Општина Прешево
Општина Прешево (албански:Komuna e Preshevës, српски: Општина Прешево) е општина во Пчињскиот округ во јужниот дел на Централна Србија. Центар на општината е градот Прешево.
Општина Прешево | ||
---|---|---|
Општина | ||
Местоположба на општината Прешево во рамките на Србија | ||
Координати: 42°19′00″N 23°41′00″E / 42.31667° СГШ; 23.68333° ИГД | ||
Земја | Србија | |
Округ | Пчињски | |
град | Прешево | |
Управа | ||
• Градоначалник | Шќиприм Арифи | |
Површина | ||
• Општина | 264 км2 (102 sq mi) км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2) | |
Население (Попис 2002 во Србија) | ||
• Град | 13.426 | |
• Општина | 34.904 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 17523 | |
Повик. бр. | +381 17 | |
Рег. таблички | VR | |
Мреж. место | www.presevo.rs |
Географија
уредиСпоред податоците од 2004, општината опфаќа површина од 264 км, и се наоѓа во јужна Србија на границата со Косово и Македонија.
Население
уредиСпоред пописот на населението од 2002 година, во општината живеат 34,904 жители во 35 населени места.[1] 89,10% од населението се Албанци и мал дел Срби кои го говорат торлачкиот дијалект. Во општината исто така се зборува и турскиот и ромскиот јазик.
Населението во општина Прешево има, скоро 90%, највисока процентуалност на Албанците во Централна Србија не вклучувајќи ја спорната територија Косово.
Населени места
уредиОпштина Прешево се состои од 35 населби, од кои еден град и 34 села.
Населби според етничко мнозинство
уредиПовеќето села во општината Прешево имаат апсолутно албанско мнозинство, освен селата: Љаник, Свињиште, Славуевац и Цакановац каде Србите се етничко мнозинство.
Исто така, повеќето села имаат 99% албанско население, но има и некои села каде Србите во Прешевската долина живеат и сочинуваат значително малцинство како: Буштрање, Големи Дол, Рељан, Стрезовце, Трнава, Чукарка и градот Прешево.
Етнички состав | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Срби | % | Албанци | % | Вкупно | ||||||||
1961 | 6,741 | 25.21% | 18,229 | 68.18% | 26,738 | ||||||||
1971 | 5,777 | 19.22% | 23,625 | 78.60% | 30,057 | ||||||||
1981 | 4,204 | 12.38% | 28,961 | 85.31% | 33,948 | ||||||||
1991 | 3,206 | 8.23% | 34,992 | 89.85% | 38,943 | ||||||||
2002 | 2,984 | 8.55% | 31,098 | 89.10% | 34,904 | ||||||||
2003 | 36 215 | ||||||||||||
2004 | 37 154 | ||||||||||||
2005 | 37 887 | ||||||||||||
2006 | 38 385 | ||||||||||||
2007 | 38 849 |
Етнички состав
уреди(2002)
Политика
уредиВо 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги окупира овие три општини од Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи терористите да не ги префрлат борбите во Косово. Миговната ситуација е стабилна, но Албанците прават некаква напнатост поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив. Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) има свој споменик во центарот на градот Прешево, кој е предмет на спор меѓу месното албанско население и владата на Србија. Рагми Мустафа, претседателот на општината рече дека споменикот не би требало да биде отстранет, додека српскиот премиер Ивица Дачиќ настојува овој споменик да биде отстранет, и им даде рок на Албанците да го тргнат споменикот до 17 јануари, во спротивно српската жандармерија ќе го отстрани со сила. Од декември 2005, претходниот градоначалник го изгуби своето седиште и беше променет со водачот Рагми Мустафа од албанската демократска пертија ПДШ. По шест месеци, населението повторно гласаше и повторно Рагми Мустафа беше избран за претседател на општина Прешево за следните четири години. На 13 мај 2008 и 10 мај 2012 населението повторно го изгласа Рагми Мустафа да биде претседател на општина Прешево.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Statistički zavod Srbije“. Архивирано од изворникот на 2009-02-25. Посетено на 2012-11-26.
Оваа статија поврзана со Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |