Разговор:Главна страница/Расправа за редизајн (Јуни/Јули 2007)
Види исто така: | |
|
Во тек е расправа за редизајн на главната страница на која може да земе учество секој кој смета дека може да даден соодветен допринос во тој правец.--brest 07:26, 17 јуни 2007 (UTC)
Предлог за измена на Главната страница
уредиДенес работев на средување на главните портали на Википедија (Историја, Политика, Технологија, Уметност, ...). Порталите сеуште не се до крај средени. Барам помош да се средат до одредено задоволително ниво. И предлагам на главната страница горе да се постави шаблонот
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
кој би се преименувал во browsebar подоцна. На овој начин, со помош на фундаменталните портали корисниците на Википедија полесно ќе може да стигнат до бараната информација. исто така на уредувачите ќе им се даде можност да ги уредуваат статиите кои недостауваат, бидејќи систематски ќе бидат прикажани на соодветните портали.--brest 00:45, 26 февруари 2007 (UTC)
А гледам и сме стигнале до 9000-та статија. Ајде честито --brest 00:49, 26 февруари 2007 (UTC)
- OK, ми се допаѓа идејата. Ќе го поставам шаблонот кога ќе се направи и последниот портал. --Милош 18:53, 26 февруари 2007 (UTC)
И не се пишува философија,туку филозофија, со 'З'
- Иначе дали е 'С' или 'З' е филозофско прашање.--brest 23:15, 26 февруари 2007 (UTC)
Актуелизација на предлогот за измена на Главната страница
уредиСо оглед на тоа што во повеќе наврати од повеќе корисници се начна темата за измена на главната страница, јас сакам уште еднаш да ја актуелизирам оваа тема. Ги повикувам сите заинтересирани да започнат дискусија на оваа тема. Мојот предлог е да не се оди со драстичен редизајн на главната страница, туку само со одредени разместувања на постоечките позиции. Имено предлагам:
- На самиот врв од страницата да се вметнат брзите линкови до основните портали
- секцијата содржина каде се класифицирани темите да оди на самиот почеток на страницата.
- веднаш под оваа секција да одат секциите:
- Актуелно на македонската Википедија
- Дали сте знаеле...
- Дури потоа да одат секциите:
- Добредојдовте на Википедија!
- Избрана статија на седмицата
- Најдолу предлагам да си остане: Останати проекти, ...
Бидејќи главната страница треба да се обраќа директно кон оние кои се нејзини корисници и да им помогне најбрзо да стигнат до бараната информација. А тоа ќе го постигнеме доколку ги направиме горните разместувања. Подолу би се обраќале до потенцијалните уредувачи на википедија, со секциите од типот Актуелно на македонската Википедија и Добредојдовте на Википедија!
- Денес поработев на мојот предлог за мал редизајн на главната страница, кој може да го погледнете тука. Во кратки црти значи она што погоре го кажав е направено, со таа разлика што мислам дека не би било лошо постоечките секции Добредојдовте и Актуелно да се издвојат на посебна страница кон која би се пристапувало преку линк од главната страница со клик врз зборчето Добредојде. Секцијата Содржина како што реков сметам дека треба да оди горе на самиот почеток, а наместо насловот на секцијата Содржина да оди она Добредојдовте на македнската википедија, со вкупниот број на статии во моментот, можеби може тука да се стави и актуелното време. Брзите линкови кон порталите кои првично ги предложив даодат најгоре сега се инкорпорирани во самата со {{Содржина}} јас веќе ги вметнав линковите кон постоечките портали кои ги имаме во некаква форма на нашава википедија. Исто така направив и мало ускладување на боите.--brest 12:40, 19 јуни 2007 (UTC)
Јас веќе еднаш кажав дека особено ми се допаѓа дизајнот на главните страници од чешката и босанската википедија, но сега мислам дека со полно право и српската може да влезе во конкуренција за најдобра главна страна. Но да се појаснам себеси зошто:
- Самиот изглед е навистина интересен и содржи голем број слики, кои често се менуваат.
- Она што прво се појавува кога ќе се вклучи Википедија на соодветните страни се: одбраниот член и вестите кај босанската и српската, односно одбраниот член и сликата на чешката. Со оглед на фактот што овие работи се менуваат секојдневно (или на секоја недела), на страницата ѝ даваат динамичен изглед. Всушност, ова е најголемиот недостаток на нашата Википедија. На досегашната главна страна, прво што се појавува при вклучувањето на Главната страница се воведниот текст (добредојдовте на Википедија) и актуелностите, кои се актуелности веќе една година.
- Порталите мора да одат на врвот на страницата како што е случајот со веќе споменатите Википедии. Сепак, тие мора да се уредат и мислам дека Брест беше во право кога побара секој да почне да го уредува и оддржува порталот во сопствената област. Но порталите сеуште не се средени.
- И на крај, моето сумирано мислење за конечниот изглед на главната страница:
- На врвот да пишува Добредојдовте на Википедија и во истиот банер, од десна страна, да бидат сместени врските кон сите портали, пришто во самиот шаблон би можеле да додадеме слики пред секој портал
- Веднаш под нив нека се наоѓа брза врска кон основните работи кои треба да ги знае еден човек за Википедија: значи да нема опширен текст како што имаме сега, туку да има распоред од следниов тип (импровизирано):
- Под нив нека бидат сместени избраната статија и, според мене, избраната слика - елемент кој може да го воведеме, со оглед на тоа што не мислам дека е потребно многу за да се оддржува, а навистина доста помага во разубувувањето на страницата (*)
- Под тоа нека бидат сместени содржината и останите проекти (мислам дека тие се доста добро изработени и за нив не треба никаква промена) (**)
Забелешка: Во случај да има ентузијазам за работа, би можело меѓу (*) и (**), да додадеме и избран цитат (забележав кај Босанската) и На денешен ден. --Виктор Јованоски 11:45, 16 јуни 2007 (UTC)
- Добро што се актуелизира ова прашање. Слика на денот во секој случај е добра идеја, и во една претходна прилика се договоривме да има нешто такво. Инаку, Boyan, веќе има некаков предлог, кој јас го уредував: нормално, ќе претрпи измени во распоредот. Мислам дека делот со Добредојдовте сепак треба да оди најгоре, бидејќи чудно би било да оди "Добредојдовте" порака, најдоле... после тоа би можело да е следена од Содржината (за која не сум сигурен дали да оди горе или долу), па од лево избраната статија, а од десно Избраната слика и Дали сте знаеле. Актуелно некаде доле (лево или десно) кај има повеќе место. Исто така, генерална сугестија би била да има помалку текст во Избраната статија на главна страница и во Дали сте знаеле делот. --FlavrSavr 13:34, 16 јуни 2007 (UTC)
- За изборот на бои немам одредено мислење, предлогот на Бојан е добар. За полињата, што и да ставиме, планирајте дека треба да се пополнува. Слика на денот е супер идеја, ако има редовно кој да ја менува. Или може да направиме систем како кај српската википедија: да не стои фиксен шаблон, туку според датум (пр. одбрана_статија_15_јануари_2007 и сл). Така ќе може да се избегнат периодите на неактивност што ги имаме сега. Мој избор на боксовите:
најгоре - портали (ако има барем 5 средени)
кратко добредојде со предупредување за кирилица (пократко од сега, со врска до соодветната страница)
избрана статија - дали сте знаеле, далеку пократки
одбрана слика - актуелности
содржина
останати проекти
--Милош 18:27, 16 јуни 2007 (UTC)
Добро, значи се сложуваме дека треба да има промени на главната страница. Сега треба да се поработи на дизајнот. Може да почнеме со пилот дизајн, т.е. да продолжиме на Корисник:Boyan/Нова главна или доколку некој има поразлични гледања да заполне нов дизајн како би можеле да ги споредуваме, евентуално ако има гласање да има за што да гласаме.
Јас ги префрлив досегашните коментари од Главната страница на помошна страница (оваа) со цел да не се мешаат со другите коментари и да можеме да се фокусираме на проблемот.
Jas bi preporacal samo da ima povekje makedonizam t.e., makedonski simboli na glavnata stranica. --Johan1298 10:47, 17 јуни 2007 (UTC)
Јас сум за тоа да нема радикални промени на изгледот. Предлогот најгоре да одат брзите линкови до основните портали е прифатлив за мене. Исто така според моето мислење треба да се променат местата на Актуелно на македонската Википедија со Избрана статија на седмицата. Нема многу актуелности, за жал, на нашата википедија, така што нема ниту потреба горе да стои таа рубрика (Zdravko 09:49, 18 јуни 2007 (UTC))
Сериозно се доближуваме до бројката 10.000, ако правиме редизајн сега (денес-утре најдоцна) е вистинското време. Или олабавете со пишување нови статии :) --Милош 09:54, 19 јуни 2007 (UTC)
- Нема проблем ќе избришеме некоја статија :). Впрочем зголемувањето на бројот на статии не се должи толку на пишувањето на нови статии колку на ревизија на веќе постоечките. Имено во вкупната бројка не се бројат статиите кои немаат ниту една интерна вики врска. Така да со едноставно додавање на интерни врски во таканаречените ќорсокак страници добиваме зголемување на вкупниот број на статии. Е сега што забележав? Забележав дека добар број на таканаречени ќорсокак страници се македонски народни песни, кои ги има во Категорија:Македонски народни песни преку 200 на број. Е сега прашање дали овие статии треба да бидат на mk.wikipedia, можеби треба да бидат на друго место. Но тие статии не влегуваат во вкупниот број, бидејќи немаат ниту една внатрешна врска. Сега прашањето е дали можеме овие статии да ги броиме во вкупната бројка а тој начин што ќе вметнеме некој шаблон од типот (автор/текстописец, изведувач(и), ...). На овој начин ќе добиеме во истиот момент околу 9929+200 = 10129, што не е и толку лошо. Ако одлучиме да ги преместиме на друго место тогаш нема да загубиме на вкупниот број. Јас искрено сум во дилема што е подобро. Слична е ситуацијата и со селата. Во добар дел од нив (можеби околу 1500 стои првичниот шаблон креиран со бот, каде нема ниту еден внатрешен линк. Што значи ако се пушти повторно бот, ама сега да се среди шаблонот со интервики во смисла (селo во Република Македонија, село во општина Битола, ...) повторно имаме зголемување на вкупниот број на статии. Тука би можеле и да вметнуваме за секоја општина посебно шаблонче за селата во таа општина. Е сега не сум сигурен дали интервики линковите се бројат во секоја статија или само во шаблонот. Мое мислење е дека може да се направи нешто во оваа смисла бидејќи и нашите лути конкуренти (Сицилијански, Велшки, Латвијски, Јавајски и сл.)веројатно ги прават истите финти. Плус параметарот depth е на наша страна, имаме голем број на едитирања, преку 150.000, имаме респектибилна бројка на корисници. Крајно сето тоа нема да биде само шминка туку и зголемување на квалитетот на веќе постоечките статии.--brest 11:46, 19 јуни 2007 (UTC)
- Народните песни треба да одат на Викиизвор. Јас никако да седнам да го направам тоа префрлање, моја е вината. Се надевам некој период летово ќе ги префрлам. Од друга страна, многу други Википедии имаат нардони песни, не е страшно и да останат. За селата се согласувам, треба да се направи таа измена. --Милош 11:56, 19 јуни 2007 (UTC)
ОК, го ѕирнав предлогот на Бојан и ми се свиѓа, уз неколку забелешки:
- Некој кажа дека тоа „Добродојдовте на Википедија“ е малце нападно, гломазно и невкусно. Па мислам дека е у право. Треба или некако да се намали или да се уклопи у средината.
- Паметно е што содржината ќе биде на врвот на страницата, ама некако е голема и мислам дека ќе завзема многу простор (како кај Брест), така да, за да се види нешто друго - ќе мора да се скрола надоле. Тоа баш не ми се свиѓа (лично!). Мислам дека треба да се напраи некое „содржинче“ што ќе стои на врв или ко на ср.вики - од страна, а големата содржина да стои најдоле, ко сеа. Уствари може целата содржина да се направи вертикално. У краен случај може да напраиме нешто као teletext-like изглед: да имаме главна страница која ќе е нешто ко уводна, а после да постои нешто од типот Главна_Страница_број_два на која би имало поише детаљи и за нас и за статиите и за све (големата содржина може да дојде тука + сите работи што ќе се исфрлат од главната_број_еден)
- Слика на денот е убава идеја, што ја има на многу Википедии, и мислам (т.е. прашувам): дали може да се напраи бот што ќе избира слика секој ден (или недела, зависи на колкав период ќе се мењаат)? Ако може тоа да се напраи со бот ќе биде добро.
