Османлиско-српска војна (1876-1878)

Српско-турската војна од 1876-1878 довела до ослободување на Србија од вазалниот статус од Османлиското Царство и нејзино проширување со градовите Ниш и Врање. Оваа војна претставува дел од Руско-турската војна.

Српско-турска војна (1876-1878)
Датум 30 јуни 1876 — 15 јануари1877
Место Србија
Исход османлиска победа во првата фаза (1876–77)
српска победа во втората фаза (1877–78)
Завојувани страни
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Абдулкрим Надир Паша
Осман Нури Паша
Сила
100,000 139,000
Жртви и загуби
2,000 3,000

Заднина

уреди

Во 1876 година Србија претрпела пораз во војната против Османлиите. По започнувањето на Руско-турската војна во денешна Бугарија, Србија не се вклучила веднаш бидејќи била материјално исцрпена и поради австриските дејства во Босна. Во април 1877 година Александар II го предупредил на кнезот Милан да не презема предвремени дејстија против Османлиите. Но кога стигнал првичниот неуспех на руските сили кај Плевен и Стара Загора (јули 1877), Русите ги повикале српските сили. Владата на Јован Ристиќ започнала да го одолговлекува процесот поради недостиг од финансии и поради страв од можно руско повлекување и турска инвазија врз српските земји. Но по големиот притисок, Србија во војната се вклучила во ноември 1877 година.

По крајот од конвенцијата во Будимпешта, Русија се обврзала кон Австроунгарија да не презема операции кон денешна Босна и Херцеговина, Србија била предупредена да не испраќа свои сили во Босна. Така кога Србија се вклучила во конфликтот своите сили (46 000 од вкупно 90 000 војници и 128 од вкупно 198 топови) ги насочила кон Видин, Ниш и Софија. Русите биле фокусирани за заштита на линијата Софија - Едрене - Цариград а Османлиите се стремиле да ги изолираат српските сили преку одбрана на Ниш.

Воени дејствија

уреди
 
Ослободување на Врање

На чело со околу 13,000 војници српските сили ги зазеле во декември градовите Бела Паланка и Пирот. Градот Ниш паднал кон крајот на декември а во јануари биле заземени и Куршумлија. На 22 јануари воените конфликти биле прекратени кога во Едрене било потпишано примирје.

По војната

уреди

По крајот на војната, српскиот премиер Ристиќ побарал да му бидат дадени Косово, Нови Пазар, Видин и голем дел од Македонија (Скопје, Велес, Штип и Дебар). Овие намери биле во спротивност од руските кои сакале создавање на голема бугарска држава на Балканот. По договорот од Сан Стефано, Србија ги задржила териториите околу Ниш, а како компензација за Пирот и Врање кои биле доделени на Бугарија ги добила териториите до Нови пазар и Митровица. Со помош на Австроунгарија Владата на Ристиќ издејствувала промена во овие услови. Берлинскиот конгрес ја потврдила независноста на Србија градовите Пирот и Врање биле вклучени кон Србија.

Македонци како доброволци во војната

уреди

Во Српско-турската војна учестувале над стотина макеоднски доброволци, кои во борбата покажале голема храброст и хероизам за што биле и одликувани со одрени и медали. Меѓу нив се споменуваат: Константин Везенков и Коста Ѓуша од Крушево, Ѓорѓија Пулевски од Галичник, Ангеле Танаскоски од Цер, Диме Чакре од Прилеп, Мицко Павлески од Латово, Спиро и Илија Јованоски познат и како Илија Делија од Мало Илино, Ташко Чавка и Велко Паша од Кривогаштани, Димитрија Димоски и Ристо Царовски од Бучин, Димитрија Маркоски и Тасе Колароски од Свето Митрани, како и голем број други доброволци кои биле од Кичевско, Охридско, Битолско, Дебарско, Струшко и други места од Западна Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. Боге Петрески, Дуко Тасев (1858 - 1943) – кичевски војвода, Кичево,2000, стр.25