Филантропија
Филантропија (старогрчки: φιλανθρωπία) е подготвеност да му се помогне на својот ближен. И покрај тоа што порано било верска норма и доблест, сега под поимот филантропија се подразбира активен напор да се промовира благосостојбата на човекот.
Човештината или хуманоста е активен однос кон човековите вредности, особено за други луѓе. Човекољубието вклучува посебна грижа за луѓе кои не се во состојба да ги задоволат своите основни потреби. Суштината на филантропијата не се однесува на создавањето зависност на послабите, туку почитување на личноста на секој поединец и зајакнување на неговиот потенцијал.
„ | Јунаштво е да се спасиш себеси од другите, а човекољубието е да ги спасиш другите од себе. | “ |
Оваа статија од областа на психологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |