Список на владетели на Саксонија

список на статии на Викимедија

Оваа статија ги наведува војводите, кнезовите избирачи и кралевите кои владееле со различни територии наречени Саксонија од почетокот на Саксонското Војводство во 6 век до крајот на германските монархии во 1918 година.

Монархија на Саксонија
Поранешна монархија
Кралски грб
Прв владетел Хадугато
Последен владетел Фридрих Август III (како Крал)
Звање Неговото Височество
Прогласил Наследно
Монархијата започнала 531
Монархијата завршила 13 ноември 1918
Сегашни претенденти Спорно: Даниел Маркграв од Мајсен или Александар Принц од Саксонија

Кралеви на Саксонија 1806–1918

уреди

Светото Римско Царство се распаднало во 1806 година по поразот од Наполеон. Изборниот кнез на Саксонија, сојузник на Наполеон I, по распадот на Царството станал владетел на независното Кралство Саксонија во 1806 година.

Слика Име Владеење Посед Сопружник Забелешки
  Фридрих Август I

Friedrich August I (1750–1827)

20 декември 1806 – 5 мај 1827 Кралство Саксонија Амалија од Цвајбрикен-Биркенфелд

4 деца

Во 1806 година станал крал на новото Кралство Саксонија. Исто така бил војводата од Варшава од 1807 до 1813 година. Не оставил машки потомци. Него го наследил неговиот брат.
  Антон

Anton (1755–1836)

5 мај 1827 – 6 јуни 1836 Кралство Саксонија Марија Каролина од Савоја

без деца Марија Тереза од Австрија 4 деца

Не оставил машки потомци. Него го наследил неговиот внук.
  Фридрих Август II

Friedrich August II (1797–1854)

6 јуни 1836 – 9 август 1854 Кралство Саксонија Мери Каролина од Австрија

без деца Марија Ана од Баварија без деца

Син на принцот Максимилијан од Саксонија. Не оставил потомци. Него го наследил неговиот брат.
  Јован

Johann (1801–1873)

9 август 1854 – 29 октомври 1873 Кралство Саксонија Амалија Августа од Баварија

9 деца

Станал подреден владетел во Германската Империја по обединувањето на Германија во 1871 година.
  Алберт

Albert (1828–1902)

29 октомври 1873 – 19 јуни 1902 Кралство Саксонија Карола од Васа

без деца

Син на Јован. Не оставил потомци. Него го наследил неговиот брат.
  Георг

Georg (1832–1904)

19 јуни 1902 – 15 октомври 1904 Кралство Саксонија Инфанта Марија Ана од Португалија

8 деца

Син на Јован. Брат на Алберт.
  Фридрих Август III

Friedrich August III (1865–1932)

15 октомври 1904 – 13 ноември 1918 Кралство Саксонија Надвојвотка Луиз од Австрија

7 деца

Последниот крал на Саксонија. Абдициран доброволно за време на Ноемвриската револуција од 1918-19 г.