Намцо (официјално Нам Цо, монголски:Тенгри Нур (Небесно езеро)30°42′N 90°33′E) е планинско езеро во Тибет, Кина. Езерото се наоѓа на границата меѓу Дамксунг од префектурата Ласа и Баингоин од префектурата Нагќу, околу 112 км северозападно од Ласа.

Намцо
Поглед на езерото и светата карпа од близина на манастирот Таши Дор (2005)
ПодрачјеДамксунг/Баингоин, Тибет
Координати30°42′N 90°33′E
Видсолено езеро
Сливни земјиКина
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
1,870км2 км2
Најг. длабочина45m м
Надм. височина4,718m м
Острови5

Географија и клима

уреди
 
Манастирот Таши Дор виден пред езерото
 
Идилични номадски кампови (2005)

Езерото лежи на надморска висина од 4,718m и зафаќа површина од 1,870 км2.[1] Езерото е на најголема надморска висина од солените езера во светот и најголемото солено езеро во Тибет. И покрај то, не е најголемото езеро во историјата на географски Тибет. Најголемо, сепак е езерото Кингаи (речиси двојно поголемо), но поради промената на границата од 1965, тоа и припаѓа на Кина и е најголемо езеро во оваа земја.

Во езерото има 5 острови со различна големина, а на едн или два има камена руда. Езерото служело за религиозни намени кои ги извршувале поклониците кои поминувале по неговата ледена површина кон крјот на зимата, носејќи ја храната со себе. Тие ги поминувале летата покрај езерото, оневозможени да се вратат сè додека водата од езерото не замрзнела. Оваа пракса е практикувана и за време на комунистичкиот режим на Кина врз Тибет.

Најголемиот остров се наоѓа во северозападниот дел од езерото и е долг 2.100 м, а широк 800 м со возвишување до 100m кон средината. Неговата најблиска точка е на 3,1 км од брегот.

Највнатрешниот остров е на најблиска оддалеченостѕ од 5,1 км од брегот.

Времето покрај Намцо е променливо и често се случува да дојде и до снежни виулици на планинскиот венец Њаинкентагла.

Останати податоци

уреди

Езерото Намцо се смета дека е едно од најубавите места на планинскиот венец Њаинкентагла. Пустинските пештери во близина, со векови биле одредиште за тибетските поклоници. Површинскиот пат низ Ларген Ла на надморска висина 5,186m беше завршен во 2005, овозможувајќи полесен пристап до езерото од Ласа, што овозможува развој на туризмот.

Во овааповршина се наоѓаат населбите Добџои, Догар и Чагјунгоинба.

Манастирот Таши Дор се наоѓа покрај југоисточниот дел од езерото.

Во хонгконшкиот филм од 2002 Допир се снимени неколку сцени од езерото.

Постојат некои неточни записи кои велат дека езерото Намцо се наоѓа на најголема надморска виина во светот. Но, оваа констатација е точна за езерото Сенгли кое се наоѓа на надморска висина од 5,386m и зафаќа површина од 92 км2. Сепак, Намцо е соленото езеро кое се наоѓа на највисока надморска висина во светот.

За езерото Намцо исто така е снимен и документарец на BBC.

Наводи

уреди
  1. „2006. Езеро од холоценот со промени на езерото Нам Цо како реакција на ледничкиот распад на ледниците и промената на климата во холоценот. Работилница INQUA во времето и природните планини на глацијализацијата, од висините на Азија до светот 14-22 септември, 2006 Ксининг, Кина. стр. 33 (книга на апстракти)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-19. Посетено на 2008-09-10.