Радила
Радила или Радела (грчки: Οδηγήτρια, Одигитрија; до 1926 г. Ραδέλα, Радела[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 42 жители (2021).
Радила Οδηγήτρια | |
---|---|
Координати: 41°13′N 23°0′E / 41.217° СГШ; 23.000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 42 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа западно од градот Валовишта и јужно од Станица Порој, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 80 метри.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Радила било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радила имало 300 жители Турци.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 175 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 161 лице.[3]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 171 бегалец), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Одигитрија (Οδηγήτρια), во превод „патоводителка“.[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови за сточарење внимание му се посветува и на сточарството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 356 | 226 | 312 | 131 | 100 | 53 | 52 | 55 | 42 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Станица Порој, во кој е влегува и истоименото село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 205–206.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 166. ISBN 954430424X.