Ахмет Мухудин Пири или познат како Пири Рејс (турски: Piri Reis; роден помеѓу 1465[1]-1470 во Галиполе - починал 1553 во Каиро, Египет[2]) — отомански адмирал и картограф, најпознат поради цртењето на светската карта која посебно ја прикажува Америка и „Книгата на морнарицата“ (Kitab-ı Bahriye) која ја напишал при неговите поморски патувања.

Пири Рејс
Статуа на Пири Рејс
Роден(а)Ахмет Мухудин Пири
помеѓу 1465-1470
Галиполе, Отоманско Царство
Починал(а)1553 (82–88 години)
Каиро, Отоманско Царство
НационалностОтоман
Познат(а) поКарта на Пири Рејс
РодниниКемал Рејс
Фрагмент од првата Карта на Светот од Пири Рејс (1513)

Животопис

уреди

Пири Рејс имал потекло од Караманија, Анадолија или од Галиполе[3][4] или во Караман (родното место на неговиот татко) во Централна Анадолија,[5]. Неговото семејство во периодот на владеењето на Селим I, по наредба на султанот било преселено во Цариград. Пири Рејс по некое време се преселил во Галиполе. Таткото на Пири се викал Караманли Хаџи Мехмед[5], а негов чичко бил Кемал Рејс, кој бил проучен морнар во тогашно време. Покрај неговиот чичко, тој бил запознаен со поморството, и во 1487 година го имал своето прво патување во Сицилија, Корзика, Сардинија и учествувал во нападите на бреговите на Франција.

Заедно со Кемал, Пири учествувал во битки против Шпанија, Република Џенова и Република Венеција, како Битката кај Пилос и биткатљ кај Модон.

До 1516 година, тој станал капетан на брод во отоманската флота. Учествувал во османлиското освојување на Египет во 1516-1717 година. Во 1522 година учествувал во Опсадата на Родос против Витезите на Свети Јован, која завршила со предавање на островот на 25 декември 1522 година и трајно заминување на витезите од Родос на 1 јануари 1523 година (витезите се преселиле накратко во Сицилија а подоцна трајно на Малта). Во 1524 година тој бил капетан на бродот што го одвел отоманскиот голем везир Паргали Ибрахим-паша во Египет, каде нацртал карта на реката Нил.

Во периодот помеѓу 1495-1510 имал наредба да ги контролира средоземните острови, и во овој периот тој ги опишал сите места, настани и обичаи што ги гледал на средоземните острови во својата книга (Kitab-ı Bahriye). По несреќната смрт на неговиот чичко во 1511 сè до 1513 година се затворил во областите на Галиполе и цело време размислувал за изработка на светска карта и допишување на неговата книга.

Во 1547 година, Пири станал адмирал или командант на османлиската флота во Индискиот Океан и адмирал на флотата во Египет, со седиште во Суец. На 26 февруари 1548 година тој го повратил Аден од Португалија, а во 1552 година и Мускат, која Португалија ја окупирала од 1507 година, и стратешки важниот остров Киш. Свртувајќи се источно, Пири Рејс се обидел но неуспешно да го освои островот Хормуз во теснецот Хормуз, на влезот од Персискиот Залив[6]. Кога Португалците го свртеле вниманието кон Персискиот Залив, Пири го окупирал полуостровот Катар за да ги лиши Португалците од соодветни бази на арапскиот брег.

Потоа се вратил во Египет, како старец кој имал околу 90 години. Кога одбил да го поддржи османлискиот валија на Басра, Кубад-паша, во друг поход против Португалците во северниот Персиски Залив, тој бил обезглавен во 1553 година.

Неколку воени бродови и подморници на турската морнарица се именувани по Пири Реис.

Дела

уреди

Искористувајќи ја предноста на своите забелешки тој успешно ги нацртал Атлантскиот Океан, Пиринејскиот Полуостров, западниот дел на Африка и делови која ја покираат една третина од источниот брег на Америка. Основно е она што ја прави оваа карта на светско ниво е големиот дел на остатокот на таа картата до денешен ден и тоа што ги пренесува до најтенките податоци на местата.

По освојувањето на Александрија проучениот морнар добил големи пофалби од страна на султанот, за време на престојот кај султанот тој му ја претставил и светстката картата. Останати се делови од картата. Според легендата, кога султанот Сулејман I ја видел картата рекол: „зарем толку бил мал светов” и ја искинал на пола и рекол „источниот дел ние ќе го имаме”.

Наводи

уреди
  1. PÎRÎ REİS (англиски). TDV İslâm Ansiklopedisi.
  2. Arikan, Muzaffer; Toledo, Paulino. „VENEDİK'TEKİ PAPALIK SEFARETİ BELGELERİNE GÖRE TÜRKLER“ (PDF). Ankara University (турски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-06. Посетено на 2021-01-21.
  3. Khair 2006, стр. 127: „Мухудин Пири Реис е роден во поморската база Галиполе (подоцна на „западњаците“ познат за време на Првата светска војна) како внук на Кемал Рејс, најпознатиот турски адмирал од тој период. Изгледа дека се придружил на бродот на неговиот чичко на 11 или 12 години..."
  4. Carboni 2007, стр. 311: „Пири Рејс, внук на познат турски морепловец, научил морепловење и навигација од неговиот вујко, додека и двајцата ... Во 1511 година, Пири Рејс се вратил во родниот град Галиполе на Дарданелите
  5. 5,0 5,1 Hapgood 1966, стр. 246: „Роден е во градот Караман, близу Конија, Турција. Точниот датум на неговото раѓање е непознат. Во раната младост му се придружи на неговиот чичко Кемал Рејс ... Пири Рејс, чие вистинско име беше Ахмет Мухидин, остана во отоманската флота за време на владеењето на Јавуз Селим и Сулејман Величествениот...“
  6. Çal, İsmail (21 October 2010). „Piri Reis neden idam edildi?“. Dünya Bülteni. Архивирано од изворникот на 5 March 2016. Посетено на 22 November 2015.