Црква „Св. Никола“ - Ореовец
Св. Архангел Михаил — манастирска црква во поречкото село Ореовец, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Никола
| |
Богородица Патеводителка во црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Русјачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°29′33″N 21°7′50″E / 41.49250° СГШ; 21.13056° ИГД |
Место | Ореовец |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1595 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | поствизантиски |
Црквата е сместена меѓу Долни и Горни Ореовец. Изградена е во поствизантиски стил. Во неа стои натпис кој вели дека е живописана во 1595 г. за време на султанот Мехмед III и изгледа оваа година воедно се однесува и на нејзината изградба или обнова.[2][3] Градбата претставува еднокорабен храм.[4] Меѓу фреските се забележува портретот на Свети Климент Охридски. На зачуваниот иконостас од крајоѕ на XVI век е поставен голем резбан крст со Распетието. Над вратата на манастирскиот храм е зачуван уште еден натпис со годината 1602.[5][6] Живописот е со висока уметничка вредност и близок на остварувањата на тајфата на мајсторот Никола Линотопски од Линотопската школа кој ја има работено црквата „Св. Димитриј“ во Палатица, Берско во 1570 г.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Машниќ, М., Манастирот Ореоец, Скопје 2007, 57.
- ↑ Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура - Прилеп, Инсититут за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 74. Посетено на 7 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1332. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура - Прилеп, Инсититут за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 75. Посетено на 7 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 137.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Ореовец на Ризницата ?