уреди   

ТИБЕТ

Тибет (тибетски: བོད་, вајли: bod) — подрачје во Средна Азија, дом на тибетскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.

Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните провинции Амдо, Кхам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, провинција која ги опфаѓа само У-Тсанг и западниот регион Кхам. Источниот дел на регионот Кхам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските провинции Чингхај, Гансу, Јинан и Сечуан. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Намцо (официјалнио Нам Цо, монголски:Тенгри Нур (Небесно езеро)30°42′N 90°33′E) е планинско езеро во Тибет, Кина. Езерото се наоѓа на границата меѓу Дамксунг од префектурата Ласа и Баингоин од префектурата Нагќу, околу 112km северозападно од Ласа.

Езерото лежи на надморска висина од 4,718m и зафаќа површина од 1,870km².Езерото е на најголема надморска висина од солените езера во светот и најголемото солено езеро во Тибет. И покрај то, не е најголемото езеро во историјата на географски Тибет. Најголемо, сепак е езерото Кингаи (речиси двојно поголемо), но поради промената на границата од 1965, тоа и припаѓа на Кина и е најголемо езеро во оваа земја. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана биографија

Нгаванг Лобзанг Ѓацо или Лозанг Ѓацо (1617-1682) — петтиот далај-лама. Бил првиот со а е наречен и Величествениот петти далај-лама.

Лозанг Ѓацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упоричте на тибетските кралеви.Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг, речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јонтен Ѓацо. Дудул Рабтен избегал со цел да стигне до источен Тибет, меѓутоа бил фатен и никогаш не се видел со својот син до неговата смрт во 1626 година во Самдрупце,тврдината на кралот од Цанг во Сигатсе.На семејството на Лозанг Ѓацо им било наредено да живеат во тврдината Самдрупце, но неговата мајка се плашела од кралот и се вратила заедно со својот син во семејниот дом во тврдината Наркатсе во Јардонг.

Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Манастирот Ташилхунпо во Шигаце.


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека верскиот , а денес и политички поглавар на Тибет почесно звање се смета дека е реинкарнација на својот претходник? Првиот со ова почесно звање бил Гендун Друп кој се смета дека бил реинкарнацја на Бодисатва Авалокитешвара.
  • ... дека четирите учења на тибетскиот будизам се Гелуг, Њингма, Каѓу и Саќа?
  • ... дека моменталната верзија на тибетското знаме ја претставил XIII далај-лама Тубтен Ѓацо?
  • ... дека терминот далај-лама се состои од зборовите „Далај“ што на монголски значи „океан“ и „Лама“ што е тибетски еквивалент на санскритскиот збор „гуру“ што во превод значи „духовен учител“?
уреди   

Поврзани портали

уреди   

Тибет на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)