Let Go (албум на Аврил Лавињ)

албум на Аврил Лавињ

Let Go — првиот албум од канадската пејачка текстописец, Аврил Лавињ, издаден на 4 јуни 2002. Една година откако потпишала договор со Arista, Лавињ сакала да ја смени издавачката куќа, бидејќи се јавувале конфликти во музичката насока. Лавињ се преместила во Лос Анџелес, Калифорнија, и таму ги снимала своите порани материјали за албумот кои биле со поразличен звук отколку стилот на издавачката куќа. Во пишувањето на материјалот ѝ помогнал продукцискиот тим, The Matrix, кој ја разбрал нејзината визија за албумот.

„Let Go“
Студиски албум од Аврил Лавињ
ИздаденEurope 21 јуни 2002
Обединето Кралство 24 јуни 2002
САД 25 јуни 2002
Снимен3 септември 2001-29 март 2002
ЖанрРок, поп (Видете Пишување и снимање)
Траење48:41
Издавачка куќаArista
ПродуцентАнтонио „Л.А.“ Рид (дополнителен), The Matrix, Клиф Магнес, Курт Фраска, Петер Зицо
Аврил Лавињ — Хронологија
Let Go
(2002)
Under My Skin
(2004)
Издадени песни од Let Go
  1. "Complicated"
    Издадена: 23 април 2002
  2. "Sk8er Boi"
    Издадена: 27 август 2002
  3. "I'm With You"
    Издадена: 19 ноември 2002
  4. "Losing Grip"
    Издадена: 1 април 2003

Албумот е прогласен како најголемиот поп деби во 2002 година. Албумот добил позитивни критички мислења, иако текстот на Аврил Лавињ добил негативни коментари. Let Go добил 6x Платина во САД. Исто така поминал и многу добро во Канада, добивајќи дијамантска сертификација од Канадската Снимачка Индустриска Асоцијација,[1] а исто така има достигнато и мулти-платина во многу други земји ширум светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, каде што таа станала најмладата женска соло артистка која имала број еден албум во тој регион.

Од мај 2008, Let Go продал повеќе од 17 милиони копии ширум светот,[2] со што станал најпродаваниот албум на Аврил Лавињ.[2] Според Билборд Магазинот албумот е на #21 на најпродавани албуми. Според анкета на читачите на Rolling Stone, Let Go е најдобро продаван четврти албум од 2000-тите.[3][4]

Заднина

уреди

Откако Лавињ потпишала договор со Arista Records во ноември 2000 година по овластување на извршниот директор на издавачката куќа, Антонио „Л.А.“ Рид, Лавињ се преселила во Њујорк, со помош на Рид. Таму, таа почнала да работи на нејзиниот прв албум, Let Go, соработувајќи со повеќе текстописци и продуценти.[5] За шест месеци, издавачката куќа ѝ донела два ко-текстописци кои работеле со Лавињ по инструкции на Arista. Рид очекувал Лавињ да снима фолк песни, бидејќи таа на аудицијата им се претставила со „балада и 'нов кантри'“ вид. Подоцна колективот не можел да соработува со неа бидејќи таа била „девојка која само што ја открила рокерската гитара“.[6] Една година на Лавињ ништо не ѝ тргнувало и била на прагот на отказ од Arista.[7] Менаџментот ги одбрал песните кои ги напишале дригу текстописци, но таа ги одбила тие песни, инстистирајќи дека сакала самата да ги пишува своите песни.[8]

Лавињ потоа се преместила во Лос Анџелес, Калифорнија, каде соработувала со текстописецот/продуцентот Клиф Магнес, која давала креативна контрола во процесот на пишувањето. Лавињ и Магнес ги напишале „Losing Grip“ и „Unwanted“, песни за кои таа сметала дека се одраз на нејзината визија за целиот албум.[9] Сепак издавачката куќа Arista не била задоволна со песните кои Лавињ ги пишувала и во кои биле застапени тешки гитари, па поради тоа куќата барала други продуценти кои ќе ги исполнат нивните барања.[10]

Две години подоцна по потпишувањето на договорот, Лавињ, која била дотогаш непозната, го привлекла вниманието на тричлениот продукциски тим The Matrix. Arista не можела да го најде вистинскиот правец на Лавињ, па менаџерот на тимот, Санди Робертон, предложил таа да работи со продукцискиот тим: „Зошто не ја ставите заедно со The Matrix неколку дена?“[11] Според членот Лаурен Кристи, тие слушнале неколку порани песни од Лавињ кои содржеле „вибрација како Фејт Хил“. Кога ја виделе Лавињ дека иде во студиото, The Matrix почувствувале дека нејзината музичка насока е сосема поразлична од нејзината слика и нејзиното однесување.[11] По едночасовниот разговор со Лавињ, „ние согледавме дека таа не е среќна, но не можевме да сфатиме каде треба да одиме“.[11] The Matrix ги отсвириле нејзините песни со влијанија од Фејт Хил, бидејќи тоа биле песните кои издавачката куќа сакала Лавињ да ги пее, но Лавињ ги одбила бидејќи кажала дека сака песни со панк рок влијанија.[6] Лавињ им отсвирила на The Matrix песна што таа навистина ја сакала и имала звук како песните на рок бендот System of a Down. За среќа, пред формирањето на The Matrix, раните проекти на неговите членови биле во поп-рок тип, па тие знаеле како сака Лавињ да изгледа нејзиниот албум и знаеле што треба да прават со неа. Тие и рекле да дојде наредниот ден и попладнето тој ден тие напишале песна од која подоцна настанала „Complicated“ и друга песна наречена „Falling Down“ („Falling Down“ се појавува во саундтракот на филмот Sweet Home Alabama). Тие утредента ѝ ги отсвириле песните на Лавињ, инспирирајќи ја низ каков пат треба да се движи.[11]

Кога Џош Сарубин, извршниот A&R репрезентативец кој потпишал со Лавињ на отпечатокот ја слушнал песната знаел дека таа била вистинска за неа. Лавињ му ја презентирала песната на Рид, кој се согласил на музичкиот правец на Лавињ и The Matrix и ја поставил песната „Complicated“ како водечки сингл на албумот.[11] Рид ја испретил Лавињ назад кај The Matrix за таа да работи со нив еден месец.[6][10] Arista им дала на тимот дозвола да пишуваат и продуцираат 10 песни, за кои им биле потребни два месеци.[11] Рид ѝ предложил на Лавињ да го нарече албумот Anything But Ordinary, откако се појавила истоимената песна која The Matrix ја продуцирале, но таа одбила.[9]

Пишување и снимање

уреди

Со The Matrix, Лавињ снимила неколку песни во студиото Decoy Studios, кое се наоѓало во предградието во Лос Анџелес познато како Валеј Вилиџ.[10] Таа исто така работела со продуцентите/текстописците Курт Фраска и Петер Зицо, во чие студио во Менхетен Лавињ напишала неколку песни.[5][6] Членот на The Matrix, Скот Спок бил нивниот главен инженер за проектот, додека Том Лорд-Алж фо правел миксот на песните.[10] Лавињ веднаш имала проби „против завршените инструментални песни“. Спокс открил дека Лавињ ги пеела песните со пет или шест проби, „и најверојатно 90 проценти од тоа што испадна на крајот беше снимено во првата или втората проба“. The Matrix исто така биле и позадински вокалисти.[10]

Претставена како пејачка-текстописец, мешањето на Лавињ направило значајни проблеми. Лавињ знаела дека таа е главниот автор на албумот. Во статија објавена во Роулинг Стоун магазинот, Лавињ кажала дека додека таа работела со The Matrix, еден член би бил во студиото, додека другите ја пишувале песната, но не ги пишувале и деловите со гитара, текстот или мелодијата. Според Лавињ, таа и Кристи го пишувале текстот заедно. Грахам потоа ја носел музиката од гитарата, „и јас кажував, 'Да, го сакам тоа,' или 'Не, не го сакам тоа.' Ниедна од песните не е од мене.“[9]

