Нов Чифлик (Костурско)
Нов Чифлик (грчки: Χλόη, Хлои, до 1963 Νέο Τσιφλίκι, Нео Цифлики)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Нов Чифлик Χλόη | |
---|---|
![]() | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°32′N 21°15′E / 40.533° N; 21.250° EКоординати: 40°32′N 21°15′E / 40.533° N; 21.250° E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Надм. вис. | 630 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 819 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 4 километри северно од градот Костур (Касторија) на брегот од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта. Селото се наоѓа на надморска височина од 630 метри.
ИсторијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Нов Чифлик имало 45 жители Македонци[3] Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба.
ДемографијаУреди
Во следните пописи, селото не се споменува, но по крајот на Грчката граѓанска војна, било евидентирано дека во селото живеат 100 лица. Во 1963 година името на селото било променето во Хлои.
На пописот од 1961 година, во селото живееле 100 жители, во 1971 година имало 106 жители, во 1981 година имало 259 жители, додека во 1991 година имало 356 жители[5]. Денеска, населението на селото е 819 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | / | / | 100 | 106 | 259 | 356 | 819 | / |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Χλόη
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ Folketeljing 2011, revidert