Панзир (Охрид)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Панзир

Карта

Местоположба 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД / 41.11667; 20.80000
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко
среден век
Портал „Археологија“

Панзирархеолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 3-4 км југоисточно од градот, на југоисточната падина од полустровот Горица, во близината на езерскиот брег. Во овоштарникот на еден жител биле откриени остатоци од темели градени од кршен камен и варов малтер како и надгробна плоча со старогрчки натпис. Во непосредната близина, на површина од околу 100 метри се најдени повеќе гробови, а на местото на одморалиштето „Орце Николов“ темели од објекти, исто така градени од кршен камен и варов малтер. Денес на целиот простор се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 271, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069