Тимот The Matrix, кој продуцирал шест песни за Лавињ, од кои пет се појавиле во албумот,[10] имал друго објаснение како одела соработката. Според нив, тие го напишале поголемиот дел од нејзините три синглови: „Complicated“, „Sk8er Boi“ и „I'm With You“, кои биле зачнати со гитара и пијано. Кристи рекла, „Аврил само ќе дојдеше ќе испееше неколку мелодии и ќе променеше некој збор.“[9] Рид го коментирал ова прашања за време на кредитите: „Ако јас барам сингл за артист, не ме интересира кој го пишувал. Аврил ја имаше слободата да прави како што ѝ одговара и песните ја покажуваат нејзината гледна точка. ... Аврил секогаш беше уверена во нејзините идеи.“[9]

Иако ѝ требале поп песни за да „се пробие“ во индустријата, Лавињ почувствувала дека „Complicated“ не ги покажува нејзините вештини на пишување. Сепак, таа била благодарна за песната која успешно ја лансираше нејзината кариера. Таа повеќе ја сакала песната „Losing Grip“, бидејќи „има многу поголемо значење кога доаѓа од артистот“.[9] Поради миксот на Лавињ на поп и рок влијанија кога го пишувала албумот, Let Go бил идентификуван со различни жанрови како тин поп,[12][13] поп панк,[13] поп рок,[13][14][15] пост-гранџ[12][15] и рок.[15]

Издавање и промоција

уреди
 
Аврил Лавињ на концерт за промоција на албумот.

Албумот бил издаден на 4 јуни 2002 година во Канада и САД. Подоцна, на 22 јули, Let Go се појавил во продавниците ширум светот и на 26 август се појавил во делови од Европа вклучувајќи ги и Обединетото Кралство и Ирска. DataPlay верзија на албумот била издадена во септември 2002. Arista воспоставила договор со DataPlay во почетокот на 2002 и Let Go бил вклучен со албуми од рок пејачот Карлос Сантана и Вајтни Хјустон во издавањето.[16]

Иако Лавињ била насочена кон младата публика, маркетинг стратегијата му се препишува на почетокот на нејзината кариера;[9][17] Лавињ имала изведби на радио-спонзорирани мулти-уметнички празнични емисии ширум САД,[18] што ја претставувало нејзината маркетинг стратегија и е причина за нејзините големи албум-продажби за време на сезоната. Таа ја започнала нејзината прва турнеја, Try To Shut Me Up Tour, која започнала на 23 јануари 2003, а завршила на 4 јуни 2003. Лавињ ги изведувала турнеите со нејзиниот тапанар, Метју Бран, басистот Марк Спиколук и гитаристите Џес Колбурн и Еван Тобенфајлд—кои се приклучиле на нејзиниот позадиснки бенд откако потпишале договор.[5] Во турнејата, таа ги изведувала сите песни од Let Go, B-страни, и обработените верзии на „Knockin' on Heaven's Door“ од Боб Дилан и „Basket Case“ од Green Day.[19]

Лавињ ја снимила својата изведба во Бафало, Њујорк, на 18 мај 2003, последниот датум од нејзината пет-неделна северноамериканска турнеја. ДВД-то од турнејата наречено My World било издадено на 4 ноември 2003. ДВД-то вклучува концерти од турнеите, снимки зад сцената, пет музички видеа и ЦД од шест бонус песни вклучувајќи и четири неиздадени песни.[20]

Синглови

уреди
  • Complicated“ е издаден како водечки сингл на албумот, кој бил гледан како претставување на Аврил Лавињ на сите старосни групи.[6] Мислата за производство на широка-демографса жалба, претставена во музичкото видео за синглот ги прикажива Лавињ и нејзиниот бенд како го кршат трговскиот центар, претставува „вид на слика која ги тера возрасните да велат 'Расчистете го хаосот!' more than clamoring for the record“.[17] Песната беше светски број-еден сингл номиниран за две Греми Награди за Песна на Годината и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба.
  • Sk8er Boi“ е вториот сингл познат како поп-панк ориентирана песна за деца.[6] Издавањето на „Sk8er Boi“ направило многу несогласувања меѓу радио директорит. Сепак, нивните впечатоци биле пренасочени кога слушачите им помогнале да се предомислат; раната ротација на синглот се докажала како успешна, покажувајќи дека е популарна и со пост-колегиумските слушачи како и со тинејџерите. Песната се искачила на првото место во САД.[17]
  • I'm With You“ е третиот сингл од албумот кој ги погодил продавниците кон крајот на ноември 2002 година, режиран за празниците со цел да ги посети родителите ако не сакаат да го купат албумот за себе, тогаш да го купат за децата во нивната фамилија.[6][17] Песната била уште еден хит на Лавињ искачувајќи се на 4 место на Билборд Хот 100, 1 место меѓу мејнстрим публиката и во топ 10 во Канада и Обединетото Кралство. Песната не е официјално издадена во Австралија, но добила радио и телевизиско издавање. Пиесната исто така била номинирана за две Греми Награди во истите категории како и „Complicated“. Поставувањето на синглот „I'm With You“ како трет сингл, бил разгледуван како „контроверзен избор“, имајќи предвид дека „I'm With You“ бил „разгледуван како нечив најголем потенцијален избор на албумот“ и ќе ја претставел Лавињ како позрел артист ако бил издаден како прв сингл.[17] Според Рид, „Некои луѓе навистина не го разбираа тоа. И со првото видео, имаше одредена загриженост дека можеби е многу младо и разиграно, па со тоа ќе ги избрка сериозните музички љубители.“[17]
  • Losing Grip“ бил издаден како четврт сингл од албумот и, „претставувал мост до нејзиниот следен албум”, за кој Лавињ кажала дека ќе биде “по-рокерски” од нејзиниот претходен албум.[17] Сепак песната била најнеуспешниот сингл на албумот.

Други песни

уреди

Неколу други песни биле издадени само како радио-синглови. „Mobile“ бил издаден само во Австралија и Нов Зеланд како радио песна. Подцна е искорисетен во филмот од 2003 Медалјонот, во филмот од 2004 Вимболдон, а кратко се појавила и во филмот Само Оженети. Во 2011, на интернет било прикажано музичко видео за песната кое содржи официјални снимки кои никогаш не биле завршени.

„Things I'll Never Say“ бил издаден само како радио-сингл во Италија. „Unwanted“ бил издаден како радио-сингл во Обединетото Кралство. Песната „Tomorrow“ е искористена на епизода од втората сезона на серијата Smallville и станала многу позната меѓу обожавателите.

Список на песни

уреди
Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) [21] Траење
1. Losing Grip“  Лавињ, Клиф МагнесКлиф Магнес 3:53
2. Complicated“  Лавињ, The MatrixThe Matrix 4:03
3. Sk8er Boi“  Лавињ, The MatrixThe Matrix 3:23
4. I'm With You“  Лавињ, The MatrixThe Matrix 3:42
5. „Mobile“  Лавињ, МагнесМагнес 3:31
6. „Unwanted“  Лавињ, МагнесМагнес 3:40
7. „Tomorrow“  Лавињ, Куртис Фраска, Сабел БрирКуртис Фраска, Сабел Брир* 3:48
8. „Anything But Ordinary“  Лавињ, The MatrixThe Matrix 4:10
9. „Things I'll Never Say“  Лавињ, The MatrixThe Matrix 3:43
10. „My World“  Лавињ, МагнесМагнес 3:26
11. „Nobody's Fool“  Лавињ, Петер ЗицоПетер Зицо 3:56
12. „Too Much to Ask“  Лавињ, МагнесМагнес 3:44
13. „Naked“  Лавињ, Фраска, БрирМагнес, Фраска, Брир* 3:28

(*) Дополнителна продукција

Стандардно ЦД со зголемена музичка содржина
  • Биографија
  • „Complicated“ (музичко видео)
  • EPK
  • „I Don't Give“ (бонус песна)
  • Текстови (во позадината се свират песни)
    • „Complicated“
    • „Sk8er Boi“
    • „Mobile“
    • „Unwanted“

Дополнително VCD турнејско издание
  1. „Get Over It“
  2. „Why“
  3. „Unwanted“ (живо)
  4. „I'm With You“ (живо)
  5. „Nobody's Fool“ (живо)
  6. „Day in the Life“ (Њујорк Сити EPK)
  7. „Footage“
  8. „Complicated“ (музичко видео)
  9. „Sk8er Boi“ (музичко видео)
  10. „I'm With You“ (музичко видео)
  11. „Losing Grip“ (музичко видео)

