Борис Дамјаноски
Борис Билбилов Дамјаноски ( 1914 во Карбуница, Кичевско — 1944 во Плетвар, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Борис Дамјаноски | ||
Роден | 1914 година Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | февруари, 1944 година Плетвар, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација Претепан па стрелан од страна на Бугарската окупаторска војска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Преку активноста покажана во првите ослободителни одбори во селото, станал член на КПМ. Во септември 1943 година се приклучил во единиците на НОВ на Македонија во Групата баталјони, а со формирањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. По борбата кај Богомила, бил фатен од бугарските војници кај селото Никодин и по долги малтретирања бил стрелан кај Плетвар-Прилепско во февруари 1944 година.[1]