Портал:Аврил Лавињ

Порталот Аврил Лавињ
Ова е дел од порталот Музика на Канада

Википедија портали: Култура · Музика · Историја · Биографија · Биографија · Луѓе

{{{наслов}}}


Аврил Рамона Лавињ (анг. Avril Ramona Lavigne; родена на 27 септември 1984) е канадска пејачка, текстописец, актерка, моден творец и филантроп. Родена е во Белвил, Онтарио, но го поминала детството во Напани. Кога имала 15 години за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа „Arista“ (сега RCA Records) вреден повеќе од 2 милиони долари. Кога имала 17 години, Лавињ навлегла во музичката сцена, со својот прв албум Let Go, издаден во 2002 година.

Let Go ја направил Лавињ најмладата солистка која се искачила на #1 во Обединетото Кралство, и албумот четири пати добил платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација од Америка. До 2009 од овој албум биле продадени преку 16 милиони копии ширум светот. Нејзиниот сингл, „Complicated“, се искачил на #1 во многу земји ширум светот, исто како и албумот Let Go. Нејзиниот втор албум, Under My Skin, е издаден ви 2004 и е нејзиниот прв албум кој се искачил на #1 во САД. Билборд 200, евентуално продал повеќе од 10 милиони копии ширум светот. The Best Damn Thing, третиот албум на Лавињ, е издаден во 2007, станувајќи нејзиниот трет албум кој се искачил како #1 албум на ОК Албум Табели и вклучувајќи го нејзиниот прв САД Билборд Хот 100 #1 сингл, „Girlfriend“. Лавињ има пет синглови ширум светот кои се искачиле на првото место, вклучувајќи ги и „Complicated“, „Sk8er Boi“, „I'm With You“, „My Happy Ending“ и „Girlfriend“. Со повеќе од 30 милиони продадени копии од нејзините албуми ширум светот, Лавињ е моментално една од топ-продавачките артисти кои издавале албуми во САД, со повеќе од 10.25 милиони копии со сертификација од RIAA. Нејзиниот четврт студиски албум, Goodbye Lullaby, е издаден на 8 март 2011.

Освен со снимањето на музика, таа исто така, и глуми во филмови, дизајнира алишта и парфеми. Таа го позајмила гласот за карактер за анимираниот филм, Over the Hedge, во 2006. Истата година за прв пат, во живо, се појавила во филмот Fast Food Nation. Во 2008, Лавињ ја прикажала нејзината линија на облекa, Abbey Dawn, а во 2009 го издала својот прв парфем Black Star, по кој следел нејзиниот втор парфем, Forbidden Rose, во 2010. Во јули, 2006 година, Лавињ се омажила со својот дечко со кој била во врска две години, Дерик Вабли, главниот пејач и гитарист на Sum 41. Бракот траел три години, а потоа во октомври, 2009 година, тие двајца се развеле. Вабли и Лавињ продолжиле да работат заеднo на нејзиниот четврти албум, а исто така и на синглот на Лавињ, „Alice“, напишана за филмот на Тим Бартон, Алиса во Земјата на Чудата.

{{{наслов}}}


Дискографијата на Аврил Лавињ, канадска пејачка-текстописец, се состои од четири студиски албуми, четири EP албуми, петнаесет синглови, шеснаесет музички видеа и други појави во живо.

Лавињ го издала својот прв албум, Let Go, во 2002 во САД каде се искачил на второто место. Се искачил на прво место во Австралија, Канада и во Обединетото Кралство. "Complicated", бил првиот сингл кој се искачил на прво место во Австралија, на второ место во Канада и на трето место во Обединетото Кралство. Подоцнешните синглови "Sk8er Boi" и "I'm With You" се искачиле во првите топ десет во САД и во Обединетото Кралство. Let Go продал повеќе од 16 милиони копии ширум светот и има добиено шест пати платина во САД..

Прочитајте повеќе...

{{{наслов}}}


Let Go е првиот албум од канадската пејачка текстописец, Аврил Лавињ, издаден на 4 јуни, 2002. Една година откако потпишала договор со Arista, Лавињ сакала да ја смени издавачката куќа, бидејќи се јавувале конфликти во музичката насока. Лавињ се преместила во Лос Анџелес, Калифорнија, и таму ги снимала своите порани материјали за албумот кои биле со поразличен звук отколку стилот на издавачката куќа. Во пишувањето на материјалот ѝ помогнал продукцискиот тим, The Matrix, кој ја разбрал нејзината визија за албумот.

Албумот е прогласен како најголемиот поп деби во 2002 година. Албумот добил позитивни критички мислења, иако текстот на Аврил Лавињ добил негативни коментари. Let Go добил 6x Платина во САД. Исто така поминал и многу добро во Канада, добивајќи дијамантска сертификација од Канадската Снимачка Индустриска Асоцијација, а исто така има достигнато и мулти-платина во многу други земји ширум светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, каде што таа станала најмладата женска соло артистка која имала број еден албум во тој регион.

Од мај 2008, Let Go продал повеќе од 17 милиони копии ширум светот, со што станал најпродаваниот албум на Аврил Лавињ. Според Билборд Магазинот албумот е на #21 на најпродавани албуми. Според анкета на читачите на Rolling Stone, Let Go е најдобро продаван четврти албум од 2000-тите.

Прочитајте повеќе...

{{{наслов}}}

{{{наслов}}}

When You're Gone“ е песна напишана од канадската пејачка Аврил Лавињ и Бач Валкер. Напишана е за албумот на Лавињ наречен The Best Damn Thing. Продуцент на песната е Бач Валкер. Издадена е како втор сингл од албумот на 19 јуни, 2007 година. На AOL Radio, „When You're Gone“ е изгласана како осма најдобра песна на Лавињ.

Прочитајте повеќе...

{{{наслов}}}


Аврил Лавињ за време на промоционалата турнеја за албумот Under My Skin во Ванкувер, 2004.


{{{наслов}}}


{{{наслов}}}

{{{наслов}}}

Исчисти опслуж. кеш