Евгениј Поп Ацев (роден на 14 мај 1988) e македонски маратонски пливач. Поп Ацев е трикратен светски првак во маратонско пливање за 2015, 2017 и 2019 година.[1]

Евгениј Поп Ацев
Лични информации
Целосно имеЕвгениј Поп Ацев
НационалностМакедонија Македонија
Роден на14 мај 1988
Роден воМакедонија
Спорт
ЗемјаМакедонија Македонија
СпортПливање
Дисциплинидалечинско (маратонско) пливање

Животопис уреди

Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година и по професија е доктор по стоматологија.[2]

Спортска кариера уреди

Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, при што за еден бод заостанал зад победникот, Дамјан Блаум од Аргентина.[3][4]

Во сезоната 2014, повторно е второпласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, овој пат второто место го делел со другиот македонски маратонец, Томи Стефановски.[5]

Во февруари 2015 година, на првата трка од гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА, која се одржала на реката Парана (25 км) во Аргентина, Поп Ацев го освоил четвртото место, со време од 2:11:50, заостанувајќи зад третопласираниот за само една секунда.[6]

На 29 Охридски маратон (2015 година), Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон.[7]

Оваа сезона Поп Ацев ја заокружува со својот најголем и најголемиот успех на македонското маратонско пливање со освојување на првото место во гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА.[8]

Во сезоната 2016, со освојувањето на првото место на последната трка во Капри, Поп Ацев е третопласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА.[9]

Во 2019 година на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев го освоил второто место.[10]

 
Евгениј Поп Ацев

Во 2022 година на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев го освоил третото место[11]

Награди уреди

Наведените успеси го доведуваат Поп Ацев да биде прогласен за спортист на годината на Македонија за 2015 година.[12]

Добитник е на наградата „Личност на годината“ за 2015 година на дневниот весник Нова Македонија.[13]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Поп Ацев светски првак во маратонско пливање“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-13.
  2. „Интервју со Евгениј Поп Ацев доктор по стоматологија - најдобриот македонски пливачки маратонец“. Архивирано од изворникот на 2017-07-05. Посетено на 2015-09-13.
  3. „Стефановски: Со победа во Охрид светскиот врв е мој“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 23.
  4. 2013 Men's Overall Ranking[мртва врска]
  5. 2014 Men's Overall Ranking[мртва врска]
  6. „Поп Ацев за една секунда не се качи на подиумот во Аргентина“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.
  7. Поп Ацев победник на 29 Охридски маратон
  8. „Evgenij Pop Acev Is World Grand Prix Champion“. Архивирано од изворникот на 2017-10-09. Посетено на 2015-09-13.
  9. Поп Ацев победник во Капри, Стефановски ја дели шампионската титула
  10. „Обновено+фото: Аксел Ремон победи на Охридскиот маратон, нашиот Поп Ацев прв на Светската табела“. ohridnews. 24.08.2019. Посетено на 24 септември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Охридски пливачки маратон 2022“. Национална пливачка федерација. 10.09.2022. Посетено на 27 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. ПОП АЦЕВ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА[мртва врска]
  13. „Објавени добитниците на наградата Личност на годината на Нова Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-04-28. Посетено на 2016-02-06.