Ванде Велјаноски ( 1913 во Никодин, Прилепско1942 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По занимање бил работник. Кон револуционерното движење пристапил пред војната. По окупацијата продолжил сесрдно да работи за Народноослободителната борба. Меѓутоа бугарските фашисти успеале да го фатат на илегална работа. Потоа го одвеле во Скопје и таму бил обесен од полицијата.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.