Пијанец (село)
Пијанец — историско село во Дебарско, денес на територијата на Општина Дебар.
Пијанец | |
Остатоците и рушевините на Пијанечка Црква | |
Координати 41°32′12″N 20°31′42″E / 41.53667° СГШ; 20.52833° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Дебарско Поле |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 850 м |
Пијанец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало 1 км северно од Дебар. Лежело на јужната падина на Крчин, на тераса на надморска висина од 850 м.
Историја
уредиПијанец се наоѓало северно од Дебар, десно од главниот пат кон Баниште и Пешкопеја[2]. Селото Пијанец, се споменува во поменикот на Слепчанскиот манастир помеѓу 1544 и 1548 година како „пїанèцъ“, а во другата половина од 16 и почетокот на 17 век како „пиѩнець“[2]. Под тоа име се појавува во пишаните документи и во текот на следните векови[2]. Според народното предание, селото Пијанец порано имало околу 200 куќи[2]. Во записите на поменикот на Манастирот Свети Јован Бигорски од 1863 година се наведени 16 имиња на македонски посетители, а на крајот на 19 век е запишано дека тоа имало две куќи на христијани и десет домови на мухамедански Македонци[2]. Во времето на Балканските војни и заминувањето на турската власт од Дебар, Пијанец било посебно село[2]. Во војната во 1912 година, биле уништени некои куќи, при што останале само две[2]. Последниот жител кој како иселеник го напуштил Пијанец бил Трпе Куц или Пијанечки, кој го напуштил селото во пролетта 1913 година[2]. Сега од селото е останата само малата разрушена „ Пијанечка Црква “ која била посветена на Христовото Преображение со гробишта, името на местото Пијанец и името на потокот Пијанечка Река[2]. Поранешното селско подрачје е покриено со плодни полиња и добри ливади во сопственост на некои Албанци од Дебар[2].
Во XIX век Пијанец било македонско село од мешана вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пјанец (Pyanetz) било село од 13 домаќинства со вкупно 38 жители, од кои 23 биле Македонци-муслимани и 15 Македонци-христијани.[3][4]
Денес од селото останала само црквата, наречена „Пијанечка црква“.[5].
Галерија
уреди- Пијанечка црква
-
Поглед на ѕидините на Пијанечката црква
-
Внатрешноста на Пијанечката црква
-
Поглед на влезот на Пијанечката црква
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско. стр. 132.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 170-171.
- ↑ Пијанечка Црква (833968) — GeoNames