Црква „Св. Троица“ - Никодин

црква во Никодинскиот манастир

Света Троицацрква што се наоѓа во Никодинскиот манастир. Таа е старата манастирска црква околу која подоцна бил изграден новиот манастир.[1]

Света Троица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°26′17.6″N 21°44′34.1″E / 41.438222° СГШ; 21.742806° ИГД / 41.438222; 21.742806
Место Никодин
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата постоела уште пред уривањето на манастирот од отоманските власти. Со возобновувањето на манастирот, познато е дека црквата била проширена.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Таа е поделена на два дела, од кои првиот е незначително потесен и во него се наоѓа влезниот простор, додека во вториот е главниот молитвен простор. Влезот е сместен на западната страна и над него има икона на која е претставена Богородица со Исус. Во црквата има три престоли, од кои средишниот е псоветен на Светото Тројство, а останатите два на Рождеството на Пресвета Богородица и Теодор Тирон.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди