Алесио Окипинти (италијански: Alessio Occhipinti) (Рим, 26 март 1996) — италијански пливач.

Алесио Окипинти
Alessio Occhipinti
Лични податоци
НационалностИталијанска
Роден(а)26 март 1996(1996-03-26)(28 г.)
Спорт
ЗемјаИталија
СпортПливање во отворени води
Дисциплини25 km

Животопис

уреди

На младинско ниво, Окипинти освоил сребро на Младинското европско првенство во Дордрехт во 2014 година, во штафетата 4x200 метри слободно.

Тој го освоил сребрениот медал на ХХХ Универзијада што се одржала во Неапол, на 1500 метри слободно за мажи.[1] Неколку дена подоцна, освоил бронза во дисциплината 25 километри на отворено на Светското првенство во Квангџу, завршувајќи зад Французинот Аксел Ремон и Русинот Кирил Бељаев.

Тој заврши на третото место во машката трка на Капри-Неапол 2020 година (5-то место севкупно).

Во 2021 година, завршил на четвртото место на 25 километри за мажи на Европското првенство во Будимпешта 2020 година. Во септември истата година, победил на трката Капри-Неапол, пред актуелниот холандски шампион во машка конкуренција, Марсел Шутен.[2]

Во 2023 година победил на Охридскиот пливачки маратон со нов рекорд на патеката „Климе Савин“ од 4:53:14[3].

Наводи

уреди
  1. https://www.eurosport.com/geoblocking.shtml. Отсутно или празно |title= (help)
  2. „Nuoto: Fondo; azzurro Occhipinti vince Capri-Napoli - Sport“ (италијански). 2021-09-05.
  3. „Со нов рекорд Италијанецот, Окипинти победи на Охридскиот маратон“. sportplus. 26.08.2023. Посетено на 28 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди