Охридски пливачки маратон

Охридски пливачки маратон — меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Се одржува еднаш годишно во водите на Охридското Езеро во Македонија. Патеката „Климе Савин“ за препливување е долга 30 км — од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. Маратонот претставува дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Историја

уреди

Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954 г. Учествувале осмина пливачи, а победил Нико Нестор. Следните се одржани во 1956 и 1957 година, победници Дики Бојаџи и Ѓоко Чудов. Се натпреварувале и жени, а најдобри биле Снеже Групчева и Соња Думбалоска. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани - Струга - Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет, втор бил Вилјам де Вренг од Холандија, а трет Дики Бојаџи од Македонија. Во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија, инаку сестра на Дики Бојаџи. Маратонот продолжил да се одржува до 1966 г. (со исклучок на 1963 г. поради Скопскиот земјотрес), a од 1992 г. се одржува секоја година на патеката „Климе Савин“. Од 1998 г. натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА)[1]. Во 2008 г. маратонот е одбележан со голема прослава.

Натпреварувачот со најмногу победи кај мажите (11 од 20 учества[2]) е бугарскиот пливач Петар Стојчев[3], а кај жените 4-кратната победничка од кои 3 последователни победи - Едит ван Дајк од Холандија.

По традиција наградите на победниците им ги доделува претседателот на Република Македонија, кој воедно е и покровител на маратонот.

Табела на победниците

уреди
Година Победник Националност Време (h:m:s) Победничка Националност Време (h:m:s)
1962 Абу Хеиф   Египет Атина Бојаџи   Македонија
1964 Џулио Траваљо   Италија Јонкова   Бугарија
1965 Мохамед Ханафи   Египет Џудит Денис   Холандија
1966 Мохамед Ханафи   Египет
1985 Дарјуш Тесарек   Полска
1992 Павел Рамдисек   Словачка Теодора Раптис   Македонија
1993 Золтан Каде   Унгарија Рита Ковач   Унгарија
1994 Хулио Фернандес   Аргентина Наташа Томановиќ   Хрватска
1995 Хулио Фернандес   Аргентина Наташа Томановиќ   Хрватска
1996 Давид Мека Медина   Шпанија Рита Ковач   Унгарија
1997 Давид Мека Медина   Шпанија Ане Шењо   Франција
1998 Давид Мека Медина   Шпанија Пеги Буксе   Германија
1999 Алексеј Акатјев   Русија Пеги Буксе   Германија
2000 Игор Мајцен   Словенија 5:19:49 Едит Ван Дајк   Холандија
2001 Петар Стојчев   Бугарија Едит Ван Дајк   Холандија
2002 Петар Стојчев   Бугарија Едит Ван Дајк   Холандија
2003 Петар Стојчев   Бугарија Ангела Маурер   Германија
2004 Петар Стојчев   Бугарија Ангела Маурер   Германија
2005 Жил Ронди   Франција 5:23:58 Едит Ван Дајк   Холандија
2006 Петар Стојчев   Бугарија 5:36:19 Дарја Поп   Србија
2007 Петар Стојчев   Бугарија Естер Нуњес Гомес Морера   Шпанија
2008 Петар Стојчев   Бугарија 6:14:51 Штефи Билер   Германија
2009 Петар Стојчев   Бугарија 5:25:38 Камила Фредијани   Италија
2010 Петар Стојчев   Бугарија 5:37:39 Карла Ситиќ   Хрватска
2011 Петар Стојчев   Бугарија 5:35:13 Карла Ситиќ   Хрватска
2012 Петар Стојчев   Бугарија 5:19:30 Естер Њуњес Гомес Морера   Шпанија
2013 Аксел Ремон   Франција 5:09:54 Мартина Грималди   Италија
2014 Брајан Рикеман   Белгија 5:41:47 Силие Рибарова   Чешка
2015 Евгениј Поп Ацев   Македонија 5:39:42 Аличе Франко   Италија
2016 Томи Стефановски   Македонија 5:55:18 Олга Козудуб   Русија
2017 Александар Стуџински[4]   Германија 5:15:14 Барбара Поцопон   Италија
2018 Франческо Џетини   Италија 5:13:59 Барбара Поцопон   Италија
2019 Аксел Ремон[5]   Франција 5:20:55 Аличе Франко   Италија
2020 - Не се одржал заради пандемијата од коронавирус[6]
2021
2022 Матијас Дијаз[7]   Аргентина 5:50:29 Рита Ванеса Гарсија   Аргентина 7:57:50
2023 Алесио Окипинти[8]   Италија 4:53:14 Каролин Жуис   Франција 5:05:59

Наводи

уреди
  1. Охридски пливачки маратон[мртва врска], http://www.ohridsss.com.mk Архивирано на 20 мај 2013 г., 20.08.2012 г.
  2. Стојчев : “Сакам со победа да се простам од Охрид“, http://ohridnews.com, 20.08.2012 г.
  3. Петар Стојчев по единаесетти пат победник на Охридскиот пливачки маратон, http://24vesti.com.mk, 20.08.2012 г.
  4. Охридски маратон: Стуџински во фото-финишот побрз од Поп Ацев
  5. „Обновено+фото: Аксел Ремон победи на Охридскиот маратон, нашиот Поп Ацев прв на Светската табела“. ohridnews. 24.08.2019. Посетено на 24 септември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Федерацијата на Маленко го откажа годинешниот Охридски маратон!“. ohridnews. 30.07.2020. Посетено на 24 септември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Охридски пливачки маратон 2022“. Национална пливачка федерација. 10.09.2022. Посетено на 27 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Со нов рекорд Италијанецот, Окипинти победи на Охридскиот маратон“. sportplus. 26.08.2023. Посетено на 27 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди