Пневматика
Пневматика (од старогрчки: πνευματικός пнеуматикос = ветерен) — употребата на гас под притисок за работа во науката и технологијата.
Прва документација за науката наоѓаме кај Херон Александриски во 60 н.е., иако за ова поле се знаело и пред тоа.
Употреба
уредиПневматиката се применува за решавање на најзазлични проблематики. Во заботехничките апарати, пневматските бушалки се полесни, побрзи и поедноставни од електричните бушалки со исто ниво на моќ (бидејќи изворот насила - компресорот е засебен од бушалката и ја врти бургијата со огромен број на вртежи во минута). Пневматскиот пренос се користи во многу индустриски гранки за прашоци и зрна. Пневматските цевки можат да носат предмети на големи далечини. Пневматичките направи се користат и каде електромоторот не може да се користи од безбедносни причини, како длабоко по рудниците каде има експлозивен прав или гасови.
Примери за пневматски направи:
- Пневматска бушалка за патно градежништво
- Пневматски прекинувач
- Пневматски придвижувач
- Компресор
- Вакуум-пумпа
- Баростатни системи во употреба кај неврогастроентерологијата како и за струјни испитувања
- Каблоканализирање - начин на инсталација на кабли во цевки
- Пневматска пошта
- Воздушна кочница на автобуси, возови и камиони
Споредба со хидрауликата
уредиИ пневматиката и хидраулкиката се примени на моќта на гасот/течноста. Пневматиката користи воздух, кој е компресивен, додека хидрауликата користи релативно некомпресивни течни медиуми како масло или вода. Индустриските пневматски апарати користат притисок од 500 до 700 килопаскали. Хидрауличните апарати користат пририсок од 7 to 35 MPa, но специјализирани апарати користат и над 70 MPa.
Предности на пневматиката
уреди- Работниот медиум е многу лесен и така цевките не се тешки.
- Бидејќи работниот медиум е (главно) само воздух, обично нема потреба за повратна линија за тој медиум, а протекувањата се чисти.
Предностите на хидрауликата
уреди- Поголема густина на енергија заради многу повисокиот притисок.
- Хидрауличките течности неможат да се компримираат, што значи минимум пружински ефект. Кога текот на хидрауличната течност се сопира, и најмалото придвижување на товарот го испушта притисокот на него; кај компримираниот воздух нема потреба од исцедување за пуштање на притисок врз товарот.
- На влезната порта на товарот не се јавува кондензација.