Јапонско бонус турнејско ДВД издание
  1. „Complicated“ (видео)
  2. „Sk8er Boi“ (видео)
  3. „I'm With You“ (видео)
  4. „A Day in the Life“ (видео)

Јапонско специјално бонус издание
  1. „Complicated“ ТВ верзија на песната – 4:05
  2. „Sk8er Boi“ ТВ верзија на песната – 3:34
  3. „I'm With You“ ТВ верзија на песната – 3:46
  4. „Losing Grip“ ТВ верзија на песната – 3:53

Претходник
Escapology од Роби Вилијамс
ОК албум број еден
11 јануари 2003 – 31 јануари 2003
Наследник
Justified од Џастин Тимберлејк
Претходник
The Last Time од Џон Фарнам
Австралиски ARIA Албум Табели број-еден албум
9 декември 2002 – 26 јануари 2003
Наследник
8 Mile (саундтрак) од повеќе артисти

Наводи

уреди
  1. „Canadian Recording Industry Association“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 20 јуни 2010.
  2. 2,0 2,1 „Avril Lavigne Ends North American Run of Shows with Two Dates In Washington Beginning May 9“. transworldnews.com. 4 May 2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 29 мај 2008.
  3. „Billboard The top-selling albums of the decade (2000-09)“. billboard.com. 12 ноември 2009. Посетено на 12 ноември 2009.
  4. „Rolling Stone The Decade-End Readers' Poll“. rolling stone.com. 12 November 2009. Архивирано од изворникот на 2009-12-13. Посетено на 12 ноември 2009.
  5. 5,0 5,1 5,2 Pak, SuChin; D'Angelo, Joe. „Avril Lavigne: The Real Deal“. MTV. Архивирано од изворникот на 2011-08-05. Посетено на 14 March 2009.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Willman, Chris (1 November 2002). „Avril Lavigne The Anti-Britney“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2012-10-10. Посетено на 14 March 2009.
  7. Corey, Moss (13 May 2003). „Britney Spears, Avril Lavigne Fall Into The Matrix“. MTV. Архивирано од изворникот на 2008-05-02. Посетено на 14 March 2009.
  8. Kaufman, Gil (21 May 2002). „It's Not 'Complicated' — 17-Year-Old Avril Lavigne Was Born To Rock“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-01-30. Посетено на 14 March 2009.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Eliscu, Jenny (20 March 2003). „Little Miss Can't Be Wrong“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2009-03-24. Посетено на 16 March 2009.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Jackson, Blair (1 November 2002). „Recording Vocals“. Mixonline.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-12. Посетено на 16 March 2009.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Buskin, Richard (2006). „The Matrix: Writing & Producing in LA“. SOS. Посетено на 18 March 2009.
  12. 12,0 12,1 „Let Go - Avril Lavigne“. aol.com. Архивирано од изворникот на 2011-03-17. Посетено на 14 June 2010.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Avril Lavigne: Let Go“. Посетено на 4 August 2010.
  14. Bashill, Pat (2 July 2002). „Avril Lavigne – Let Go Review“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2009-02-10. Посетено на 10 February 2010.
  15. 15,0 15,1 15,2 Saraceno, Christina. „Avril Lavigne: Let Go Review“. Spun.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 10 February 2010.
  16. Brian, Garrit (5 August 2002). „Santana, Whitney, Lavigne Head To DataPlay“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 15 March 2009.[мртва врска]
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 Willman, Chris (5 November 2002). 'Boi,' Oh Boy“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 16 March 2009.
  18. Carpenter, Troy (4 December 2002). „Avril's First Headlining Trek To Begin In Europe“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 15 March 2009.[мртва врска]
  19. Benson, John (1 May 2003). „Avril Lavigne / April 15, 2003 / Cleveland (CSU Convocation Center)“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 15 March 2009.[мртва врска]
  20. Sporich, Brett; The Hollywood Reporter; Carpenter, Troy (18 September 2003). „Fox/Arista Prep Avril, Neptunes DVDs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 15 March 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  21. 21,0 21,1 „Avril Lavigne - Let Go“. Discogs. Посетено на 26 ноември 2010.