Охридско Езеро

езеро во Македонија и Албанија
(Пренасочено од Охридско езеро)

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се одликува со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.

Охридско Езеро
Карта на Охридското Езеро
ПодрачјеМакедонскоалбанска граница
Координати41°2′N 20°43′E / 41.033° СГШ; 20.717° ИГД / 41.033; 20.717
Вид на езеротектонско
Главни приливиСатеска, Билјанини Извори
Главни истециЦрн Дрим
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
2,600 км2 км2
Сливни земјиМакедонија, Албанија
Најг. должина36,4 км км
Најг. ширина16,8 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
388 км2 км2
Прос. длабочина155 м м
Најг. длабочина288 м м
Зафатнина55,49 км3 км3
Проточност70 години
Брег87,53 км
Македонија: 56,02 км;
Албанија: 31,51 км км
Надм. височина693 м м
Островинема
Населени местаОхрид, Струга (Македонија)
Поградец (Албанија)
Карта
Службен назив: Природно и културно богатство на охридскиот регион
Тип:природно, културно
Критериуми:i, iii, iv, vii
Прогласено:1979 (3то заседание)
Број99
Регион:Европа и Северна Америка
Дополнувања:1979, 2019
Прогласено:15 февруари 2021
Број2449[1]
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[2]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро[3] (лат. Ohrid Lacus)[4].

Географија

уреди
 
Изобатска карта со длабочините на Охридското Езеро.
 
Карпата наречена „Стог“ во близина на селото Трпејца во Охридското Езеро
 
Карта со населени места на Охридското езеро

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.

Потекло

уреди

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години).

Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

Флора и фауна

уреди

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемски организми. Групи најбогати со ендемски организми и воедно најистражувани групи на организми се дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемски.[5] Тие се:[6]

Пастрмки

Бели риби

  • Охридски грунец - (Rutilus rubidio ochridanus)
  • Моранец - (Pachychilon pictuм)
  • Мало рипче - (Phoxinellus minutus)
  • Охридски клен - (Leuciscus cephalus albus)
  • Мало грунче - (Phoxinus phoxinus colchicus)
  • Охридска писа - (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
  • Охридски скобуст - (Chondrostoma nasus ohridanus)
  • Дујак - (Gobio ohridanus)
  • Мрена - (Barbus meridionalis petenyi)
  • Плашица - (Alburnus albidus alborella)
  • Мало плашиче - (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
  • Крап - (Cyprinus carpio)
  • Вретенушка - (Nemacheilus barbatulus sturanyi)
  • Охридска штипалка - (Cobitis taenia meridionalis)

Јагули

Клима

уреди
 
Охридски топчест сунѓер (Ochridospongia rotunda, Arndt), ендемски вид за езерото

Климата во Охридската Котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.

Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се одликуваат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .

Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 °C.

Археологија и историја на езерото

уреди

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.

Езерото низ минатото

уреди

Сликарот Никола Герман оставил неколку фото-записи за тоа како изгледало езерото и рибарството во Охрид по војната:

Охридското Езеро како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Lake Ohrid“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 13 May 2021.
  2. „Охридско Езеро - Инвестирајте во Македонија - Агенција за странски инвестиции на РМ“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2021-08-28.
  3. „НАСА одлучи едно од езерата на Титан да се вика „Охридско Езеро". Макфакс. 21 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 21 октомври 2010. (македонски)
  4. Ohrid Lacus (Охридско Езеро) на Титан -“. Службен весник на планетарна номенклатура на Меѓународниот астрономски сојуз. 16 септември 2010. Посетено на 22 октомври 2010. (англиски)
  5. „Охрид и неговите ризници“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-04-30.
  6. Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1099. ISBN 9786082030241.
  7. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 267.
  8. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 53-54.

Надворешни врски

уреди