Приклучување на Македонија кон ЕУ

Приклучувањето на Македонија кон ЕУ е на агендата за идното проширување на европската унија уште од 22 март, 2004 година, кога е поднесена апликацијата за прием во унијата. На 9 ноември, 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да ѝ додели статус на кандидат. Така, на 17 декември, 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ доделило статус на кандидат за членство во Европската Унија. Следејќи го примерот на сите земји членки кои го поминале процесот на приклучување, бргу по доделувањето на кандидатскиот статус, државите ги започнале преговорите за приклучување. Сепак, поради низа проблеми во надворешната политика, пред сè спорот со името со соседна Грција, Почетокот на преговорите беше официјално започнат на 19 јули 2022 година.

Приклучување на Македонија кон ЕУ
Статус
кандидат

Апликација24 март 2004
Одобрение24 март 2020
Приемне
Мреж. местоСекретаријат за европски прашања
Напредок
Напредок на скрининготПочетокот на скринингот беше официјално започнат на 15 Септември 2022 година
Затворени поглавја
Не се преговара
Напредок на ратификацијата
Сè уште не е ратификуван од сите земји членки
Статистики
ЕУ просек Македонија
ППП БДП ($M)552,78017,396
ППП по глава на жител ($)40,60016,486
Област (km2)165,04825,713
Население18,583,5982,038,514

Хронологија на односите со ЕУ

уреди
Временска рамка
Датум Настан
Октомври, 1992 Република Македонија назначува свој претставник во Брисел, согласна да го користи „поранешна Југословенска“ пред уставното име („Република Македонија“) во билатералните спогодби.
22 декември, 1995 Република Македонија и ЕУ воспоставиле дипломатски односи кога ЕУ ги отворила преговорите со Република Македонија во насока на склучување на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските операции и транспортот.
10 март, 1996 Република Македонија станува полноправен партнер во PHARE програмата (Полска и Унгарија: Помош за закрепнување на економиите).
Ноември 1997 Спогодбата за транспорт стапува на сила.
1 јануари, 1998 Спогодбата за соработка стапува на сила.
Февруари 1998 Во Охрид, согласно Спогодбата за соработка, се одржал првиот политички дијалог на министерско ниво.
11 март, 1998 Потпишана е Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата била во сила од 1 август 1997 година). Спогодбата важела до 31 декември 1998 година. Сепак, почнувајќи од 1 јануари 2000 година насила е обновената Спогодба за трговија и текстил.
21 и 22 март, 1998 Во Скопје, се одржува првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка. Советот се формирал со цел да ја следи реализацијата на Спогодбата за соработка, постигнувања и развој во структуралните реформи, како и да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања.
5 март, 1999 Во Брисел, се одржува вториот состанок на Советот за соработка.
24 Јануари, 2000 Биле усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ.
Март 2000 Со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ се подигнати на амбасадорско ниво.
5 април, 2000 Официјално започнала првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за ССА. Преговорите за ССА се реализирале во значително краток период (април - ноември 2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички преговори.
Јуни 2000 За време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, била прифатена перспективата (одредбата) за потенцијално членство.
24 Ноември, 2000 ССА е инцирана на Самитот во Загреб.
Декември 2000 Стапува во сила Регулативата на Советот за воведување на трговски исклучителни мерки, како и за вклучување на Република Македонија во Регионалната Програма КАРДС за 2002 - 2006.
16 февруари, 2001 Усвоена е Времената Спогодба за регулирање на трговските одредби од ССА.
9 април, 2001 Потпишана е ССА. Истовремено, била потпишана и Времената Спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу Република Македонија и ЕУ. Истата стапува на сила веќе на 1 јуни 2001 година.
Јануари, 2002 Дополнителен Протокол за вино и алкохолни пијалаци и Спогодба за трговија со текстилни производи.
20 февруари, 2003 Во Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повторува ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата.
25 јули, 2003 Последен од шестте состаноци во Советот за соработка во Брисел.
Февруари 2004 Македонското Собрание ја усвојува „Декларацијата за поднесување на апликација за членство во Европската Унија“.
22 март, 2004 На свечената церемонија во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ го поднела барањето за членство во Европската Унија.
1 април, 2004 Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) стапила во сила на 1 април, 2004 година откако ја ратификуваат сите земји членки на ЕУ.
3 јуни, 2004 Прв состанок на Комитетот за Стабилизација и Асоцијација, потпишан во Скопје.
6 септември, 2004 Македонската влада ја усвојува Националната стратегија за европска интеграција.
14 септември, 2004 Во Брисел се одржува првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
1 октомври, 2004 Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предал Прашалникот на Владата на Република Македонија.
31 јануари, 2005 Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ.
14 февруари, 2005 Делегација на Република Македонија во Брисел, ги предала Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската комисија.
10 мај, 2005 Дополнителните Прашања на Прашалникот на Европската Комисија кои биле добиени на 22 април 2005, биле одговорени, усвоени од Владата на РМ и пратени во Брисел.
9 ноември, 2005 Европската комисија дава позитивна препорака за приклучување на Македонија кон ЕУ.
17 декември, 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделува статус на кандидат за членство во Европската Унија.
9 ноември, 2006 Европската комисија започнува преговори за визната либерализација со Македонија.
23 јуни, 2008 По ЕУ самитот, решавање на спорот со името се додава како предуслов за приклучување кон ЕУ.[1]
14 октомври, 2009 Европската комисија препорачува почеток на преговорите за полноправно членство на Република Македонија.[2]
29 март, 2012 Европската комисија започнува дијалог за приклучување на највисоко ниво.[3]
25 јануари, 2019 Преспанскиот договор влегува на сила на 25 јануари, 2019, ставајќи крај на деценискиот спор со името. Во договорот е назначено дека Грција нема повеќе да става вето на пристапните преговори помеѓу Северна Македонија и Европската Унија.
26 март, 2020 Европскиот совет формално одобрува почеток на пристапните преговори.[4]

Процес за визна либерализација

уреди

На 1 јануари, 2008 договорот за визна либерализација помеѓу Македонија и ЕУ стапува на сила.[5] Македонија ги започнува преговорите за визна либерализација со ЕУ во февруари, 2008 и е додадена на листата на безвизни државајни на 19 декември, 2009, дозволувајќи на своите граѓани да влезат во шенген-зоната, како и во Бугарија, Кипар и Романија без виза и само со биометриски пасоши.[6]

Спорови

уреди

Од осамостојувањето на Република Македонија од Југославија, Македонија се соочува со низа проблеми во внатрешната и надворешната политика. Еден од главните проблеми во внатрешната политика на земјата е односот со малцинските заеднци. Така, Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, мирот го одржува главно со спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етничките Албанци добиле големо автономно управување. Премиерот Никола Груевски изјавил дела земјата ќе биде спремена да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година.[7] Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период. На 17 декември 2005 година, Европскиот совет ја поздравила земјата за нејзините достигнувања во спроведувањето на поголем број на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и асоцијација, Охридскиот договор).[8]

Најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицира територијални амбиции кон сопствената територија на Грција односно северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува "Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името станало услов за пристапување кон унијата[9]. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение[10], односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијата[11].

Напредок на преговорите

уреди

Во тек е скрининг процесот и не се отворени поглавјата за преговарање.

