Маалски Рид (Орман)
„Маалски Рид“
| |
Местоположба | 41°8′24″N 20°47′3″E / 41.14000° СГШ; 20.78417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Орман |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Маалски Рид — археолошко наоѓалиште во охридското село Орман. Претставува населба и некропола од римското време. Се наоѓа на околу 300 м југоисточно од селото, на повисок рид што се издига над Косечка Река. Ридот се протега во правец североисток-југозапад, во должина од 300-400 м. По површината на горниот дел се среќаваат голем број на делови од покривни ќерамиди и грамади од градежен материјал. Во нивата на еден жител биле откриени темели од градба ѕидана од кршен камен, тули и варов малтер. Во 1938 година биле откопани четири гроба ѕидани од тули и варов малтер, а еден со мермерни плочи. Во нив биле најдени прстени, бронзени белезици, стаклени балсамарии, керамички садови, златен накит и друго, кои подоцна биле продадени на разни собирачи и установи.[1]
Поврзано
уреди- Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од 4 век пред нашата ера;[2]
- Орман — населба од младото камено време и некропола од римското време;
- Чекоштина — некропола од доцноантичкото време;
- Орман;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 254. ISBN 9989649286.
- ↑ ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД ГРАШНИЦА БАРААТ ДА СЕ ИЗРАБОТИ АРХЕОЛОШКО СОНДАЖНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА МАУЦКЕР