Шкотската азбука (aibidil) е официјална азбука за запишување на шкотскиот јазик. Азбуката има 18 букви, од кои пет се самогласки, останатите согласки.

Паравопис

уреди
 
Огамско писмо.

Прастариот или огамскиот ирски јазик, претходник на староирскиот јазик, користел линиски огамско писмо. Огамското писмо се состоело од знаци запишано под и над хоризонтална линија. Со продорот на христијанството во 5 век се вовела латиницата на просторите на Британските Острови и на Ирска. Историски, гојделските јазици порано биле дијасистем кој се протегал од јужна Ирска, преку островот Ман па сè до северна Шкотска.

Класичниот гелски јазик се користел како литературен јазик во Шкотска сè до XVIII век. Разликата помеѓу правописот на шкотскиот и ирскиот јазик е како резултат на скорешни правописни реформи кои ги стандардизирале јазиците.

Со преводот на Новиот завет на шкотски јазик во 1767 година го стандардизирал јазикот. За време на Втората светска војна, правописот на ирскиот јазик претрпел нова реформа и се вовел официјалниот правопис наречен Caighdeán Oifigiúil. Понатамошните реформи во 1957 година резутирале со елиминирање на некои тивки букви од јазикот, но кои денес се користат во шкотскиот јазик. Шкотската катедра за оценување во 1981 година препорачала шкотска конвенција за правопис, која била прифатена од поголем број на издавачи и агенции, но сепак од некои академци се смета за контроверзна.[1]

Азбука

уреди
 
Сообраќаен знак на шкотски.

Модерната шкотска азбука се состои од 18 букви засновани на латиницата. Тие се:

Големи букви
A B C D E F G H I L M N O P R S T U
Мали букви
a b c d e f g h i l m n o p r s t u

Буквата „h“ која денес се користи за лениција на согласките, не се користела во стариот шкотски правопис. Наместо неа се ставало точка над буквата која треба да е ленитирана. Традиционално, имињата на буквите биле според дрвја, но овој начин на именување не се користи повеќе.

Квалитетот на согласката е индициран со запишување на самогласката која ја опкружува согласката. Таканаречените „тенки“ согласки се палатизирани, додека „широките“ согласки се неутрални или се веларизирани. Самогласките „е“ и „и“ се класифицирани како „тенки“, додека „а“, „о“ и „у“ се класифицирани како „широки“. Правилото за пишување познато како „тенка до тенка и широка до широка“ (caol ri caol agus leathann ri leathann) побарува да среднозборна согласка или согласна група проследена од запишани „и“ или „е“ биде исто така претходена од запишани „и“ или „е“. Истото правило важи и за „широките“ самогласки. Квалитетот на согласката е индицирана со запишаните самогласки до согласката и правилото за запишување ги отстранува можностите за несигурност за квалитетот на согласката со тоа што се додаваат букви кои не се изговараат. Како илустрација на ова правило се зема буквата „t“ во зборот slàinte [s̪lˠ̪a:ɲtʲə] и буквата „t“ во зборот bàta [paːʰt̪ə].

Ова правило нема ефект на изговор на самогласките. Така на пример, множинската форма во шкотскиот јазик се формира со додавање на наставка „-an“ и имаме: bròg [prɔːk] (чевел) / brògan [prɔːkən] (чевли). Поради правилото за запишување, пред суфиксот се додава буква „е“, но изговорот не е променет. Слични пример е taigh [tʰɤj] (куќа) / taighean [tʰɛhən] (куќи).

Промените кои биле предложени во 1967 година исто така претрпеле модификации поврзани со правилото за пишување. Така на пример наставката за минат партицип секогаш се пишува „-te“, дури и после „широка“ согласка, како во зборот „togte“ воздигнат.

Каде во пишувањето се сретнуваат парови самогласки, нема целосна сигурност за тоа која самогласка треба да се изговори и која самогласка е вметната за да се задоволи барањето на правилото за пишување.

Неакцентираните самогласки кои се занемарени при зборување, можат да бидат занемарени и при формално запишување, како во примерот:

Tha mi an dòchas. ("Јас се надевам.") > Tha mi 'n dòchas.

Штом еднаш се научат правилата за пишување на шкотскиот јазик, изговорот на запишаниот јазик е лесно предвидлив. Како и да е, учениците мора да бидат внимателни да не ги мешаат изговорот на англиските букви со изговорот на шкотските букви, бидејќи не се исти и доведува до погрешен изговор.

Од 1980-тите години остриот акцент не се користи на училишните испити, и многу издавачи ги имаат прифатено правописните практики препорачани од службата за квалификации.[2] Остриот акцент сепак се користи во универзитетите, а неколку шкотски академици цврство се противат на овие измени), мал дел од шкотските издавачи, како и оние во Канада.

Во азбуката сѐ почесто се среќаваат туѓи заемки и други букви од латиницата, како буквите v, z, итн.

Традиционални називи на буквите

уреди

Буквите традиционално се именувани по дрвја и други растенија. Некои називи се разликуваат од нивните современи облици (како на пр. dair > darach, suil > seileach).

Постои и друг застарен систем сличен на останатите европски системи, каде b се нарекува beh, c се нарекува ec, итн.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The Board of Celtic Studies Scotland (1998) Computer-Assisted Learning for Gaelic: Towards a Common Teaching Core. The orthographic conventions were revised by the Scottish Qualifications Authority (SQA) in 2005: „Gaelic Orthographic Conventions 2005“. SQA publication BB1532. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-05-07. Посетено на 2007-03-24.
  2. „Gaelic Orthographic Conventions 2005“. Scottish Qualifications Authority, publication code BB1532. стр. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-05-07. Посетено на 24 март 2007. First published by the Scottish Certificate of Education Examination Board (SCEEB) in 1981 and revised by the Scottish Qualifications Authority (SQA) in 2005.