Сеа за сеа толку, ако ми текне нешто ќе кажам. Филип што бе? 11:30, 20 Јуни, (UTC)
- Во содржината или на почеток да се додаде дел за Википедија, врски до дефиниција, што е, авторски права, и обавезно, кирилица.
- Да се намали должината на Дали сте знаеле и Одбрана статија, и под нив да стои Одбрана слика и Актуелности (кратко)
- Содржината некако да се собере во висина
Мое мислење --Милош 19:38, 20 јуни 2007 (UTC)
- Во поглед на собирањето во висина на содржината мислам дека направив едно задоволително решение, погледни нова верзија на предлогот. Имено наместо како досега насловот на темата (пример МАКЕДОНИЈА, ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ...) да биде одвоен со
тагот од останатите подтеми, сега они си продолжуваат и автоматски се прекршуваат. За да се потенцира насловот на темата истиот запишан е целосно со големи букви а подтемите се напишани целосно со мали букви. Покрај тоа поставен е на нула т.н. cellpadding. Така да според моја слободна проценка имаме намалување во висина за 10-20%. Исто така малку се изменети подтемите во МАКЕДОНИЈА, бидејќи главната тема е МАКЕДОНИЈА не мора да се повторува поимот македонски во насловите на подтемите. Од десната страна на содржината споени се актуелните ПОМОШ и ОСТАНАТО во еден главен наслов ВИКИПЕДИЈА. - Што се однесува со должината на дали сте знаеле и одбаран статија, тоа е лесноизводливо, ќе се намали бројот на одбрани статии. Камо да имаме википедијанци како Виктор и Филип (заинтересирани за уметност и математика консеквентно) и за останатите теми (Философија, Историја, Технологија, ...) тогаш мој предлог би бил само да се избира од секој главен портал она што е најинтересно за овие статии.
- BTW, кога ги спомнав овие двајца корисници погоре, сега сакам и јавно да го искажам моето задоволство од нивната работа.--brest 22:07, 20 јуни 2007 (UTC)
- Има проблем со приказот на Firefox 2.0.0.4/Ubuntu 7.04, текстот во содржината не се прекршува. Ќе пробам да најдам каде е проблемот... --Милош 11:04, 21 јуни 2007 (UTC)
- OK, мислам дека проблемот е надминат. Имено потребно е да се вметне барем едно празно место после шаблонот {{.}}. Може и пред, или и пред и после ама мислам дека е најдобро само после шаблонот, а точката да биде залепена за претходното зборче. Мислам дека естетски така е подобро а и прекршувањето кога ќе се случи точката би требало да остане во горниот ред, а новиот ред да започне со зборчето кое следи а не со точка, подобро е за око.--brest 11:40, 21 јуни 2007 (UTC)
- Се вклучувам доста касно во дискусијава, и моите забелешки веројатно ќе бидат дочекани на нож, и тоа со право, зошто во последно време се нешто изгледа како да мрчам од страна. Сепак, мислам дека морам да коментирам на оваа тема. Да скратам: мислам дека сегашниот дизајн не е оптимален. Причините ќе ги поделам на содржински и естетски.
- Содржински на дизајнот му фали соодветен дел кој би линкувал кон страниците за уредување: водич за уредување - тој мислам дека треба да завземе централно место. Понатаму, на страницата има некои содржини што не се сеќавам дека било кога биле дискутирани за на главна страница. Избраниот портал... навистина не гледам причина зошто ова да се најде на главна страница. Избрана мултимедијална содржина... тоа може да се спои со избрана слика, мислам. "На денешен ден" - супер, само се надевам дека ова регуларно ќе го ажурираме.
- Естетски - пренатрупано со информации. Премногу текст, тешки бои, згора на тоа, подвижни слики...
