Разговор:Главна страница/Расправа за редизајн (Јули/Август 2008)

Види исто така:

Постојат повеќе иницијативи за измена на главната страница. Како резултат на сите овие иницијативи поведена е расправа за редизајн на гавната страница која треба да резултра со измена на тековниот дизајн на главната страница со цел нејзино подобрување и полесна достапност до содржините на википедија на македонски јазик.

Едно од барањата за измена на содржините кои одат на главната страниза е барањето за воведување на секција за вести. (кое е пренесено овде од главната страница за разговор на главната страница со цел концентрирање на дискусиите на оваа тема на едно место.

           

Нова содржина

Здраво на сите. Јас би сакал да предложам нешто за размислување. Мислам дека Македонската вики е веќе зрела на главната страница да има секција „вести“. Сметам дека ова е лесно за одржување, а е ќе придонесе да се интензивира популарноста на википедија помеѓу популацијата. Вакви секции имаат речиси сите локални верзии на вики на балканот кои и по број на статии не ни се многу далеку. Во секој случај мислам дека актуелности се далеку поинтересни за посетителите отколку избрана фотографија на пример. Се надевам ќе наидам на истомисленици помеѓу корисницните. Поздрав LBakraceski 15:21, 12 јануари 2008 (UTC)

Предлогот е во ред. Но прашањето е, дали е одржлив? Јас би упатил прво да се стартува mk.wikinews.org (види http://meta.wikimedia.org/wiki/Wikinews/Start_a_new_edition) доколку има критична маса на заинтересирани за тоа. Секако дека на овој начин ќе се придонесе за зголемување на популарноста на википедија. Воведувањето на секција вести на главната страница на википедија тогаш нема да биде никаков проблем. Покрај зголемувањето на популарноста на википедија би требало да се има во предвид и факторот на збогатување на македонскиот медиумски простор со уште еден извор на информации, но како што реков тоа би било одлично доколку има критична маса на уредувачи кои би го понеле товарот на одржување на тој проект.--brest 15:49, 12 јануари 2008 (UTC)
Јас еве волонтирам да бидам еден од нив, и онака дневно заради работата морам да сум информиран во минута што се случува во медискиот простор во Македонија и во светот. Некој друг? Поздрав LBakraceski 15:55, 12 јануари 2008 (UTC)

Доста време сум отсутен од Википедија (т.е. само повремено ја посетувам) така што не можам да бидам многу сигурен дека дискусијава има некоја предигра. Како и да е, мое мислење е дека, иако е прекрасна, е доста тешко остварлива идеја: пред сѐ - треба безмалку секојдневно да се посетува Википедија. Но ако има заинтересираност - не само што е убаво, туку и ќе мора да се востанови таква практика: избраниот портал и избраната мултимедијална содржина - барем јас мислам така - ќе мора да ги отфрлиме, зашто ниту едното ниту другото можеме редовно да го ажурираме. А би било добро да имаме замена за нив: тешко дека постои нешто подобро од вести. Во врска со идејата на Брест да се стартува mk.wikinews.org - речиси и да сум убеден дека е преголем зафат: не верувам дека има доволно заинтересирани за една таква опција, зашто таа повлекува и низа обврски од технички карактер.

Кога сме веќе кај техничкиот аспект на Википедија... Мислам дека за недела-две ќе се вратам поактивно па предлагам до тогаш да се размисли за една моја идеја: еден месец да го намалиме пишувањето на статии и да отвориме проект за техничко уредување на Википедија. Тоа би значело: преведување на инфокутии, средување на шаблони за земји и знамиња, создавање на категории, бришење на непостоечките, средување на ќорсокак страниците, двојните пренасочувања и слично. Дури и би можеле на главна страница да поставиме шаблон преку кој би ги информирале сите заинтересирани за работатата. Инаку Александар веќе почна да работи на ова, но не сум сосема сигурен до каде е.

Како додаток на ова - прочитав на некоја Википедија (мислам дека беше српската) за постоење на некој сличен тип на проект: мислам дека се предложувала една тема (биографија на важна личност, наука, уметност итн.) и дека една недела стоела како тема за соработка и сите заинтересирани биле повикувани да пишуваат само за таа содржина. Така се создаваат прилично добри статии. Нормално за важни теми. Двојна добивка: помалку заборавени важни личности и теми, повеќе добри статии! --Виктор Јованоски 22:43, 13 јануари 2008 (UTC)

И јас мислам дека со вести би се здобиле со поголема популарност, а и бројот на актуелни статии би се зголемил. се пријавувам за еден од уредувачите. Би требало да изгледа нешто како англиската верзија, нели?--Crnorizec 01:09, 27 февруари 2008 (UTC)
Ве подржувам сите вас. Како за почеток може да почнете со развивање на она што сте го намислиле во форма на некој портал за новости/вести. Ако оди се како што треба веднаш ќе го префрлиме на главната страница. --brest 06:53, 27 февруари 2008 (UTC)
BTW, нешто слично јас имам започнато на Портал:Политика, погледнете и видите дали може тоа да се надгради.--brest 21:30, 1 март 2008 (UTC)
Значи, нешто работев на ова: Прво мислам дека е претенциозно да направиме рубрика „Вести“, и затоа е побезбедно да почнеме со „Актуелности“. Идејата ми е да додаваме одозгора во листата интересни вести како што доаѓаат, да одбегнуваме дневна политика од типот „шо ручал тој-и-тој“, и да го одржуваме бројот на наслови на 5-6. Направив таков шаблон и таква страница. Е сега, Брест, треба тие малце да се заштитат, и страницата и шаблонот и сликата, а потоа и да се поврзат некаде на главната страница.
Прво да се започне на некое друго место, некој портал и сл., па после ќе одиме на главна страница.--brest 06:30, 10 март 2008 (UTC)
Има ли некој предлог на кој портал? --Crnorizec 10:32, 10 март 2008 (UTC)
Може да се земе en:Portal:Current events како урнек--brest 11:08, 10 март 2008 (UTC)
Еве и јас нешто работев само пример е и ние Википедијанциве ќе го менуваме и секогаш да има по 5-6 последни вести Еве --Stefan40-3e3eШуш Буш ајт овде!!15:18, 9 јули 2008 (UTC)

Во Портал/Идеи Корисник:Brainmachine даде предлог за редизанј на главната страница. Исто така треба да се погледне и предлогот Корисник:Misos/Главна страница.

Доколку постојат и други предлози потребно е да се забележат овде.

Предлози

уреди
 

Компактибилност

уреди
   Тестирана на 800x600, 1024x768, 1280x1024, во Firefox, верзии 2 и 3, како и во IE — нема отстапувања од нормалниот изглед. Ве молам, некој нека ја тестира во Opera и во други помали пребарувачи. --Brainmachinewtf?

Предности

уреди
   Голем број од луѓето кои доаѓаат на овој сајт всушност не знаат како функционира или со што се занимава проектот. Затоа вклучува секција „Што е Википедија“ со краток текст кој објаснува дека ова е енциклопедија која може да биде уредувана. Овде малку се користи моќта на сугестијата со реченицата „Сакате да помогнете?“ и веднаш следува врска до Википедија:Вовед. Плус, вклучува место за новата секција „Во вестите...“ која привремено можеме да ја отстраниме додека не проработи википроектот и не даде резултати. --Brainmachinewtf?

Недостатоци

уреди
   Овој редизајн успешно го елиминира мртвиот простор меѓу избраната статија и избраната слика во хоризонталната линија, споредено со сегашната верзија на главната страница, бидејќи овие 2 елемента се еден под друг. Сепак, останува мртов простор во вертикала, до крајот на двете колони — споредено со крајот на „На денешен ден...“ и листата на сестрински проекти на Викимедија. Ова целосно зависи од големината на содржината на избраните елементи: на пр. колку текст ќе се внесе во избраната статија или колку настани има на сегашниот ден. Во нормални услови, овој мртов простор не постои или е минимален. Тој ќе се појави доколку привремено ја исклучиме секцијата „Вести“, затоа и ве известувам. Мое мислење (внимание:POV!) е дека ова е минимален проблем, бидејќи е на дното од страницата. Сепак е поелегантно од сегашната верзија, каде што се појавува мртов простор најгоре. --Brainmachinewtf?

