Трепчести црви
- a0b0ff"
- a0b0ff"
Трепчести црви | |
---|---|
Бедфордов црв, Pseudobiceros bedfordi | |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Животни |
Колено: | Сплескани црви |
Класа: | Turbellaria Еренберг, 1831 |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Бесцревци (Acoela) |
Трепчестите црви (на латински Turbellaria) се класа на сплескани црви кои се слободни форми. Името на овие животни доаѓа оттаму што тие имаат трепчест епител на својата телесна површина. Имаат прилично едноставен репродуктивен систем и најчесто поседуваат рабдити.
Систематиката на трепчестите црви се основа, пред сè, на типот на разгранувањето на цревото, кое кај сите видови е поделено на предно и средно. Отсуствува анален отвор.
Трепчестите црви се среќаваат најмногу во морињата, но има и слатководни видови, како и видови кои живеат на влажните места на копното. Овие животни се со мали димензии, а големината им варира од неколку милиметри до неколку десетици сантиметри (60 cm), кои ја достигнуваат некои тропски видови. Обично се силно обоени, а само мал број на видови е бел или безбоен.
Тело на трепчестите црви
уредиТелото им е со листовиден облик и е дорзо-вентрално сплескано, па на него се разликуваат:
- стомачна страна, која е рамна и со неа обично ползат по подлогата.
- грбна страна, која е испапчена.
- главен регион на кој се наоѓаат различни сетилни органи, како осетни телца, очи и два израстока во вид на пипала (аврикули) на кои се наоѓаат сетилните клетки.
Кожно-мускулниот систем е изграден од еднослоен трепчест епител кој ја покрива површината на телото и во кој се наоѓаат:
- жлездести клетки кои лачат слуз, со што се олеснува ползењето по подлогата; кај некои видови оваа слуз може да служи за прицврстување за подлогата или, пак, може да е отровен.
- клетки со рабдити кои се сметаат за посебен облик на жлездести клетки; инаку, рабдитите се посебни стапчести творби кои при надразнување на овие клетки се исфрлуваат во надворешната средина, каде во допир со водата создаваат заштитен слој од слуз околу животното.
Понатаму, кожно-мускулниот систем се состои и од базална мембрана која се наоѓа под епителот, а воедно е и негов производ; за неа се прицврстени мускулите, кои се одговорни за движењето и се распоредени во неколку слоеви со следниот редослед (одејќи од базалната мембрана кон внатрешноста на телото):
- кружни
- коси
- надолжни.
Покрај овие слоевито распоредени мускули, планариите поседуваат и дорзо-вентрални мускули кои се протегаат од грбната кон стомачната страна, притоа поминувајќи низ паренхимот.