- Никогаш не е касно да се вклучиш. Изреката во последно време се нешто изгледа како да мрчам од страна, изгледа ти е вообичаена, сум ја забележал на повеќе места. Нема ништо идеално и оптимално. Се нешто ќе фали. Освен секцијата мултимедијална содржина јас мислам дека се било дискутирано, мене ми дојде идеја даја вметнам бидејќи ми требаше да одат во пар секциите од лево и од десно. Се сложувам дека некако може да се вклопи мултимедијаланта содржина иако не сум размислувал како, со оглед на тоа што ќе се распарат секциите. А за порталити имаме дискутирано, барем јас имам доста дискутирано и образложено зошто сметам дека треба да им дадеме значење, а се имаат и дел од останатите корисници изјаснето позитивно за нив. Сега нема да се повторувам. Би те замолил да ги прочиташ претходните дискусии па ќе разговараме на оваа тема повторно. Впрочем и во верзијата кај Bojan ги има линковите до порталите. Јас предлагам покомпактен дизајн, без повторување. Што се однесува до страниците за уредување, таквии линкови има, и не разбирам како мислиш да им дадеме поцентрално место од она што им е дадено, споредено со она што до сега беше. Па ако сакаш и со предлогот на страницата на Бојан не гледам дека е ептен на централно место. Јас не сум веднаш за гласање, бидејќи дискусијата не е целосно исцрпена.--brest 00:51, 25 јуни 2007 (UTC)
- За мултимедијалната содржина мислам дека навистина во моментов не и место на главна страница. Не само што немаме доволно слики, не само што тие слики се не баш најсјајни (вчера имаше едно коњче што трчкаше :-)), туку и визуелно ја оптоваруваат страницата, а како што забележа еден анонимен корисник скоро (на ова не се сетив), може да бидат мал проблем за dial-up корисниците. За порталите, во ред, зборувано е дека треба да има линкови до портали на главна страница, само навистина не се сеќавам дека некаде е постигнат консензус да има избран портал на главна страница. Можеби сум во грешка, или не сум прател. Во секој случај, во ред, ако заедницата смета дека такво нешто (избран портал) е потребно на главна страница, нека има, со тоа што сметам, дека таа секција треба да е далеку помала од таа што е сега, и да не завзема централно место. Како што забележувам, ниедна од другите Википедии нема Избран портал на главна страница, и веројатно имаат добри причини за тоа. Конкретно, за порталите, сами по себе, мислам дека се добра идеја, но мислам дека бараат мини подзаедници кои постојано ќе работат на нивно ажурирање. Со преку сила 20 секојдневно активни корисници, такви заедници нашата Википедија нема. Се на се, фокусот што на порталите им се даде во последно време на нашата Википедија, ми е малку неразбирлив во ситуација кога имаме проблеми како лоша категоризација на статии, непреведени Википолитики, илјадници нелиценцирани слики, итн., но што е тука е. Можеби, порталите и Избраниот портал се навистина the next big thing на Википедија, само јас ќе кревам раменици уште некое време :-). --FlavrSavr 18:25, 25 јуни 2007 (UTC)
- Што се однесува со естетскиот дел, мислам дека забелешките ми се на место... некако мислам дека комбинацијата на пастелни и помеки бои од преработениот предлог на Бојан повеќе одговара. И во секој случај, во делот со Дали сте знаеле би требало да има помалку текст... --FlavrSavr 18:25, 25 јуни 2007 (UTC)
- Јас предлагам избраната слика да оди едно место погоре на исто ниво со избрана статија. Ќе добиеме подобар естетски изглед на главната страница. Мислење за порталите треба да дадат оние кои ги користат порталите и секако кои ги уредуваат, бидејќи категоризирањето на статиите не е доволно за сконцентриран преглед врз содржините на википедија на една тема. Како што рече порталите се the next big thing на Википедија, а јас би додал на википедија на македонски јазик и на јазиците кои се на слично рамниште. Додека за википедиите на водечките јазици (анлиски, германски, руски, француски, ...) тоа е нормална работа. А кон што ние се стремиме? Кон просечните изданија на википедија или кон врвните? Ние мора да им посветиме внимание на порталите. Порталите ќе придонесат за забрзување на растот на нашата википедија. Впрочем гледам со каков елан работи Виктор на средување на порталите и со каков елан работи Филип на уредување на порталот Математика. А тие ни се едни од најдрагоцените уредувачи. Јас сакам да прочитам се за Македонија (историја, култура, уметност, економија, туризам, образование, ...) тргнувајќи од една почетна статија, од порталот. Како што сакам да прочитам се за математика тргнувајќи од порталот. Ок. се сложувам дека не мора избраниот портал да оди горе на страницата, затоа предлагам избраната слика да оди едно ниво погоре. Значи да им ги замениме местата. А може заедно со мултимедијалната содржина да оди уште подолу за сметка на секциите дали сте знаеле и на денешен ден се инсистира. --brest 19:25, 25 јуни 2007 (UTC)