Коментари

уреди
   —Кога ќе ја смениме главната страна? Мислам нема потреба од понатамошно гласање. Сите се за. -- MacedonianBoy  Oui? 10:16, 25 септември 2008 (UTC)
   — Јас веќе ја заменив. Сѐ уште стои оваа дискусија отворена, за било какви дополнителни промени и/или предлози. --Brainmachinewtf? 20:41, 25 септември 2008 (UTC)
   Не е ли подобро наместо избрана статија да стои избрана статија за оваа седмица како што беше порано. Слично и за избрана слика. Текстот Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е специјален тип на вебстрана, наречена вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен. мислам дека може да се доработи. Ако се земе дека секој уредувач е и читател тогаш првиот исказ е точен, но сепак мислам дека подобро е да се нагласи дека е напишана од уредувачи. Втората реченица е повеќе флоскула отколку некоја вистина, може и да се изостави или да се замени со некоја друга. Да се внимава на шаблонот {{}} празното место треба да стои позади него а не пред него, т.е. тој треба да биде залепен до зборчето лево од него. На овој начин секогаш нов ред ќе започнува со зборче а не со • (пример види аномалија во секција Истражете/содржина помош). Или така ми се чини или е точно, некако како Кирил да направи повеќе портали кои треба да се постават на главната страница. Како идеја мислам дека помеѓу потсекциите на секцијата Истражете, може да се намали белиот простор, користејќи други методи за визуелно одделување на потсекциите наместо користење на хоризонтална линија. Предлагам најдолу да оди и листа на википедии на соодветни јазици рангирани според бројот на статии, слично како кај англиската верзија. Општо земено одлична промена пред престојната 20 илјадарка.--brest (разговор) 06:45, 26 септември 2008 (UTC)
 Ок Одлично, brest, се согласувам со овие предлози: да додадеме избрана статија за оваа седмица, а истото да важи и за сликата, плус да ги прилепиме {{}} до врските за порталите. Заедно со Кирил се мислевме кои портали да ги вклучиме и како да ги поделиме, тоа всушност беше најтешкиот дел. Затоа ова е уште отворено и уште можеме да додаваме врски, само да се договориме кои. Не можеме да ги ставиме и сите портали, како на пр. Портал:Будизам или Портал:Фашизам, оние кои се поспецифични, туку оние кои се однесуваат на поопшти теми, па од таму да се навигира читателот преку субпорталите. Како што спомнав погоре во врска со белиот простор, тој е на еден начин резервиран за секцијата „Вести“ која се надевам дека ќе ја вклучиме во блиска иднина. Ако некој може да се досети на некој елеганетен начин како да го намалиме просторот, слободно нека го каже. Инаку, за реченицата Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е специјален тип на вебстрана, наречена вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен. Целата секција „Што е Википедија?“ е направена за лица кои седнале на интернет и се запознаваат со Википедија за прв пат. Кажуваме дека ова е енциклопедија и му кажуваме на читателот дека луѓе како него ја пишуваат. Ако напишеме „уредувачи“ наместо „читатели“, тој наш најнов читател нема да се препознае себе си во групата „уредувачи“. Ќе си рече: Јас ли сум уредувач? Не, јас сум читател. Уредувачите се најверојатно некои луѓе од владата кои добиваат плата (ова последново е мн. честа претпоставка!). Затоа мислам дека „читатели“ е посоодветно. Плус, постои викиврска до ВП:КЈПВ, а тој текст малку повеќе ги објаснува работите. Сега откако читателот знае дека и тој може да придонесува, а воопшто не знае како функционира едно вики, малку ќе биде збунет. Втората реченица не е флоскула — таа дава важна информација на нубот, дека содржината на сајтот лесно може да се менува, а според тоа и содржината на самите енциклопедиски статии. Единствено што не ми се допаѓа е терминот „вебсајт“. Дали некој може да се досети со некој посоодветен термин? И најпоследно, размислував за интервикија на дното од страницата, но се плашев да не стане страницата преголема со тој додаток. Ако сите се согласувате, може да го додадеме и тој дел. Инаку, на дното на интервики врските на главната страница (од левата страна што се подредени во колона), додадов врска „Целосна листа“ која води до списокот на Мета на сите можни википедии, исто како на англиската. --Brainmachinewtf? 10:54, 26 септември 2008 (UTC)

Гласови

уреди
  1.    Brainmachine (разговор придонеси) — јас го давам предлогот.
  2.    Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  3.     MacedonianBoy  Oui?
  4.    Игор (разговор) 12:23, 24 септември 2008 (UTC)
  5.    Филип (разговор) 14:06, 24 септември 2008 (UTC)
  6.    Виктор Јованоски (разговор) 16:17, 24 септември 2008 (UTC)    Мислам дека распоредот е одличен. Особено ми се допаѓа што - покрај тоа што овозможува лесно информирање за проектот - ги прави избраната статија и слика особено воочливи и не ги нормира по вертикала. --Виктор Јованоски (разговор) 16:17, 24 септември 2008 (UTC)
  7.    MKJustmakingonearticleMK 03:24, 25 септември 2008 (UTC)    beautiful!
  8.    --Raso mk (разговор) 07:25, 25 септември 2008 (UTC)
  9.    -- Boyan (разговор) 08:12, 25 септември 2008 (UTC)
  10.    --Милош (разговор) 00:46, 26 септември 2008 (UTC)    Ми се допаѓа. Кога ќе се постави и делот за вести? --Милош (разговор) 00:46, 26 септември 2008 (UTC)
  11.    --Макс(разговор) 06:01, 26 септември 2008 (UTC)
  12.    --brest (разговор) 06:32, 26 септември 2008 (UTC)
Против
уреди
  1. /
Неутрален
уреди
  1.    Не гледам ништо лошо во сегашниот изглед, но ако мислите дека е навистина застарен (не знам зошто), новиот исто така не е воопшто лош. Само правете побрзо, што и да правите; ова се одолговлекува со години веќе. --iNkubusse A? 10:39, 25 септември 2008 (UTC)
Назад на страницата „Главна страница/Расправа за редизајн (Јули/Август 2008)“.