Портал:Геометрија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ГЕОМЕТРИЈА
Геометријата (старогрчки: γεωμετρία; гео = Земја, метрија = мерење) е дел од математиката концентриран на прашања поврзани со големината, формите и релативмната позиција на фигурите во просторот. Геометријата е една од настарите науки. Основите на практичното знаење за должина, површина и волумен се познати уште од третиот век п.н.е. кога геометријата добила аксиоматичка форма од страна на Евклид со што се нарекла Евклидова геометрија која била стандард за многу векови подоцна.
Избрана статија
Кружница претставува множеството точки (формално поточно: геометриското место на точки) кои се еднакво оддалечени од некоја фиксирана точка од рамнината. Точката се вика центар на кружницата, а растојанието од центарот до било која точка од кружницата се вика полупречник на кружницата.
Кружницата е една од елементарните рамнински криви. Нејзината конструкција е мошне едноставна, додека нејзиниот изглед е речиси волшебен. Затоа кружницата била позната и проучувана уште од многу одамна. Прочитајте повеќе
Избрана биографија
Херон Александриски (околу 10–70) бил старогрчки инженер и геометар од Александрија, тогашен римски Египет. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.
Речиси сигурно е дека тој предавал во Мусеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката. Прочитајте повеќе
Избрана слика
Дали сте знаеле...
- ... дека збирот на внатрешните агли на еден многуаголник се пресметува со формулата , но збирот на надвиорешните секогаш изнесува 360°?
Категории
Поврзани портали
Математика | Физика | Наука | Информатика | Астрономија | Топологија |
Криптографија | Алгебра | Анализа | Статистика | Логика | Теорија на множества |