Ивица Дачиќ
Ивица Дачиќ (1 јануари 1966 во Призрен) — српски политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014. Во периодот 2014–2017 бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017, Дачиќ повторно ја преземал премиерската позиција. Во периодот 1999–2000 бил претседател на КК Партизан.[1]
Ивица Дачиќ | |
---|---|
Премиер на Србија | |
На должноста 31 мај 2017 – 29 јуни 2017 | |
Претседател | Александар Вучиќ |
Претходник | Александар Вучиќ |
Наследник | Ана Брнабиќ |
На должноста 27 јули 2012 – 27 април 2014 | |
Претседател | Томислав Николиќ |
Претходник | Мирко Цветковиќ |
Наследник | Александар Вучиќ |
Министер за надворешни работи | |
На должноста | |
Стапил 27 април 2014 | |
Премиер | Александар Вучиќ |
Претходник | Иван Мркиќ |
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 7 јули 2008 – 27 април 2014 | |
Премиер | Мирко Цветковиќ |
Претходник | Мирјана Орашанин |
Наследник | Небојша Стефановиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 јануари 1966 Призрен, СФР Југославија |
Партија | Социјалистичка партија |
Сопружник | Сања Дачиќ |
Деца | 2 |
Установа | универзитет во Белград |
Потпис |
Дачиќ дипломирал на универзитетот во Белград во 1989 година, а во 1991 се приклучил на Социјалистичката партија. Дачиќ брзо напредувал во партиската хиерархија, па така во 1992 станал портпарол на партијата. Тој многу се угледувал на српскиот претседател и водач на социјалистите Слободан Милошевиќ, па така се здобил со прекарот „малиот Слобо“.[2] По симнувањето од власт на Милошевиќ на 5 октомври 2000, Дачиќ станал член на претседателството на партијата, а по смртта на Милошевиќ во 2006 и водач на социјалистите. Дачиќ работел на реформирање на партијата од националистичка во про-европски ориентирана. Оженет е со Сања со која има две деца. Зборува руски и англиски јазик.[3]
Наводи
уреди- ↑ Beta (28 June 2012). „Karijera i dostignuća Ivice Dačića“. 24 sata. Архивирано од изворникот на 2014-07-07. Посетено на 2017-05-23.
- ↑ „"We've changed": New Serb PM is ex-aide to Milosevic“. Chicago Tribune. 27 July 2012. Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 2017-05-23.
- ↑ „Profile: Prime Minister Ivica Dacic of Serbia“. BBC. 27 July 2012.
Надворешни врски
уреди„Ивица Дачиќ“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 23 мај 2017 г.