Црква „Св. Димитриј“ - Одри

Свети Димитриј — македонска православна црква во тетовското село Одри.[1] Се наоѓа лево од Одранска Река, веднаш над селото, во самиот двор на црквата „Св. Никола“. Во минатото на тоа место постоела црква посветена на св. Димитриј, која била разрушена. Селаните во 1883 година ја изѕидале денешната која ја посветила на Св. Никола, а во дворот останал бигорен камен кој бил посетуван за Митровден.[2] На 26 август 2010 година повторно жителите на селото и иселениците удриле камен тмелник на новиот возобновен храм посветен на Свети Димитриј.[3] Се смета дека првобитната црква била изградена во 14 век.[4]

Свети Димитриј
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Вратничка
Местоположба

Карта

Координати 42°7′39″N 21°5′15″E / 42.12750° СГШ; 21.08750° ИГД / 42.12750; 21.08750
Место Одри
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 26 август 2010
Ктитор селаните на Одри
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  3. 26.08.2010 - Поставен осветен камен темелник за возобновување на параклис на Свети Димитрија во црквата Свети Никола во тетовското село Одри . Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-10-22.
  4. СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – АФИРМАТОР НА МАКЕДОНИЈА

Поврзано

уреди