја изневериме дадената доверба, --Виктор Јованоски 10:34, 15 јули 2008 (UTC)

Еве го шаблонот - {{Текст од МИФЦ}} - и еве како би изгледал во употреба - Пред дождот или Јужна патека.

 Ок Одлично е ова, сега имаме добар извор за да ги покриеме македонските филмови. --Brainmachinewtf? 13:45, 15 јули 2008 (UTC)
Назад на страницата „Македонски филмови“.