Планинарски клуб „Љуботен“

(Пренасочено од ПК Љуботен)

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово е формиран на 23 март 1925 година.

ПК Љуботен 1925
Целосно имеПланинарски клуб Љуботен 1925
Основан1925
СтадионПланинарски дом „Љуботен“
ПретседателЈован Божиновски

Веднаш по формирањето, дел од членовите се искачиле на највисокиот врв на Шара, Турчин. По изградбата на планинарските домови на Љуботен во 1931 и на Попова Шапка во 1934 година, во кои интензивно учествувале членовите на планинарското друштво „Љуботен“, планинарските активности по цела Шар Планина стануваат многубројни.

Историјa

уреди

За време на Втората светска војна активностите на друштвото се во стагнација. Пролетта 1947 година на Попова Шапка е одржано Собрание на кое е возобновено Планинарско Друштво „Љуботен“. Оттогаш започнува повторно организирање на планинарски акции и тоа преку јавни повици и плакати. Во тој период започнуваат и зимски искачувања на Шара. Од 1947 до 1956 година се обновуваат постоечките домови на Попова Шапка и Љуботен, се градат планинарски приватни куќи под Титов Врв, Црн Врв и на Пирибег, се гради планинарскиот дом на Јелак и изградена е планинарската кула на Титов Врв.

Членовите на планинарското друштво организираат планинарски тури и по другите планини во Македонија: Солунска Глава, Пелистер и Галичица.

На 21.04.1953 г. по иницијатива на друштвото и на граѓаните на Тетово, највисокиот врв на Шара, Голем Турчин е преименуван во Титов Врв. По повод двата Илиндена, на 2 август 1954 година друштвото започнало да го организира традиционалниот Илинденски слет на Лешница. Во август 1955 година изведен е легендарен поход – пеш од Тетово до Дубровник. Во февруари 1956 година, група членови од друштвото, активно и најбројно се вклучени во спасувањето на работниците , рударите и војската во Маврово, погодено од катастрофална лавина. На крајот од педесеттите години, организирани се посети надвор од Македонија: Проклетие 1956, Велебит 1957 и Сутјеска 1958.

Поради воениот конфликт во 2001 и 2002 година, активностите на ПК „Љуботен“ се во стагнација.

Планинарски дом

уреди

Планинарскиот клуб располага и го одржува Планинарскиот дом „Љуботен“. Домот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.[1]

Успеси

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Планинарски дом „Љуботен" – Љуботен“. sharplanina.com.mk. Посетено на 16.09.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)