Скрининг и датуми на поглавја
Напредок 0 / 33 0 / 33 0 / 33 0 / 33
Acquis поглавје Почеток на скринингот Крај на скринингот Отворено поглавје Затворено поглавје
1. Слободно движење на стоки
2. Слободно движење на работници
3. Право на основање и слобода на давање услуги
4. Слободно движење на капитал
5. Јавни набавки
6. Право на трговски друштва
7. Право на интелектуална сопственост
8. Политика за конкуренција
9. Финансиски услуги
10. Информатичко општество и медиуми
11. Земјоделство и рурален развој
12. Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика
13. Рибарство
14. Транспортна политика
15. Енергетика
16. Даноци
17. Економски и монетарен сојуз
18. Статистика
19. Социјална политика и вработување
20. Претпријатија и индустриска сопственост
21. Транс-европски мрежи
22. Регионална политика и координација на структурни инструменти
23. Правосудство и темелни права
24. Правда, безбедност и слобода
25. Наука и истражување
26. Образование и култура
27. Животна средина и климатски промени
28. Заштита на потрошувачите и здравствена заштита
29. Царинска унија
30. Надворешна политика
31. Безбедносна и одбранбена политика
32. Финансиска контрола
33. Финансиски и буџетски одредби
34. Институции
35. Други прашања
Acquis поглавје Почеток на скринингот Крај на скринингот Отворено поглавје Затворено поглавје
Напредок 0 / 33 0 / 33 0 / 33 0 / 33
Извештај на Европската комисија за Октомври 2020[12]
Acquis поглавје Статус на преговори Способност за усвојување
Overview
  • 33 неотворени поглавја
  • 0 отворени поглавја
  • 0 затворени поглавја
  • 2 поглавја со ништо за усвојување
неотворени
  • 2 поглавја на рано ниво
  • 1 поглавје со ниско ниво на подготовка
  • 2 поглавја со "ниско ниво на подготовка" и "средна подготовка"
  • 23 поглајва со средно ниво на подготовка
  • 5 поглавја со добро ниво на подготовка
  • 2 поглавја со ништо за усвојување
1. Слободно движење на стоки неотворено Средна подготовка
2. Слободно движење на работници неотворено Рано ниво
3. Право на основање и слобода на давање услуги неотворено Средна подготовка
4. Слободно движење на капитал неотворено Средна подготовка
5. Јавни набавки неотворено Средна подготовка
6. Право на трговски друштва неотворено Добро ниво на подготовка
7. Право на интелектуална сопственост неотворено Средна подготовка
8. Политика за конкуренција неотворено Средна подготовка
9. Финансиски услуги неотворено Средна подготовка
10. Информатичко општество и медиуми неотворено Средна подготовка
11. Земјоделство и рурален развој неотворено Средна подготовка
12. Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика неотворено Добро ниво на подготовка
13. Рибарство неотворено Средна подготовка
14. Транспортна политика неотворено Средна подготовка
15. Енергетика неотворено Средна подготовка
16. Даноци неотворено Средна подготовка
17. Економски и монетарен сојуз неотворено Средна подготовка
18. Статистика неотворено Средна подготовка
19. Социјална политика и вработување неотворено Средна подготовка
20. Претпријатија и индустриска сопственост неотворено Средна подготовка
21. Транс-европски мрежи неотворено Добро ниво на подготовка
22. Регионална политика и координација на структурни инструменти неотворено Средна подготовка
23. Правосудство и темелни права неотворено Средна подготовка 
24. Правда, безбедност и слобода неотворено Средна подготовка 
25. Наука и истражување неотворено Добро ниво на подготовка
26. Образование и култура неотворено Средна подготовка
27. Животна средина & Climate Change неотворено Ниско ниво на подготовка
28. Заштита на потрошувачите и здравствена заштита неотворено Средна подготовка
29. Царинска унија неотворено Добро ниво на подготовка
30. Надворешна политика неотворено Средна подготовка
31. Безбедносна и одбранбена политика неотворено Средна подготовка
32. Финансиска контрола неотворено Средна подготовка
33. Финансиски и буџетски одредби неотворено Рано ниво
34. Институции Ништо за усвојување N/A
35. Други прашања Ништо за усвојување N/A
Легенда:

Затемнетите поглавја се затворени поглавја.

  поглавја за кои Европската Комисија истовремено има доделно статус на "ниско ниво на подготовка" и "средна подготовка".

  целосно некомпатибилно   рано ниво   потребни се значителни напори   ниско ниво на подготовка   потребни се повеќе напори   средна подготовка   не се очекуваат поголеми тешкотии   добро ниво на подготовка   добра подготовка / добар напредок

Историјат на извештаи
Acquis поглавје 2011[13] 2012[14] 2013[15] 2014[16] 2015[17] 2016[18] 2018[19] 2019[20] 2020[21]
1. Слободно движење на стоки Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
2. Слободно движење на работници Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво
3. Право на основање и слобода на давање услуги Рано ниво Средна подготовка Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
4. Слободно движење на капитал Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
5. Јавни набавки Добра подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
6. Право на трговски друштва Потребни се значителни напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка
7. Право на интелектуална сопственост Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
8. Политика за конкуренција Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
9. Финансиски услуги Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
10. Информатичко општество и медиуми Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
11. Земјоделство и рурален развој Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
12. Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика Добро ниво на подготовка Рано ниво Рано ниво Рано ниво Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка
13. Рибарство Средна подготовка Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
14. Транспортна политика Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
15. Енергетика Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
16. Даноци Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
17. Економски и монетарен сојуз Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
18. Статистика Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
19. Социјална политика и вработување Потребни се значителни напори Потребни се значителни напори Рано ниво Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
20. Претпријатија и индустриска сопственост Ниско ниво на подготовка Потребни се значителни напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
21. Транс-европски мрежи Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка
22. Регионална политика и координација на структурни инструменти Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Ниско ниво на подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
23. Правосудство и темелни права Потребни се значителни напори Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка Средна подготовка  Средна подготовка 
24. Правда, безбедност и слобода Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка  Средна подготовка 
25. Наука и истражување Потребни се значителни напори Потребни се повеќе напори Средна подготовка Средна подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка
26. Образование и култура Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
27. Животна средина Потребни се значителни напори Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Потребни се повеќе напори Средна подготовка Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка Ниско ниво на подготовка
28. Заштита на потрошувачите и здравствена заштита Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
29. Царинска унија Не се очекуваат поголеми тешкотии Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка Добро ниво на подготовка
30. Надворешна политика Ниско ниво на подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
31. Безбедносна и одбранбена политика Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
32. Финансиска контрола Потребни се повеќе напори Рано ниво Рано ниво Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка Средна подготовка
33. Финансиски и буџетски одредби Целосна некомпатибилност Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво Рано ниво
34. Институции Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување
35. Други прашања Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување Ништо за усвојување
Легенда:

Затемнетите поглавја се затворени поглавја.

  поглавја за кои Европската Комисија истовремено има доделно статус на "ниско ниво на подготовка" и "средна подготовка".

  целосно некомпатибилно   рано ниво   потребни се значителни напори   ниско ниво на подготовка   потребни се повеќе напори   средна подготовка   не се очекуваат поголеми тешкотии   добро ниво на подготовка   добра подготовка / добар напредок

Наводи

уреди
  1. „Macedonia PM in Greek outburst after EU summit“. EurActiv. 23 June 2008. Архивирано од изворникот на 9 June 2011.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 16 October 2009. Посетено на 14 October 2009.
  3. „The former Yugoslav Republic of Macedonia“. Архивирано од изворникот 28 August 2012. Посетено на 18 May 2013.
  4. RFE/RL's Balkan Service (24 March 2020). „After Years Of Delay, North Macedonia, Albania Get OK To Begin EU Accession Talks“. Radio Free Europe/Radio Liberty.
  5. „EU-the former Yugoslav Republic of Macedonia relations“. European Commission. Архивирано од изворникот на 14 June 2012. Посетено на 24 July 2012.
  6. „EU lifts visa restrictions for Serbia“. 30 November 2009. Архивирано од изворникот на 3 December 2009. Посетено на 30 November 2009.
  7. „Mazedoniens Premier Gruevski im Interview: "Beitrittsverhandlungen ab 2008". Der Standard. 7 ноември 2006. Посетено на 2006-11-07.
  8. Presidency Conclusions – Brussels, 15/16 декември 2005, 15914/05 7, EN
  9. „Macedonia PM in Greek outburst after EU summit“. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 2010-04-23.
  10. Greece threatens Macedonia NATO veto - Yahoo! News UK
  11. Violence Erupts in Macedonian Election
  12. „North Macedonia 2020 Report“ (PDF). European Commission (англиски). Brussels: European Commission. 6 October 2020. Посетено на 10 November 2020.
  13. „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA 2011 PROGRESS REPORT“ (PDF). European Commission. 10 December 2011. Архивирано (PDF) од изворникот 4 June 2019. Посетено на 1 October 2019.
  14. „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA 2012 PROGRESS REPORT“ (PDF). European Commission. 10 October 2011. Архивирано (PDF) од изворникот 29 July 2019. Посетено на 1 October 2019.
  15. „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA 2013 PROGRESS REPORT“ (PDF). European Commission. 16 October 2013. Архивирано (PDF) од изворникот 27 September 2019. Посетено на 1 October 2019.
  16. „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA 2014 PROGRESS REPORT“ (PDF). European Commission. 8 October 2014. Архивирано (PDF) од изворникот 28 May 2019. Посетено на 1 October 2019.
  17. „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA Report 2015“ (PDF). European Commission. 11 October 2015. Архивирано (PDF) од изворникот 28 May 2019. Посетено на 1 October 2019.
  18. „The former Yugoslav Republic of Macedonia 2016 Report“ (PDF). European Commission. 9 November 2016. Архивирано (PDF) од изворникот 13 June 2019. Посетено на 1 October 2019.
  19. „The former Yugoslav Republic of Macedonia 2018 Report“ (PDF). European Commission. 17 April 2018. Архивирано (PDF) од изворникот 29 July 2019. Посетено на 1 October 2019.
  20. „North Macedonia 2019 Report“ (PDF). European Commission. 29 May 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 7 September 2019. Посетено на 1 October 2019.
  21. „North Macedonia 2020 Report“ (PDF). European Commission (англиски). Brussels: European Commission. 6 October 2020. Посетено на 10 November 2020.

Надворешни врски

уреди