Никодински манастир
Никодински манастир — манастир во областа Раец, во средишниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на планината Бабума, меѓу врвовите Јасенова Глава и Ножот, на околу 3 км југоисточно од истоименото село Никодин.[1]
Дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Никодински манастир |
Други имиња | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Рождество на Пресвета Богородица |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Троица“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Никодин, Општина Прилеп Македонија |
Координати | 41°26′16″N 21°44′33″E / 41.43778° СГШ; 21.74250° ИГД |
Видливи остатоци | две цркви, конак, помошна зграда |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Плетварско-беловодичка парохија) |
Историја
уредиМанастирот е изграден околу старата црква „Св. Троица“, која е првиот главен манастирски храм. Се претпоставува дека на местото на кое денес се наоѓа манастирот во време на отоманска власт постоел манастир кој бил метох на манастирот Трескавец. Според легендата, манастирот бил срушен од страна на отоманските власти, а седумте монаси биле заклани и оттаму околната месност го добила името „Калуѓере“.[1]
Манастирот подоцна бил обновен, но манастирската црква била мала, така што месните верници одлучиле да ја прошират старата манастирска црква. Во периодот од 1977-1981 година, манастирската црква била проширена и биле изградени и две придружни згради со помош на доброволни прилози од верниците. Манастирот за првпат бил осветен на 21 септември 1981 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[1]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак и помошна зграда. Во изградба е и камбанарија.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 25 ноември 1987 година, а истата била осветена на 17 октомври 2010 година.[1] Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источниот ѕид.
Црква „Св. Троица“
уредиЦрквата била главен храм на првобитниот манастир.[2] Таа има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид.
Галерија
уреди-
Влезната порта на манастирот
-
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“
-
Црквата „Св. Троица“
-
Манастирски конак
-
Придружен објект
-
Камбанарија во изградба
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин“. OldPrilep. 28 февруари 2017.
- ↑ „Црква „Света Троица“, село Никодин“. OldPrilep. 17 април 2017.
Надворешни врски
уреди- Никодински манастир на Ризницата ?