Прекрасен ум
Прекрасен ум е биографски филм од 2001 година, за математичарот и нобеловец Џон Неш. Филмот беше режиран од Рон Хауард и напишан од Акива Голдсмен. Филмот е заснован на истоимениот бестселер од Силвија Насар. Главните улоги ги толкуваат Расел Кроу, Џенифер Конели, Ед Харис и Пол Бетани.[1]
„Прекрасен ум“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Рон Хауард |
Продуцент | Брајан Грејзер Рон Хауард |
Сценарист | Силвија Насар (book), Акива Голдсмен |
Главни улоги | Расел Кроу Џенифер Конели Ед Харис Пол Бетани |
Музика | Џејмс Хорнер |
Кинематографија | Роџер Дејкинс |
Монтажа | Даниел Хенли Мајк Хил |
Дистрибутер | Universal Pictures (Домашно) DreamWorks SKG (Интернационално) |
Премиера | 27 декември 2001 |
Времетраење | 135 мин |
Држава | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $60,000,000 долари |
Бруто заработка | 313,542,340 долари (на светско ниво) |
Приказната започнува во раните години на животот на Неш во универзитетот Принстон. Тој создава оригинална идеја која ќе биде револуција во полето на математиката. Но, уште на почетокот, Неш покажува дека страда од параноична шизофренија и со болка гледа како лошо тоа влијае врз неговата сопруга и пријатели.[2]
Филмот беше премиерно прикажан во кино-салите во САД на 21 декември 2001 и беше добро-прифатен од страна на критиката, заработувајќи преку 300 милиони долари на светско ниво, а доби и четири „Оскари“, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Но, доби и неколку критики за неточно прикажување на некои аспекти од животот на Неш.
НаводиУреди
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Се Насекаде Одеднаш (2022) }}