- Во поглед на боите кои се употребени на главната страница, јас иако посветив доста време, мислам дека направив преку 150 уредувања, се сложувам во целост со тоа ако некој има подобар сенс за ускладување на боите да се нафати тоа да го стори и да ни даде пример да го видиме. И мене до некаде повеќе ми се допаѓа ускладеноста на боите на предлогот што е кај Бојан ама имам и забелешки. А што се однесува до дизајнот на овој предлог воопшто не ми се допаѓа бидејќи целосно е копија на босанската главна страница, како прво, а како второ има и низа недостатоци кои ги имаме дискутирано до сега.--brest 19:25, 25 јуни 2007 (UTC)
- Мислам дека вака е доста подобро... :-) --FlavrSavr 15:48, 28 јуни 2007 (UTC)
- Ќе ја дотераме некако како што треба. --brest 17:23, 28 јуни 2007 (UTC)
- Brest, знам дека ти доаѓа да ми удриш една, и веројатно со право! :-) Можеби бев престрог, само навистина сакам да помогнам медиумскиот фокус што ќе следи по 10.000кава да го искористиме најоптимално за промоција на проектов... На Милош му сугерирав да интервенира на дизајнот на Бојан... Предлагам да се гласа за еден од двата предлози, па што реши заедницата, тоа да оди... --FlavrSavr 00:32, 25 јуни 2007 (UTC)
Аирлија!
уредиЕпа ај, вака официјално од мене, аирлија нова главна и 10.000 статии! Па уште многу пати по 10.000 да си славиме :))))) Само една забелешка: обавезно да се стават порталите на главна!!! Филип што бе? 24 Јуни 2007, 14:36 (UTC)
Бидејќи веќе сите си испочеститаа, ајде и јас да се приклучам кон честитките. Само една мала додавка - кој може веднаш нека започне со уредување на рубриката На денешен ден, зашто очигледно има доста работа, а верувам дека никој не би сакал да заостанеме. --Виктор Јованоски 07:24, 25 јуни 2007 (UTC)
Честито! Конечно 10 000 Новиот редизајн е подобар од претходниот, само ако може на главната страна да нема анимации и мултимедија, зошто за оние кои се на dial-up, лоадирањето е поспоро. Тоа да биде на некоја друга страна. Поздрав.
Зошто на главната страна пишува дека има 10.405 страници, кога кај Скорешни промени пишува дека има 10.538 статии. Тоа е најверојтно заради мојата cache IE6.0 меморија. Ама сепак некако поправете го тоа. ПОЗДРАВ.
Одбрана слика
уредиНели ви се чини дека одбраната слика е малку преголема во соодност со останатите елементи? --Б. Јанкулоскиразговор 13:46, 2 јули 2007 (UTC)
- Веројатно мислиш на празниот меѓупростор кој се јавува после Избрана статија. Има еден предлог дизајн, погледни тука кој што го решава тој проблем на празен меѓупростор по вертикала помеѓу секциите на главната страница. Меѓутоа имаше одредени реакции зошто секциите не се хоризонтално порамнети. Така да во моментов ја имаме оваа главна страница. Можеби решението би било да се внимава секциите кои одат во пар на иста висина да имаат иста висина кое би се постигнало со мануелно додавање или одземање на текст, ама би било напорно да се внимава секогаш на тоа, посебно затоа што во различни резолуции може да имаме различни ефекти, кај различни веб прелистувачи повторно различни ефекти. Така да имаме ситуација кога ни двата предожени дизајна не задоволуваат целосно, се бара нов дизајн или предлог како тоа да се реши.--brest 14:17, 2 јули 2007 (UTC)
- Да, разбирам. Па добро, во тој случај може и така да стои. Мислам, не е дека нешто претерано ми пречи, туку мислев дека ќе беше подобро ако беше помала. Но доколку тоа отвара поголеми проблеми, тогаш нека стои така. --Б. Јанкулоскиразговор 23:28, 2 јули 2007 (UTC)
A da ostavite vie nekoj kontakt za da ve kontaktirame malce kasno se vklucuvame vie iamte iskustvo da ve prasame?
Мојот предлог
уредиМоја забелешка и коментар
уредиРедно е целата главна страна на Википедија да ја промениме, монотона е веќе и не е интересна. Макар мали промени би биле добродојдени. Поздрав --MacedonianBoy 20:47, 16 мај 2008 (UTC)