Црква „Св. Наум“ - Орман

црква во селото Орман, Охридско

Свети Наум Охридскимакедонски православен храм во Охридското село Орман.[1] Таа е еднокорабна, градена од кршен камен со полукружна апсида на источната страна.

Свети Наум Охридски
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Осма охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°08′23.6″N 20°46′56.7″E / 41.139889° СГШ; 20.782417° ИГД / 41.139889; 20.782417
Место Орман
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Наум Охридски
Осветување 50ти години на 20 век
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа над селото, односно на ридот Чекоштина и е од поново време, однисно од 50тите години на XX век. Изградена од самите селани на некогашниот имот на манастирот Св. Наум. Орманци во минатото верувале дека духот на Св. Наум е присутен на овој простор и рано наутро кога одле на орање забелжувале како се издига сноп светлина и патува над езерото кон Св. Наум. Патронот на црквата се прославува на 3 јули секоја година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди