Ново Село (Серско)
Ново Село или Нихор (грчки: Νεοχώρι, Неохори)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Ново Село Νεοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°3′N 23°34′E / 41.050° СГШ; 23.567° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Струма |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 604 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 92 жители цигани[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 цигани[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 цигани[4][6].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител[7].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Нектариј“ од 1972 г.
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Νεοχώρι
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди- [1] Архивирано на 23 јули 2017 г.