Соња Думбалоска
(Поранешен) Професор во гимназијата ,,Св. Климент Охридски,,-Охрид.
(Поранешен) Професионален пливач на маратоните одржувани во Охрид.
Сона Думбалоска била победник на Маратоните организирани и одржани во 1956 и 1957 година.
Професор Соња Думбалоска исто така има и своја пливачка школа која што ја води. Часовите по пливање се одржуваат на градскиот базен во Охрид кој припаѓа на спортскиот центар „Билјанини Извори“.
Нејзината школа го добила името ,,Делфини,, , бидејќи базенот е познат како ,,Базенот на Атина Бојаџи,, , која како што знаеме доби свој филм кој и го раскажува животот.
Филмот се вика ,, Исправи се Делфина,, по што и клубот на проф.Думбалоска го добиле името ,,Делфини,,.
,, Професорката Соња Думбалоска, која е дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, е годинешен добитник на наградата „Климе Савин“.
Ова престижно спортско признание се доделува за постојана и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон.
Признанието на истакнатиот спортски работник Соња Думбалоска и го врачија претседателот на националната пливачка федерација Александар Маленко и делегатот на ФИНА Жан Пол Нарс, по завршувањето на церемонијата на доделување на медали на најуспешните на 33 издание на Охридскиот пливачки маратон.,, -Извор: https://www.ohridnews.com/priznanie-klime-savin-za-prof-so-a-dumbaloska/